Дај пример кажи ми според тебе за флексибилен тренер, очигледно различни сфаќања имаме.
Стил на еден тренер е тоа што го дефинира, дали ќе игра дефанзивно, дали на контри, полу-контри, посед или др.Е сега како ќе ги прилагоди играчите според противникот, а истовремено да го задржи стилот, е тоа го рачунам јас за флексибилност.Пример Џиги Мацари игра во една сезона 3-4-3,3-5-2 и 4-5-1, еднаш на контри, еднаш на посед, ама шо фајде кога е труп и не може да ги имплементира неговите идеи во играчите.За мене флексибилност е да го задржиш стилот, но истовремено со мали измени да го подобриш кога веќе ќе стане монотон и противниците ќе ти го најдат лекот.
Различно ги поимаме ,,стил" и ,,концепт". Според мене, што се однесува до фудбалот, имаат исто значење. Се согласивме за концептот/стилот, но ти упорно велиш дека е тоа различно и дека Мурињо бил флексибилен. Затоа што претпоставувам, заклучокот ти е извлечен од неколкуте натпревари(најчесто нокаут фаза во ЛШ или дерби во ПЛ) во кои Мурињо знае да излезе надвор од рамката. Но тоа се случува многу ретко. Генерално, повторувам генерално, Мурињо е заљубен во иста тактика, исти играчи, исти стил или концепт, како сакаш наречи го.
Челзи сега е очаен, Мурињо не пробува да ја смени тактиката(дури и по твоја дефиниција ова е доказ за нефлексибилност), не менува играчи, иако прочитан е од повеќето тренери, тој повторно останува на своето. Со последниов пасус само ми олесна и ми додаде аргумент плус на моја страна
Флексибилни тренери? Гвардиола, Венгер, Покетино. Сега од ,,поновиве" го пратам Сари од Наполи, може слободно да се вброи во листава.