За судењето го копирам мојот коментар од челзи фан клубот...
Ај сеа ќе искочи дека намерно зборам ама реално ниту еден од тие два моменти не беше чист пенал, да можеа и двата да се досудат меѓутоа судијата смета дека не беа доволни...
Посебно за раката, тоа многу малку судии би го досудиле бидејќи беше многу блиску Лукас до тој што ја одби топката а и таа идеше надвор од шеснаестерецот така да мислам дека тука нема што да се буните... требаше судијата ептен да навива за вас за да досуди при тоа пенал пошто ем не беше намерно ем беше шутната топката во него ем идеше надвор од шеснаестерец.
Е сеа за втората ситуација, кога Џонсон го блокираше Иванович тука имаше елементи за пенал и незнам зашто ова не беше пенал кога вчера Њукасл доби два пенала за многу помали контакти... мислам ако идеме по таа варијанта дека секој контакт треба да се санкционира, требаше да биде пенал иначе ако идеме на тоа дали реално беа пенали мое мислење е дека и двата не би требало да се судат.
Работата е што сите судии судат различно и тоа е многу лошо за фудбалот, почнаа премногу грешки да се праат и изгледа треба да се дефинираат правилата за пенали малце подобро бидејќи многу смешни пенали почнаа да се судат а многу пенали кои стварно се не се судат.
Поздрав и не го сфаќајте постов како да ви идам контра.