Документарецов го гледав пред 3 години на ХРТ. Хрватите многу убаво го имаа погодено терминот--->недела попладне. Таман да легнеш пред телевизорот, да не мислиш за утре и да го прошеташ светот без визи и патни трошоци, да ги видиш сите природни убавини во него и нормално да научиш нешто ново. Одлично составен текст, преубава визуелност и музика која одлично се вклопува во целата атмосфера изведена од страна на оркестарот на BBC кој е еден од најпрестижнити оркестри поседувани од национални радиотелевизиски куќи. Најубавиот документарен серијал за природа кој сум го гледал.