Тимот е доволно добар за до крај да се бори за титула, дека ќе ја одбрани не сум баш сигурен. Одбраната со Бане и Тери стартери не е тоа што беше. Тери сумњам дека ќе ја повтори сезоната, но тоа не значи дека ќе биде лош. Бане знае да киксне. Муабетот што го правев кога праша за комбиниран состав меѓу Куртоа и Чех ете испадна. Тибо е сеуште зелен, тоа може да ве кошта поени. Чех го немате а со самото тоа многу голема загуба за одбранта небитно дали играл или не. Коста е ризик со тие повредите негови. Едино нешто што би можело да ви оди во предност е доколку Цеск го стави во по офанзивна улога, нешто налик последната(последните) сезони во Арсенал или во Барса, па и од него да видете 15-20 гола сезонава. Ама да очекуваш на Хазард и Фабре да ви го водат нападот е голем ризик.
Од друга страна, Јунајтед се непредвидливи. Ете виде и со чкљ состав до последна минута не се откажуваат. Опасни ќе се цела сезона. Ливерпул помина цела сезона во сивило и буквално имаа 20 месеци да го привикнат составот. Собраа не пре експонирани играчи желни за докажување што значи и тие не се за потценување. Арсенал ќе вмеша прсти гарант. Прашање е само дали ќе можат 7-8 месеци да ги одиграат на високо ниво. Со 2ца нови играчи не сумњам. Од септември ваљда ќе биде се појасно. Сити се слични на вас, имаат доволно искусен состав да претставуваат закана.
Од друга страна mid table тимовите делуваат подобри од било кога. Кристал Палас, Саутемптон, Свонси, Тотенхем, Вест Хем, па еве и Њукасл, Стоук и Лестер не се баш лесни тимови за играње.
Секој претендент за титула има 4 екстремно тешки и уште барем 4 тешки двомеча. А познавајќи го Мурињо, кој секогаш после титула во лигата се насочува на ЛШ, не би рекол дека ќе ја одбраните.