Barclays Premier League Season 2011/2012

Кој ќе ја освои оваа година Премиер Лигата ???


  • Вкупно гласачи
    223
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.711
Поени од реакции
11.950
Блекпул,Вест Хем и Лидз да влезат. Потака можи и Портсмут да се врати :)
А КПР да летаат. Исто и Волвс не ми се нешто интересни ама Мик Мекарти е комедија. Само што ќе го видам типов и смеа ме фаќа :pos:
 

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Блекпул,Вест Хем и Лидз да влезат. Потака можи и Портсмут да се врати :)
А КПР да летаат. Исто и Волвс не ми се нешто интересни ама Мик Мекарти е комедија. Само што ќе го видам типов и смеа ме фаќа :pos:
Indeed.
Ѕвер :)))
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Кога сте кај желбите,ја би сакал Портсмут да се вратат ептен ми се симпа.Баш ми беше криво кога испаднаа т.е тогаш ми станаа симпатични кога беа во тешка криза испаднаа од лига ама ги тепаа Челзи во куп мислам :vozbud:
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Моментот кога Свонси го даде 3от гол, и „денсот“ на Ај Сечи Перо или Ai Si Eu Te Pego... :pos:
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
47 - Stuart Downing has had the most shots without scoring in the Premier League this season.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.747
Поени од реакции
52.705
Кога сте кај желбите,ја би сакал Портсмут да се вратат ептен ми се симпа.Баш ми беше криво кога испаднаа т.е тогаш ми станаа симпатични кога беа во тешка криза испаднаа од лига ама ги тепаа Челзи во куп мислам :vozbud:
Челзи тепаа 1:0.
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Трансфер Вести 16.01.2012
Што велат весниците во Англија:

The Sun
* После поразот од Њукасл, Марк Хјуз експресно констатираше: Потребен ми е нов напаѓач, и тоа брзо.
* Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов би можел да се пресели во Баерн Минхен или Баер Леверкузен.
* Челзи денеска се очекува да го комплетира трансферот на Гери Кејхил.
* Хари Реднап синоќа беше во Франција каде го следеше Лоик Реми, кој постигна два погодоци на дербито со Лил.
Daily Mirror
* Кени Далглиш е подготвен да го тестира Тотенхем со 10 милиони фунти за Џермејн Дефо.
* Арсен Венгер вели дека Натан Дајер самиот паднал при досудениот пенал за Свонси.:place::place:
* Роберто Мартинез нема да го продаде Хуго Родалега, но ќе го остави тоа да го направи на лето без оштета.
* Мартин О'Нил го посакува Папис Сисе од Фрајбург.
* Манчестер Јунајтед и Ливерпул беа предупредени од Кристал Палас дека Вилфред Заха не е на продажба.
* Болтон е подготвен да понуди 4 милиони фунти за Џовани Дос Сантос од Тотенхем.
Daily Star
* Баерн Минхен и Баер Леверкузен се борат за услугите на Бербатов.
Daily Mail
* Марк Хјуз после поразот од Њукасл ќе потроши многу на трансфер пазарот и демантираше дека ќе го продаде Џои Бартон.


Лоик Реми ги отфрли гласините кои го поврзуваат со трансфер во Тотенхем и вели дека ќе остане во Марсеј најмалку до летниот преоден рок.
“Ми кажаа дека менаџерот на Тотенхем бил на трибините, но искрено не чувствувам додатен притисок, бидејќи дознав за ова по крајот на натпреварот.” – рече Лоик Реми.
“Во секој случај, иако е добро тоа што некои клубови се интересираат за мене, со лидерите на Марсеј се договоривме дека нема да обрнуваме никакво внимание на трансфер пазарот се до јуни. На оваа тема ќе разговаравме по крајот на првенството.”
“Останувам тука. 100% останувам во Марсеј до крајот на сезоната, а можеби и до крајот на договорот.”

