Наша е. А зошто ќе ви образложат момците поручек во 17:30. :smir:
А сега малце посериозно.
Нормално како навивач на Ливерпул очекувам остро да се бориме за титулата. Гледам фановиве на
Манчестер скокаат како мали деца одма кога некој ќе спомне дека се ослабени. Ослабени сте да, и тоа многу. Играч на годината значи многу. НО! тоа не значи оти некој ги отпишува. Јунајтед си е Јунајтед, нема тука што да се збори. Едноставно ќе биде помачно.
Челзи - Ќе ни биде најгадниот противник годинава. Да, и тоа без никаква иронија или сарказам, очекувам по-лут противник во нив отколку јунајтед. Вчерашниот меч со Хал го одиграа маестрално. Е сега што Хал е незгодна екипа со тони и тони среќа тоа е друго.
Арсенал - Како што рекоа неколку други пред мене, не трчајте да судите од првиот натпревар. Како и да е, Арсенал е моќна екипа, која созрева повеќе и повеќе од сезона во сезона. Фабрегас ми прирасна на срце, многу го поштувам човекот, и очекувам од него многу придонес во резултатите на арсенал. Единствено што мора да се реши е прашањето за уште еден асален напаѓач, колку што јас знам само со Едуардо се моментално.
Манчестер Сити - Не оваа година. Вчера гледав едно 60тина минути од мечот, победија но, не сум воопшто импресиониран. Раштимани се до бесвест. Ќе ја најдат формата, да, но веќе ќе биде прекасно. Во ПЛ нема место за такви работи.
И нормално,
Ливерпул. Не знам, смачено ми е кога ќе прочитам „Ливерпул може да изненади“. Дали луѓево се неинформирани или што, Ливерпул има феноменална екипа, и со Јунајтед го делат рекордот во англија во освоени титули. Имаме се, одбрана, средина, напад. И што е најважно од се, хемија меѓу играчите и одлична уиграност. За разлика од многу овде, јас нема да бидам ни во најмала рака изненаден ако ја освоиме ПЛ. Редно е.:smir: