Јас сум иселен веќе. Се иселив од заради кариерен раст и подобра иднина воглавно. Иначе во Македонија преку работата прошетав секаде, бев на сите континенти (освен Антартик), сретнав странци, различни култури, религии и обичаи. Праев муабет со обични луѓе, работници, инжинери, па и менаџери. Секаде каде бев добро пречекан и од сите луѓе што ги сретнав никој немаше кажано ништо лошо кажано за нивните, безразлика колку отепани како народ да беа.
Овде гледам , а општо по фејзбук/твитер ги напрајвте странциве ко да се сите ајнштајн и на кафе прават муабет за квантна физика, а Македонците да сме сељаци од пештера излезени.

Е овие несакам ни да сретнам бе на улица, а не пак да им помогнам за нешто. Биле до најтуристичките места во државите па одма знаат каков е народот таму. Франција не е саде Париз, Италија не е саде Рим, Германија не е саде Минхен/Берлин, а ниту УК е Лондон , а патем овие градови се изградени врз база на богатства од колонијални земји, по пат на војна или трговија со робови. Просечен французин, германец или британец има малку придонесено за развој на Системот во државата или нејзиното богатство.
Иначе јас ја одбрав Холандија за земја за иселување сеа за засеа заради тоа што:
-се зборува на англиски без проблем. На работа ни е официјален јазик тој, дури и меѓусебно Холанѓани мораат да зборуваат на англиски
-Има убав однос меѓу плата и рата за хипотека. Сакам да инвестирам во куќа на периферијата од еден голем град. 3спратна со 130 кв (4 спални) со 130кв двор е 250к. Тоа се околу 800 евра месецот (за 30 години) што во споредба со киријата што ја плаќам 1300е е 40% поевтино.
-Холанѓаните се најокеј луѓе за дружба од западњациве, а си го имаат и тие табиетот во сабота да се нацртаат цел ден на кафе и на лафмуабет. Во недела се работи од продавници до пивници.
-Балканци и балкански ресторани има на секој чекор за да си го вратам вкусот на Македонија и балканот пошо Холанѓаниве ме отруја со пржени компири и мајонез.
-Евтини авио карти до Македонија. 45 евра повратна ми е до Мк и тоа 90 мин лет
-Трава

-Совршен јавен превоз
-Мала земја, густо населена. И да решиш да менуваш работа можеш слободно да бираш во кој град сакаш и немора да се преселуваш. Амстердам, Хаг, Ротерам и Ултрехт меѓу овие градови е 30-45 мин со воз, кој го има на секои 30 мин, а со кола уште помалку.
-За деца ако имаш и ако двајцата родители се вработени државата плаѓа 90% од градинката и забавиште иит инт
Е сеа лошите работи
-Кола е скапо да имаш. Една просечна кола треба да даваш месецот 300 евра на осигурувања, башка бензин, башка лизинг ако земиш ткаа да месецот 700 евра за просечна кола.
-Не се знае дали ќе постои и што ќе се случи по 20 години заради порастот на морето. Веќе Холанѓаниве почнаа да се отселуваат од најкритичните делови - Околу Гронинген - таму почвата тоне 5 мм годишно и сите се населуваат околу Еинховен што му е нај безбеден од поплави.
-Многу нефункционална администрација. Некогаш се чудам дали е можно да има некој по некадарен од нашиве во Мк, а некогаш Холанѓаниве ме убедуваат дека се. Уште работат на писма за официјални одлуки и слично. Термини за во општина дури за 1~2 месеци унапред закажување. Имиграционото губи лични податоци. Несинхронизиран систем меѓу општина, емиграционо и пошта. итн итн
Тоа е накратко. Реално и во Мк ми беше убо нема да лажам, а посебно заради родителите и другарите и сите спомени во што ги имав. Плата како инжинер за роботика- добра за Мк, а заедно со женсками имавме премногу пари повеќе од некои што имаа годишно. Во Македонија парите ми дојдоа како круна на мојата посветеност во работата и цело време мислев дека можев подобро и туркав напред во кариерата, па Мк ми стана премала и решив да видам до кај можам да стасам. Денес сум во Сениор инжинер во компанијата што ги направи телескопите кои ја снимија црната дупка - имам и мал придонес во тоа.