Менаџерот на Виган, Роберто Мартинез вели дека ќе превземе ризик во случајот со Хуго Родалега и ќе го задржи до јуни.
Интернационалецот од Колумбија на лето може да замине без оштета, бидејќи неговиот договор со тимот на Виган истекува во јуни.
’’Преговорите за нов договор ќе ги оставиме сега.’’ - рече Мартинез.
’’Во нашата позиција ние немаме пари, другите имаат да трошат, па затоа ние не мора да продаваме доколку сметаме дека тоа не е правилно за клубот.’’
’’Многу поважно е за нас да го задржиме Хуго (Родалега) до крајот на сезоната, отколку да се обидеме да заработиме на него.’’
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.814
Поени од реакции
11.435
Честитки за кејхил, паметен потег направи челзи и сега го има најдоброто англиско дефанзивно дуо.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Samo mene li ne mi se dopaga transferot na Kejhil?Premnogu greski napravi sezonava.Lani epten mi se svigase ama ovaa sezona nekako poslabo igra.Nesomneno e deka ima kvalitet ama nz kako ke se pokaze vo Celzi.
 
H

HoT IcE

Гостин
Честитки за кејхил, паметен потег направи челзи и сега го има најдоброто англиско дефанзивно дуо.
Навистина управата на Челзи заслужи честитки.
Договор до 2017, трансфер во висина од 7м и што е најбитно 80к неделно, навистина добра зделка.

Џабе се и Кехил и Тери, сезонава во одбрана сме тапа, делумно Боаш е крив, делумно играчите, за разлика од предходните сезони играме многу висока одбрана, но во споредба со почетокот на сезоната сега се повлековме колку толку и сме подобри.
Кога ќе се врати Ивановиќ, Боаш ќе има слатки маки, Кехил, Луиз(?), Бане, тука е младиот Чалоба кој во предсезоната импресинираше буквално.
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
2 - Man City have won none of their last four Premier League away games, picking up just two points from a possible 12. Slump

Ќе киксаат вечер кај Виган или ќе наплатат за претходниве? :)
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Бекот на Лион, Али Сисоко потврди дека неговиот клуб и Њукасл преговараат за трансфер и додава дека чека зелено светло да започне со договарање на личните услови.
’’Чекам зелено светло од Лион.’’ - изјави екс фудбалерот на Порто.
’’Јас сум фудбалер на Лион и доколку се договорат за оштета со некој клуб, тогаш ќе зборувам со тој клуб.’’
’’Но сеуште не е ништо готово и не сум имал медицински прегледи со Њукасл.’’
’’Њукасл и Лион зборуваат за мене, но има и други клубови кои се заинтересирани.’’

Крис Самба ја отфрли изјавата на Стив Кин дека тој не е на продажба и потврди дека поднел барање за трансфер.
’’Денеска поднесов официјално барање за трансфер до фудбалскиот клуб Блекбурн. Јас лично им кажав на сопствениците, менаџерот и претставниците дека сакам да заминам во овој преоден рок.’’ - изјави 26 годишниот Самба.
’’Во изминатите години минати во Блекбурн на секој натпревар што го изиграв дадов 100%. Имав неколку можности за заминување, но останав.’’
’’Мислам дека сега е вистинско време за нов предизвик и го замолив клубот да ја почитува мојата одлука и се надевам дека ќе ме пуштат да заминам.’’
’’Им се заблагодарувам на фановите за нивната поддршка и се надевам дека им служев добро нив и на нивниот клуб.’’
Тотенхем се споменува како следна дестинација на корпурентниот дефанзивец.

Ако се остварат овие трансфери,Њукасл и Тотенхем супер ке се засилат..
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Тотенхем мислам дека ќе биди најкомплетен тим со доаѓањето на Самба....
Уште да имаат добра замена за Фридел (веќе е стар , колку години набаца? 41? )
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Тотенхем мислам дека ќе биди најкомплетен тим со доаѓањето на Самба....
Уште да имаат добра замена за Фридел (веќе е стар , колку години набаца? 41? )
Гомез, Кудичини слаби ли се ?
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Гомез, Кудичини слаби ли се ?
Сеа или се прајш на мутав или не знам што. :confused:
Ако беа добри немаше да го земаат Фридел.
Ако си ги гледал Тотенхем дури бранеше Гомез, и сеуште тврдиш дека е добар, тогаш јас би ти препорачал да смениш спорт во кој се разбираш повеќе..
Кудичини не знам зошто него не го клаваат.....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom