Barclays Premier League Season 2011/2012

Кој ќе ја освои оваа година Премиер Лигата ???


  • Вкупно гласачи
    223
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
‎#AVFC statement: Stiliyan Petrov has been diagnosed with acute leukaemia

WTF?
WTF ? Шо е ова !? Од кај е информацијата !?

Лошо е, ова ! Мада можеше да биди и хрончина леукемија, уште полошо.
--- надополнето: 30 март 2012 во 19:40 ---
God, Help Him ! http://www.premierleague.com/en-gb/news/news/villa-captain-petrov-diagnosed-with-leukaemia.html
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Агуеро добил изгореница на стапалото од спрејот со кој се прскаат, немогуче, ова е негде во топ 3 најбизарни повреди за кои имам чуено :D
 
Член од
3 март 2009
Мислења
795
Поени од реакции
702
Многу лошо за Стилиjан. Искрено се надевам да се излекува.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Многу лошо за Стилиjан. Искрено се надевам да се излекува.

Акутната леукемија е брза форма која брзо се шири и зафаќа недозреани клетки. Се развива брзо од најраните форми на клетката до најраните форми на коскена срж. Потребно е брзо подлегнување на лекарски третман, но генерално реагира на хемотерапија.

Кои се симптоми на акутна леукемија?

- Ненадејно појавување на сите симптоми
- Бледило на лицето, анемија
- Замор
- Болки во зглобовите
- Постојани инфекции, како „суво грло“
- Крварење од носот, непцата и појава на модринки по телото, без никаква причина

Ако се појави некој од овие симптоми, неопходна е консултација со лекар.

Како е акутната терапија дијагностицирана?

Многу видови на леукемија можат да бидат дијагностицирани преку тестови на крвта. Кај акутната леукемија, нејзините клетки можат да бидат видени како циркулираат низ крвта.

Тест на коскената срж исто така треба да биде извршен за да се потврди какви клетки се вмешани бидејќи ова може да им помогне многу на лекарите при одлуката за вид на терапија.

Како се лекува акутната леукемија?

Заболените од акутна леукемија ќе бидат упатени на специјалист. Денес, методите со кои се третира оваа болест се многу ефективни и голем број на деца и возрасни успеваат да се излечат.

Се третира најчесто со хемотерапија, преку вените. Во голем број од случаите, хемотерапијата трае 4 до 6 месеци. Таа ги убива клетките кои брзо се размножуваат. Коскената срж е осетлива на хемотерапија и може да го направи организамот ранлив, па пациентот да биде ранлив на крварење и инфекции. Ова значи дека пациентот треба да остане во болница со недели. Сепак, крвта се враќа на нормала по одреден период и понекогаш додека трае хемотерапијата на пациентот му се врши трансфузија.

Хемотерапијата доведува до губење на влакната на телото, гадење, повраќање и дијареа. Лекарите на пациентите им даваат лекови за да ги заштитат или ги редуцираат гадењето и повраќњето. Губењето на влакната не е засекогаш, тие повторно растат по 3-4 месеци.

Понекогаш, лекарот препорачува трансплантација на коскената срж. Овој третман е агресивен и е препорачлив само за млади и силни пациенти. Клетките користени при трансплантацијата можат да бидат од самиот пациент, негов брат/сестра или од донор кој не е во роднинска врска.

Значи постојат големи шанси да се излекува(y)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.880
Поени од реакции
6.940
Како можи бе фудбалер вакво нешто да го снајде :place:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Некој негов пријател во Бугарија рекол дека Петров размислува да стави крај на кариерата.
--- надополнето: 31 март 2012 во 11:13 ---
Како можи бе фудбалер вакво нешто да го снајде :place:
рак на крвта е ова фактички, секој може да го снајде, не бира ракот. :/
 
Член од
22 март 2012
Мислења
68
Поени од реакции
57
Стилијан Петров изјави за бугарските медиуми дека се повлекува од фудбалот, и ќе продолжи да се бори против леукемијата. Тој им се заблагодарува на сите кои му искажале поддршка.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Неко јда ми каже каде во Ск може да се гела Премиер лига од 4 саат??? Освен Ајриш и Агер сагер нормално:)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Неко јда ми каже каде во Ск може да се гела Премиер лига од 4 саат??? Освен Ајриш и Агер сагер нормално:)
Иди у Пјаца, блиску ти е, имаат 100 телевизора, на секој ТВ различен канал со фудбал, келнерите се кладилничарски осакатени :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Торес со уште една асистенција :D
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
По се изгледа Арсенал (и негови играчи) ќе им овозможи лесно добивање на титулата на Јунајтед :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom