Не пропушташ прилика да кажеш колку пари си дал за новата кола, аман, има луѓе што дале по 50 000 па не си ја трескаат главата од тастатура за на форум да надокнадат за недостатокот од пенилно ткиво што пробуваат да го надокнадат со 16000 евра што ги дале за нова кола што личи на изделкан руски тенк и троши како истиот. Нема тема да не спомнеш за колата, дај олабави.
Имаше едно време едно девојче нејзините што купија нова кола, па истово го правеше на сите теми, чак шта више мислам и дека исто Mitsubishi имаше, побарај низ форумов, најди ја, напрајте си муабет колку ви се прекрасни колите.
Троши 9, ама ако шалташ во 4та на 30 како што пиша и Џиш и ако исфрлаш во лер 200 метра пред семафор. Мене така дизелот и по 3 ми троши кога го вози татко ми. Нов е, чисто да си кажам да не ме нападнеш дека возам канта.
Не знам што е, ама еве го пак...
Јас откако земав дизел за истата километража давам речиси дупло помалку пари за гориво. Со 1300-400 денари отидов и се вратив од Берово, а со 1500 до Софија и тоа без штедење, возев нормално, не да се гуши колата од ниски вртежи. Малку е потрома на тргање од бензинецот, но веќе над 2000 вртежи влече супер. Моторот минимално се слуша кога работи, оној "там камион" момент го нема воопшто. Никогаш не би се вратила пак на бензинец.
+ за "пенилно ткиво"

Sent from my ST21i using Tapatalk 2