Моево па не сака ни секунда да е голо. Мислам дека за ништо друго не плаче, освен кога го пресоблекуваме!
Инаку, и ние пробавме се против грчевите: од топли пелени, трици зашиени во пелена и загреани, лежење на стомаче, подигнување на нозете кон стомачето, благи масажи на стомачето, еспумисан капки... и нема фајде од ништо! Конечно, денес мислам дека му олесни малку со Бекутан чајчето од анасон. Се надевам дека ќе има ефект и понатаму, зошто многу е тешко да го гледаш како целото се згрчува, наеднаш се буди од сон и не може да заспие, а никако не можеш да му помогнеш.