Бебиња и се за нив, грижа, играчки, поплаки, совети итн...

  • Креатор на темата Креатор на темата gt80
  • Време на започнување Време на започнување
Кај бебињата на главчето има две меки места кои се викаат фонтанели. Потстрижувањето на косичката треба да биде внимателно да не се повредат со ножичките и чешелот.
http://majkaidete.mk/sodrzini_detail.asp?ID=117&gID=3
 
Предната фонтанела е поголема и се наоѓа напред на главата. Таа се затвора помеѓу деветтиот месец и втората година од животот, а во најголем број случаи помеѓу 12 и 14 месец од животот.

Баш и затоа сакав да прашам премногу му е мека главата и не може сам да си ја држи.. Не за џабе е кажано да не се шишаат до една година.
 
Моево па не сака ни секунда да е голо. Мислам дека за ништо друго не плаче, освен кога го пресоблекуваме!

Инаку, и ние пробавме се против грчевите: од топли пелени, трици зашиени во пелена и загреани, лежење на стомаче, подигнување на нозете кон стомачето, благи масажи на стомачето, еспумисан капки... и нема фајде од ништо! Конечно, денес мислам дека му олесни малку со Бекутан чајчето од анасон. Се надевам дека ќе има ефект и понатаму, зошто многу е тешко да го гледаш како целото се згрчува, наеднаш се буди од сон и не може да заспие, а никако не можеш да му помогнеш.

Пробајте го чајот Humana коморача, ким и анасон (тој е за појаки грчеви, а Humana коморача и ким за помали). Од капките, некои се на база на simeticone (Epsumisan, Infacol), некои на база на лактаза ензим (Colief), а постојат и Infacalm капки на база на simeticone и Saccharomyces boulardii (пробиотик), ама не знам каде ги има.
Колку месеци има? :)
 
Последно уредено:
На нас помогнаа и за два дена се беше средено. Не може да ги снема сами од себе, сигурно е имало некаков ефект од капките. Масирање и спиење на мешето.
И сега ги гледам двајцата продолжија да спијат во таа положба и нозете им се собрани, па и ставам перница под мешето. :icon_mrgr:
Додека му ги дававме капките убаво се сеќавам немаше некое подобрување имаше периодично грчеви како и пред тоа. Откако престанавме значи некаде недела-две грчевите му се изгубија.
 
Пробајте го чајот Humana коморача, ким и анасон (тој е за појаки грчеви, а Humana коморача и ким за помали). Од капките, некои се на база на simeticone (Epsumisan, Infacol), некои на база на лактаза ензим (Colief), а постојат и Infacalm капки на база на simeticone и Saccharomyces boulardii (пробиотик), ама не знам каде ги има.
Колку месеци има? :)
Во понеделникот наполни 2 месеци. Му дававме Бекутан чајче од анасон, а од пред некој ден почнавме со Бекутан чајче од анасон, камилица и маточина. И двете понекогаш имаат ефект, друг пат пак не ги бива и бебето се корне од плачење. Од капките исклучиво до сега му дававме само Еспумисан (на база на симетикон), зошто педијатарот тие ни ги препорача. Исто како и со чајчето - некогаш има ефект, друг пат нема. Колиеф не сме пробале затоа што многу комплицирано ни делува упатството за нивна употреба - ако не се лажам, се даваат пред секој подој, по три капки растворени во одредена количина мајчино млеко. Значи жена ми треба пред секој подој да се измолзува по малку, да му даде прво капки, па после да го дои, а како што е она сама дома најчесто, нема шанси да успее да го прави тоа пред секој подој - малиот ќе го дигне плафонот во воздух додека ја чека. За пробиотиците сум скептик и не сум многу сигурен дека се безбедни за употреба кај толку мали бебиња, затоа не сме му купиле. Пробавме и со перниче со трици на мешето (затоплено со пегла), пробавме и со топла пелена, и со термофорче, и реков - сето тоа понекогаш успева да го смири, но сруг пат речиси и како да нема ефект.

Ама ајде, веќе се навикнавме на грчевите, еве скоро два месеца ни се речиси секојдневие, а се надевам за брзо ќе исчезнат сосема. ;)

P.S. Смеам да прашам: од каде толку знаења во оваа насока? Образование или искуство (мака)?
 
ОК, за грчевите апсолвиравме, да отвориме нова тема за дискусија:

Што мислите за употребата на влажни марамици кај бебињата? Во Универзитетска клиника за гинекологија (кај што се породи сопругата) акушерките ги користеа, а и педијатарот од таму со кој имавме предавање пред да се породи жена ми, ги препорачуваше. Сепак, ние сметавме дека е подобро да го пребришуваме бебето со чист памук потопен во млака вода, па до сега не сме употребиле ни едно влажно марамче. Арно ама - за памукот одат многу повеќе пари отколку за марамчињата, па добро би ми дошле мислења од вас за ова прашање: какви искуства имате вие?
 
Jas site tri gi brisev so vlazni maramici na bekutan I ne sum imala maka, vo slucai koga mozev gi odmivav so mlaka voda toa e najbezbedno no ne sekogas si vo moznost, taka da maramicite ti se ok solucija, baraj sensitive bez mirisi I alkohol.
 
Вие што имате малку поголеми деца дали им давате гумени бонбони?
 
Во последно време многу алергии почнаа бебињава да прават реакции на влажните марамици. Мислам дека секое трето дете доаѓа со црвенило на газето некогаш до степен да му отпаѓа и кожа. Не викам дека е сто посто од нив може и од пелените да е, ама во секој случај се препорачува избегнување на влажните марамици, почесто миење, се разбира кога сте во можност :)
 
Вие што имате малку поголеми деца дали им давате гумени бонбони?

Retko, gledam da ne gi kupuvam osobeno ovde sto se prodaavat vo edna kofa za 2 dolari.. a I pa vo stakleno zvono nemozes da gi chuvas, sto poretko toa podobro.
 
Во последно време многу алергии почнаа бебињава да прават реакции на влажните марамици. Мислам дека секое трето дете доаѓа со црвенило на газето некогаш до степен да му отпаѓа и кожа. Не викам дека е сто посто од нив може и од пелените да е, ама во секој случај се препорачува избегнување на влажните марамици, почесто миење, се разбира кога сте во можност :)
Ние не користиме воопшто влажни марамици, ама не му го одмиваме ни газето воопшто (освен при секојдневното бањање). При менување пелена го пребришуваме со памук натопен во млака вода, а потоа со сува крпа, и да не го подречам, до сега ни една црвена точка му се нема појавено. Ама... како што реков - ваквиот начин е доста поскап, затоа не знам дали да се обидеме со влажни марамици.
 
Обидете се, со Папмперс Сензитив, немаат парабени како другите и немаат парфем.

Pampers-Sensitive-Wipes.jpg
 
Обидете се, со Папмперс Сензитив, немаат парабени како другите и немаат парфем.

Pampers-Sensitive-Wipes.jpg
Исто и памперс сензитив пелените, најдобра опција сега за сега на пазаров во МК
 
Исто и памперс сензитив пелените, најдобра опција сега за сега на пазаров во МК
Да, ама прескапи се! Му доаѓа по над 16 денари пелена. Што е многу, многу е. Ние сме на Бекутан - и задоволни до сега.
 
Да, ама прескапи се! Му доаѓа по над 16 денари пелена. Што е многу, многу е. Ние сме на Бекутан - и задоволни до сега.
Скапо е на денешно време бебе да гледаш :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom