Така е... Ти пишав на профил еве и тука... Прашањата и дилемите, не се некаква хајка(овај збор од шо гледам А1 ми остана во речникот:pos2
против Вас, туку чисто да видам како би мислеле другите, бидејќи ПЛ е во хаос со судењето... не само за нас или за вас или против нас или против вас, туку општо... Видов многу грешки оваа сезона, премногу би рекол
--- надополнето ---
Едит статија, со наслов, „Глупостите на Тотенхем, во последните 24 часа на Трансгер пазарот“
Од првиот ден на трансфер-периодот Тотенхем беше тимот за кој се зборуваше дека ќе биде најагилен на пазарот. Вчера на полноќ изминаа и последните секунди, а тимот од Лондон не купи ништо, остана без Роби Кин и со тужба од Евертон.
Уште пред да му дозволат на Роби Кин да замине во Вест Хем на позајмица, беа фокусирани на Ла Лига и на некои од најквалитетните светски напаѓачи, со најавата дека ќе го урнат клупскиот рекорд за потрошени финансии за еден играч. Вчера попладне му понудија на Диего Форлан 15 милиони евра, за само да ги видат клупските директори на Атлетико Мадрид за десетина минути како ладно ја одбиваат понудата. Порано, понудија 45 милиони евра за Агеро, но и тука немаше ништо. Агеро потпиша нов 2,5-годишен договор со Атлетико на официјална презентација и церемонија во Мадрид.
По одбивањето на понудата за Форлан, Тотенхем го продолжи последниот трансфер-ден избезумено. Набрзина беше одбиен за Џузепе Роси од Вилјареал, а за Енди Керол беше јасно дека е предоцна, откако напаѓачот на Њукасл веќе беше на пат за Ливерпул. Зошто Хари Реднап, за кој знаеме дека долго време му се восхитува на Керол, чекаше до последното попладне, тоа сè уште не е јасно. Следуваа одбиени понуди за Луис Фабијано и Фернандо Љоренте.
Трагичното е што Тотенхем вчера повторно се обиде да го ангажира Фил Невил од Евертон. Уште на петти јануари Евертон се изјасни дека бара 500 илјади фунти, за Тотенхем вчера во рок од два часа најпрвин да испрати понуда од 250 илјади и потоа уште дополнителни 250 илјади што ќе ги плати за една година. Дејвид Мојс не се шегуваше кога рече дека планира да „ги тужи“.
Така, Тотенхем бесполезно го потроши последното попладне, за на крајот да се случи најтрагичното. Понудени 6,5 милиони фунти за Чарли Адам, брзо прифатени, но за две минути предоцна. Документацијата беше завршена во 11.02 часот и потоа фрлена со тоа што трансфер-периодот веќе заврши. Можеби Хари Реднап ќе биде среќен што го задржа Герет Бејл, но како амбициозен тим што треба да игра елиминациска фаза во Лигата на шампионите, мораше многу поплански да настапи на овој трансфер-период. Сега веќе е доцна.