Barclays Premier League 2010/2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2010/11 во Barclays Premier League?

  • Вкупно гласачи
    472
Статус
Затворена за нови мислења.
Мејсон може у гз да си го пикне!!!

да најдам само слика од офсајдот ќе поставам пошто имаме еден идиот у фан-клуб што се убедува дека голот на Евертон не беше офсајд...

бтв она со 100% посед ќе паднев на гз коа го видов :):):)
 
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:Леле бре,каква победа јеботе :) Али тоа голот од офсајд,Све по список да му јебем на оној судијата!!
 
Немаше да биде офсајд ако при додавањето на (не знам кој) Саха не беше во офсајд, али пошо он беше и во двата случаи поблиску до голот од одбраната, тоа е офсајд.
 
168727_179777385390733_137402556294883_367929_7087376_n.jpg
 
Едино можно објаснение зошто не се судеше офсајд таму е допирот на Коншелни (или кој беше) со топката, пред после Саха да ја прифати. Во моментот на додавање беше очигледен офсајд и за оној судијата на другата половина. Ама и тоа е крајно контроверзно. Со ваков тренд не знам какви судии ќе има на терените за 2-3 сезони.
 
Овој судија јас не би го ставил ни општинска лига да суди во Македонија.Не беше само за осфајдот смешни прекршоци досуди а оние очигледните не ги судеше.
На кој дроги ли беше не се знае...
 
Едино можно објаснение зошто не се судеше офсајд таму е допирот на Коншелни (или кој беше) со топката, пред после Саха да ја прифати. Во моментот на додавање беше очигледен офсајд и за оној судијата на другата половина. Ама и тоа е крајно контроверзно. Со ваков тренд не знам какви судии ќе има на терените за 2-3 сезони.

Да тоа е можно објаснување, меѓутоа тоа е грешно.

Еве пример: да имаше друг играч по десната страна таму кој не беше во офсајд во моментот кога топката е додадена тогаш по истово сценарио не требаше да биде досуден офсајд и голот ќе си беше регуларен пошто Кошчиелни беше последен кој ја удри кон Саха...

меѓутоа како што убаво се гледа на сликата нема никој друг играч на Евертон во радиус од 25 метри, што значи топката е упатена кон Саха и никој друг. Саха во моментот кога топката е додадена кон него е длабоко во офсајд, Кошчиелни пробува да ја пресече топката која иде кон Саха (фудбалерот во офсајд) и со негов допир таа доаѓа баш до Саха (фудбалерот кој цело време е во офсајд) што значи нема пасивен или незнам какоф офсајд...
Ова е чист офсајд се надевам ќе има муда да признае судијата после натпреваров коа ќе види снимка..
 
Многу ме интересира и ваше мислење драги колеги.. Имаме, би рекол три ситуации во кои се наогаат Челзи, Јунајтед и Арсенал...

1. Пенал врз Ешли Кол на мечот Сандерлен - Челзи... Топката упатена до него, и играч на С-ленд оди преку него, Кол се наведнува и паѓа, судијата суди пенал... Мислење ?

2. Недосуден пенал поради очигледна игра со рака на О Ши во сопствениот 16ник, со кој очигледно спречи аистенција за гол... Судија = Крис Фој.. Мислење ?

3. Недосуден офсајд за Арсенал, од Луис Саха... Додавање на Артета, чинам, топката оди 10 метра подалеку од Саха, Лорен ја допира таа топка, индиректно го менува правецот доаѓа до Саха, кој при додавањето беше во офсајд, и постигнуав гол... Судија = Ли Мејсон... Мислење ?

Многу ме интересира вашиот коментар за ова...

Еве го моето мислење..

За 1от случај, чист пенал, очигледен, но сме сведоци, и тоа како, кога онака ке се постави играч судијата свири фал во напад... Според мене е пенал...

За 2от случај, нема друго мислење, оти е чист пенал, О Ши игра со рака, во петерецот на Ван Дер Сар, со кој директно влијае на играта на Вила, но судијата покажува корнер...

За 3от случај, да не бидам субјективен, не кажувам мислење....

Поздрав
 
Само да додадам еден случај..

4. При резултат од 1-0, Нани ја прифаќа топката, го дрибли Дан и овој дирек у Нани удира, во казнениот простор.. Нани паѓа, судијата не суди пенал..

--- надополнето ---

А мое мислење..

За пеналот над Кол, јас не видов најдобро.. Некако се погодуваше кога и да сменам канал, да проверам колку се Челзи и Арсенал или паѓа гол или нешто слично.. Па го фатив изведувањето на пеналот, а прекршокот само на крај.. Колку што видов тој од Сандерленд му се качи на грб на Кол, кој беше наведнат.. И јас иам приметено оти понекогаш и фаул во напад се суди, ама сепак мислам оти имаше пенал..

За вториот чист пенал од Ошеј.. Само да се напомене оти беше при резултат од 3-1, 85 минута, што значи можеби и немаше да влијае многу на крајниот исход на мечот..

За третиот.. Чист офсајд..
 
Извини, твојот предлог не можам да го коментирам, бидејќи не го видов.. За жал, беше истоврмено со Арсенал... Ги издвоив овие три, бидејќи директно или индиректно влијае на играта или резултатот...

Само можеби, нема да се сложам дека беше 85та минута и дека не требало да се суди, но не можеме да знаеме, шо би се десило... Сега нормалн, јас веројатно, ке бидам пристрасен во ситуацијата, но баш сакав да видам како ке изгреагираат до крајот Астон Вила, но.. Тоа е тоа...

...Едино шо ме прај загрижен мене се судиските грешки кои ги има се повеќе и повеќе, било во наша корист или против нас... Оваа сезона мислам дека ги има најповеќе и од сите судии
 
Не кажав оти не требало да се суди.. Напротив, но можеби судијата сакаше да ни врати за недосудениот пенал во првиот дел и да не не става на дополнителни маки..

Е сеа, не знаеме како би изреагирале Вила до крај, ама и не знаеме дали би постигнале гол од пеналот...а нема ни да дознаеме.. :)
 
Така е... Ти пишав на профил еве и тука... Прашањата и дилемите, не се некаква хајка(овај збор од шо гледам А1 ми остана во речникот:pos2:) против Вас, туку чисто да видам како би мислеле другите, бидејќи ПЛ е во хаос со судењето... не само за нас или за вас или против нас или против вас, туку општо... Видов многу грешки оваа сезона, премногу би рекол

--- надополнето ---

Едит статија, со наслов, „Глупостите на Тотенхем, во последните 24 часа на Трансгер пазарот“

Од првиот ден на трансфер-периодот Тотенхем беше тимот за кој се зборуваше дека ќе биде најагилен на пазарот. Вчера на полноќ изминаа и последните секунди, а тимот од Лондон не купи ништо, остана без Роби Кин и со тужба од Евертон.

Уште пред да му дозволат на Роби Кин да замине во Вест Хем на позајмица, беа фокусирани на Ла Лига и на некои од најквалитетните светски напаѓачи, со најавата дека ќе го урнат клупскиот рекорд за потрошени финансии за еден играч. Вчера попладне му понудија на Диего Форлан 15 милиони евра, за само да ги видат клупските директори на Атлетико Мадрид за десетина минути како ладно ја одбиваат понудата. Порано, понудија 45 милиони евра за Агеро, но и тука немаше ништо. Агеро потпиша нов 2,5-годишен договор со Атлетико на официјална презентација и церемонија во Мадрид.

По одбивањето на понудата за Форлан, Тотенхем го продолжи последниот трансфер-ден избезумено. Набрзина беше одбиен за Џузепе Роси од Вилјареал, а за Енди Керол беше јасно дека е предоцна, откако напаѓачот на Њукасл веќе беше на пат за Ливерпул. Зошто Хари Реднап, за кој знаеме дека долго време му се восхитува на Керол, чекаше до последното попладне, тоа сè уште не е јасно. Следуваа одбиени понуди за Луис Фабијано и Фернандо Љоренте.

Трагичното е што Тотенхем вчера повторно се обиде да го ангажира Фил Невил од Евертон. Уште на петти јануари Евертон се изјасни дека бара 500 илјади фунти, за Тотенхем вчера во рок од два часа најпрвин да испрати понуда од 250 илјади и потоа уште дополнителни 250 илјади што ќе ги плати за една година. Дејвид Мојс не се шегуваше кога рече дека планира да „ги тужи“.

Така, Тотенхем бесполезно го потроши последното попладне, за на крајот да се случи најтрагичното. Понудени 6,5 милиони фунти за Чарли Адам, брзо прифатени, но за две минути предоцна. Документацијата беше завршена во 11.02 часот и потоа фрлена со тоа што трансфер-периодот веќе заврши. Можеби Хари Реднап ќе биде среќен што го задржа Герет Бејл, но како амбициозен тим што треба да игра елиминациска фаза во Лигата на шампионите, мораше многу поплански да настапи на овој трансфер-период. Сега веќе е доцна.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom