И да победеше Вест Хем денес, шансите за да останат во ПЛ ќе беа речиси невозможни. А последното коло ќе биде доста интересно, Бирмингем, Блекпул и Виган играат на гости, а Волвс играат против Блекбурн. Јунајтед можно е да му даде бод на Блекпул, Тотенхем мислам дека ќе оди на победа против Бирмингем за да го осигураат 5то место. Виган би му требала победа на гостувањето во Стоук. Според мене Бирмингем и Виган ќе отпаднат ... сепак останува да видеме.
А Арсенал ... до пред некое коло беа во борба за титулата, сега изгледа ќе паднат и на 4то место. Ова докажува дека немаат тим кој може да освои титула.