Јас ќе пробам објективно да го проценам составот.
Сметам дека одбраната ќе не издаде. Шкртел и Сако на пријателски се мачат и тешко соработуваат засега, Морено минатата сезона делуваше многу неискусно и правеше аматерски грешки, а Клајн е нов во составот. Можеби до почетокот на сезоната дел од овие работи ќе се средат, но не верувам дека све ќе иде како подмачкано во тој дел низ текот на целата сезона. Веројатно кога работите нема да идат ко што треба, ќе има некои комбинации те со Ловрен, те со Туре, те со новиот дечко Гомез (кој топ играше на првиве две утакмици, мада рано е да го фалиме пошто сеуште релативно не постои), а којзнае што ќе се случува и на бочните позиции ако некој се повреди, Виздом и Фланаган не се некој цврст столб на кој можеш да се потпреш. Затоа сметам дека треба да се земе уште еден фул бек, ама ми се чини дека Бентеке ќе ни е последен трансфер за ова лето.
Средината мене ми изгледа многу добра. Џан, Хендо и Милнер се играчи со ист менталитет и не верувам дека ќе имаат тешкотии да ја контролираат средината. Секако тука е и Лалана за да придонесе повеќе кон офанзивата кога е потребно, ова ќе е многу важна сезона за него. За Ален стварно не знам што да кажам за да не згрешам, а Лукас не верувам дека многу ќе се наигра сезонава.
Во нападот јас реков, кој и да е напаѓач, кога играчи како Кутињо и Фирмино ти пуштаат топки (под услов да се во форма), треба да си ептен дибек за да не ги искористиш како што треба. Бентеке можеби е преплатен, но не е дибек, се надевам добро ќе функционира. Маркович ќе мора да истапи кога/ако некој од овие двајца падне во форма, а очекувам и Ајб да придонесе повеќе отколку што генерално се очекува од него. Стариџ исто така ќе го изоставам од коментар, врска немаме како е со повредиве, па ако го тргнеме на страна ќе морам да кажам дека верувам дека Ориџи на Бентеке ќе му направи солидна компетиција, а Ингс ќе биде бекап напаѓач, но сепак многу посолиден од Ламберт лани.