Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.414
- Поени од реакции
- 6.130
Обично седам на час ретко бегам, а кога бегам, го правам тоа со причина само за мене позната.
Дури и да не испрашуваат ако не ми се седи си одам и тоа цврсто решена. Најчесто бегаме од физичка хемија, порано бегавме од технолошки операции и кога ќе се договориме цел клас масовно ја напушта училницата.
Во трета година бегавме повеќе отколку што седевме на час на одредени предмети, немаше предмет од кој не си имаме отидено барем еднаш освен македонски.
Сега последно бегање беше пак од физичка хемија, бевме преместени во друга училница зашто ладно беше и цел ден го поминавме таму, и токму оваа доаѓа на час а ние сите со ранците на нас и сфати жената дека ќе и` бегаме, ама ја излажавме демек ќе се враќаме кај нас во училницата горе и се упати таа таму. За тоа време цел клас магла.
И после ни ги намали оценките за една подолу, со тоа автоматски 90% од учениците имаа единици, а останатите двојки и по некоја тројка.