Не дека не го почитувам, ама Венгер е голема плачипичка. Вечито Арсенал кога губи има изговор. И не ми е јасно како може да се буни ако некој тим играл бункер против нив (не се сеќавам против кого беше ама пред 2-3 сезони ова го имаше изјавено).
Само едно да ти кажам, Венгер многу ретко кога губи дава изјави дека изгубиле оти ветрот дувал, или врнело дожд. Секогаш за поразите, го вели тоа што треба, слабо во дефанзива, неискористени шанси или што и да е причината за поразот. Секогаш вината ја превзима на себе, како главен виновник, а потоа и лошиот целокупен тимски перформанс.
Она што го вади од такт, и смета дека во Англија, технички подготвените тимови, тимовите кои играат по земја, со кратки додавања не се заштитени доволно од судијата. Најчесто ваквите изјави се вадени од контекст, па затоа фановите кои не му ги следат прес-конференциите здобиваат погрешна слика(како тебе). За случаевите кога се оштетени од судиите, нормално ќе се пожали, а сме и те како сведоци на големи оштетувања.
5 години активно му ги следам прес-конференции,уште толку со не таков интензитет, класичното плачење и кривец за пораз-ветрот, дождот, сонцето не можеш да го бараш во изјавите на Венгер.