Добро, нареден пат треба Мурињо, а и другиве тренери, да ги фалат судииве и федерацијава. За да тие на натпреварите судат праведно и ферски. Во спротивно, ќе се случуваат работи како на мечот денес.
Не дека на судиите им е работа и должност да ја делат правдата, да не бидат тенденциозни и заземаат страна. Но добро, двојни аршини секако дека не постојат. Челзи и Мурињо самите се виктимизираат.
Овие кои мислат дека Ливерпул е причината за отказот на Мурињо ми се посмешни и од судењето на Клатенбург.
Честито победа до Ливерпулци, си зедоа три бода на тешко(веќе станува прелесно) гостување. Другото не е важно.
Не треба да ги фалат, ама не треба ниту секој ебан пораз да им се префрла вината на судиите и да се праваат
виктими 
жртви.
Истите судии со мали исклучоци беа и лани, но тогаш ретко кога беа проблем и трн во око.
Во буквално секоја утакмица има ситуации слични како оваа, за конкретнава утакмица Клатенбург имаше грешки, но не беше наклонет кон Ливерпул.
Втор жолт за Лукас можеше, но најверојатно компензираше од причина што првиот картон можеше да се прогледа низ прсти.
Од друга страна пак Коста не доби чист црвен и суспензија од неколку мечеви и со мирна душа можеше да свирни и пенал за Ливерпул кога Тери со дел од надлактицата ја стопираше нафрлената топка.
Не верувам дека некој мисли оти поразот од Ливерпул е причина за оставка на Жозе, туку само потврда за шут карта со оглед дека Абрамовиќ не е човек што е многу трпелив.