BBC Planet earth

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
17.232
Поени од реакции
9.177
Возраст
35
PlanetEarthDVD-GHK-Ecoconscious-fb-81944825.jpg

Ова е најскапата документарна серија што ја слави природната убавина и дивиот свет на земјата. На три различни краеви на светот, екипата на планетата Земја ќе ве однесе за 30 минути и ќе ви прикаже сцени од кои ќе ви застане здивот. Дишете.

BBC PLANET EART
 
Ги имам сите на ДВД :vozbud: Само првата епизода ми е гледана.
 
Изгледа како доста високобуџетен документарец, браво за BBC, ова мора да се погледне.
 
Документарецов го гледав пред 3 години на ХРТ. Хрватите многу убаво го имаа погодено терминот--->недела попладне. Таман да легнеш пред телевизорот, да не мислиш за утре и да го прошеташ светот без визи и патни трошоци, да ги видиш сите природни убавини во него и нормално да научиш нешто ново. Одлично составен текст, преубава визуелност и музика која одлично се вклопува во целата атмосфера изведена од страна на оркестарот на BBC кој е еден од најпрестижнити оркестри поседувани од национални радиотелевизиски куќи. Најубавиот документарен серијал за природа кој сум го гледал.
 
Легендарен документарец, Дејвид Атенбороу РОКС! :vozbud: . Ги имам сите епизоди на блу-реј во ХД издание. Сега планирам да го купам новиот серијал кој се вика Life.
 
Оваа серија, и the universe ми се во ТОП 5.
 
Насловот треба да се смени.Треба Planet Earth да седи а не Planet eart.
епа ајде смените го неможам јас

Легендарен документарец, Дејвид Атенбороу РОКС! :vozbud: . Ги имам сите епизоди на блу-реј во ХД издание. Сега планирам да го купам новиот серијал кој се вика Life.
од кај ги имаш симнато во HD ? пиши ми на ПП линковите ако ги најдеш
 
Еве едно видео кое јас го направив и кое содржи инсерти од серијата. Нешто како трејлер, ама со моја музика. Уживајте:

 
Еве едно видео кое јас го направив и кое содржи инсерти од серијата. Нешто како трејлер, ама со моја музика. Уживајте:

многу добро изработено музиката погодена
 
Излезено е продолжение Planet Earth II кој е доста поинтересен. Засега две епизоди ги има на торенти и онлајн за гледање колку што видов.

Доста јаки моменти се фатени со животниве.

Музиката е ФЕНОМЕНАЛНА. Еве го целиот сонудтрак во едно видео
 
Последно уредено:
Продолжениево е ненормално добро. Planet Earth беше предобро, а Planet Earth 2 е нешто повеќе. И поучно и интересно. Една епизода гледав само, овие другиве маратонски ќе ги изгледам, ова не смее да се гледа со паузи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom