Barclays Premier League - Season 2014/2015

Кој да ја отвори новата тема за следната сезона?


  • Вкупно гласачи
    83
Статус
Затворена за нови мислења.
R

red.devil

Гостин
Пресот на Мурињо после поразот со Челзи кога би бил менаџер на Јунајтед.

"This is not the best league in the world, this is football from the 19th Century,"
"It's very difficult to play a football match where only one team wants to play. It's very difficult,"

:icon_lol:

Бтв честитки за победата.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.212
Поени од реакции
25.955
Мурињо си го искористи поширокиот ростер денес, и ја доби тактички. Знае педерот дека Јунајтед само со пас може да направи вишок, нема играч за претрчување, и цело време го држеше пола тим зад топка. Плус, сите тактички солуции на Ван Гал ги уништи.

Мата го уплаши со првите 2-3 агресивни старта и буквално го избрка од крило во средина, Фелаини го маркираше одлично со циганот, и го примора да се исфрла на лево крило. Кога ќе примеше топка таму, само му ги маркираа соиграчите и сиротиот не знаеше што да прави, ја „креваше“ во гол аут. :pos:

Оскар им ја извади душата на Херера и Руни и не им дозволи да врзат ни 3 паса непречено. Единствено што го немаше предвидено беше добрата игра на Шо, ама не влегоа тие две шанси. После го покри со Рамирез.

Јунајтед беше малку среќен што не играше Коста, тој многу полесно ќе им ја вадеше душата на Смолинг и Мек Нер, кои одлично се држеа со Дрогба. Затоа и им требаше малце среќа со индивидуални грешки за двете контри што ги направија.

Се на се, типичен Жозе. Истата ситуација од неговите први две години во Англија. На Јунајтед му фали Роналдо за да ги стигне.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
И пофалби за Дин. Секој друг судија би свирнал пенал, зaтоа што и изгледаше дека е чист фаул во шеснаесетник. На повторената снимка се виде дека Ерера си ја подмести ногата. (y)
 
Последно уредено од модератор:
Член од
16 април 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
2.348
Не го возвишувајте дотолку Мурињо демек кој знае што направил.Маркирања глупости или што знам ја таму тоа е скроз без врска.Се играше тврда утакмица во која Челзи имаше две изгледни шанси од кои едната ја реализира додека ние имавме три а ниедна не влезе што до одреден степен е и доза несреќа.Последниве утакмици фуравме игра која се засноваше на игра на средината од теренот ама најбитната алка во таа игра денеска ја немавме а таму играше Руни.За разлика од Фалкао кој е скроз никаков годинава Руни знае да повлече играчи да го бркаат него па другите играчи од средина да дадат гол додека умрениов комотно можеа да го остават и ништо да не направи. На крајот на краиштата заслужена победа со оглед на тоа дека не беше никој оштетен од судиите и тн.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.578
Поени од реакции
43.126
Вие дa не зaслуживте?


Инaче немa штo дa се плукa пo игрaтa кoгa си јa oствaри целтa :)
Кај виде дека викам оти заслуживме? :) у главно мизерија и двата тима..по мене никој не заслужи да победи...
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Уништувач на фудбалот е овој Мурињо, ама средствата ја оправдува целта.. Сета среќа што му се одби од глава во ЛШ....
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.696

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.578
Поени од реакции
43.126

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Тоа е, онака се игра за титула...Не како Брендан лани кога му се слизна титулата од раце.
 
H

HoT IcE

Гостин
Не го убил Мурињо тактички Ван Гал, а викате не сте можеле три паса да видите од вашите два клучни играча, Мата и Херера, па и Руни мада он си е класа колку и да е чуван и маркиран пак е корисен.
Ова денес беше груба игра за око, игра што не ја сакам да ја гледам во Челзи, типичен стил на Мурињо ама како што рековте целта ги оправдува средствата, денес Јунајтед најопасен беше преку Шо и МекНер, а не вашите мотори од минатите утакмици, ако тоа не е тактичко надмудрување, ондак идам да гледам ја крикет.
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Едино Азар вреди во Челзи последниов период.
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
2.348
Не го убил Мурињо тактички Ван Гал, а викате не сте можеле три паса да видите од вашите два клучни играча, Мата и Херера, па и Руни мада он си е класа колку и да е чуван и маркиран пак е корисен.
Ова денес беше груба игра за око, игра што не ја сакам да ја гледам во Челзи, типичен стил на Мурињо ама како што рековте целта ги оправдува средствата, денес Јунајтед најопасен беше преку Шо и МекНер, а не вашите мотори од минатите утакмици, ако тоа не е тактичко надмудрување, ондак идам да гледам ја крикет.
Тактичката поставеност на минатите утакмици беше различно поставена од денешната,позициите доста сменети.Руни играше на местото на Керик,додека пак Фалкао на местото на Руни.Претходните утакмици Руни отвараше доста простор за другите играчи од средина а денеска Фалкао беше бескорисен.Ерера и Мата повлечени далеку поназад да затворат одбрана и сето тоа придонесе да изгубиме со 1-0 а имавме шанси да биде макар 1-1.Целта ги оправдува средствата точно,ама не не надиграа па да се дивиме на играта како кој знае каква игра да прикажале.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom