Погледни и пенали на домашен терен. 0!!!!
А кога сме кај судиите, баш сега читав една добра статија. Мајк Дин, обожавателот на Спарс
, ни има судено дури 6 пати оваа сезона и тоа е максималниот број на судени натпревари на еден судија за ист тим! Истиот тој судија има судено 5 пати на натпревари на Челзи. Хауард Веб,
има судено дури 5 пати на натпревари на Јунајтед оваа сезона. И тоа претставуваат бројки каде судијата бил главен судија.
Во Премиер има вкупно 18 судии, а засега на нас ни немаат судено дури тројца судии иако Дин може дури 6 пати да го гледаме како главен судија. Значи Дин можел да влијае на 18 поени, а со тоа што има 18 судии во Премиер, изборот може да се направи да секој судија влијае на 6 поени за еден ист тим, односно како главен судија суди само 2 утакмици на една иста екипа.
Норич досега ги има пројдено сите судии, а максималниот број на натпревари на еден судија во натпревари на Норич е 3. Исто така и Свонси ги има видено сите 18 судии, а Фулам 17.