Barclays Premier League 2009/2010

Кој според вас ќе ја освои Barclays Premier League во сезоната 2009/2010?


  • Вкупно гласачи
    438
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.115
Поени од реакции
8.185
А зашто мислеш дека нема да го освои?образложи зашто,баш ме интересира,зашто го нема Роналдо или...?секогаш кога ги отпишуваат Јунајтед тие остануваат на врвот...а кога ги потценуваат се повеке мотивирани:toe:а Сити туку така преку нок нема да сменат ништо во Англиската голема 4 можеби за некоја година ке бидат конкуренти и за титула додека се воиграт играчите ама за една сезона ништо неможе.
Ти така мислиш Бекам кога си заминал 3 години по ред немате освоено ПЛ .Така да сеа има нови изазиви Ман Сити не е веќе заебанција веќе е тоа тим кој ке се бори за шампионска титула, Челзи, Ливерпул, Арсенал исто тука.
Челзи му требаше веќе 2 година од доагањето на РОман да освои 2 пати по ред ПЛ...
 

tose_cesc

Oh Arsenal we love you!
Член од
3 јануари 2009
Мислења
753
Поени од реакции
43
По денешното одлично издание на АРСЕНАЛ уште толку станав по уверен дека токму АРСЕНАЛ ќе биде следниот шампион во ПЛ без конкуренција :smir:
 
F

fantomX

Гостин
Челзи му требаше веќе 2 година од доагањето на РОман да освои 2 пати по ред ПЛ...
На Челзи му требаше тренер, не година појќе. Иако и тоа беше битно.

Околу Арсенал, не гледав, ама шо е импресивно, импресивно е. Сепак, Арсенал нема клупа за цела сезона, па така, мислам оти ќе изборат ЛШ и догодина. Некој од куповите исто така, можат да го освоојат.
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Дали видовте како се сопна Хјуз,кога ојде да се поздрави со Алардајс ?


:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
822
Поени од реакции
19
По денешното одлично издание на АРСЕНАЛ уште толку станав по уверен дека токму АРСЕНАЛ ќе биде следниот шампион во ПЛ без конкуренција :smir:
Сити ги изненади Арсенал со одличниот почеток, ама по еден натпревар не се суди, долга е сезоната. Ви се погоди овој натпревар, али ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму.
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Дали видовте како се сопна Хјуз,кога ојде да се поздрави со Алардајс ?


:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
Да,моментот кога коментаторот рече дека си купил лизгави челзи.. ова чевли дe. :)

Сити ги изненади Арсенал со одличниот почеток, ама по еден натпревар не се суди, долга е сезоната. Ви се погоди овој натпревар, али ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму.
Верувам дека Арсенал може да се бори за титулата сезонава.И далеку од тоа дека им се погоди,јас би рекол дека на Челзи им се погоди денес. :)
 
F

fantomX

Гостин
Верувам дека Арсенал може да се бори за титулата сезонава.И далеку од тоа дека им се погоди,јас би рекол дека на Челзи им се погоди денес. :)
Јебига, точно е, се погодува да примиш смешно-килав гол, и после да направиш пресврт против бункер, во прв лигашки натпревар со нова формација, и капак на се, со над 20 удари на гол, над 10 во неговите рамки. Тешко е, ама се виде шампионски карактер. :toe:
 
Т

Топџија

Гостин
Според некои информации Арсенал не е завршен со пазарењето ова лето. Се чека само исходот од двомечот со Селтик. Е сега нормално не може да се очекува да дојдат играчи од по 30-40 милиони фунти, али колку и да се проценети верувам дека нема да се промашување.
А за првак сезонава... Многу експерти имаат изјавено дека се очекува сезонава да биде најинтересна што се однесува до борбата за прво место т.е. нема да се јадат само 2 екипи до крај туку повеќе, да не речам 4-5.
Останува да видиме.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.020
Поени од реакции
1.135
Машинерија посебно Бери ме изненадува како добро игра сегде го имаше тешко им се пишува на Топ 4 ...:smir:
Главни фаворити се Челзи и Манчестер но може да изненадат и Ливерпул и Арсенал зошто да не. За Манчестер Сити не сум сигурен дека оваа сезона се способни да одат толку високо, можеби ќе се борат за место во лига на шампиони но за титула не верувам, барем не сезонава.

Како што кажав и предходно, мое мислење е дека ова ќе биди сезона на Челзи.
Колку и да го оспоруваат квалитетот на Анчелоти мислам дека е еден од најдобрите стратези во Европа и има тим за прво место.
 

Martence

the_girl_u_like
Член од
30 јуни 2009
Мислења
37
Поени од реакции
1
Chelsea ke bidat sampioni (deka gi sakam najmnogu na svetov,zato) :pos2::pos2::pos2:
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
По денешното одлично издание на АРСЕНАЛ уште толку станав по уверен дека токму АРСЕНАЛ ќе биде следниот шампион во ПЛ без конкуренција :smir:
така беше и пред две сезони каде на арсенал цела сезона им немаше рамен и кога сакаа тогаш постигнуваа голови,но слабата клупа и младиот тим што го имаат не е доволен за освојување на премиер лигата,но сепак мислам дека ќе бидат конкурентни до самиот крај и мој тип е дека ќе завршат второ,пред ман утд и ливерпул,мој фаворит е челзи.

Главни фаворити се Челзи и Манчестер но може да изненадат и Ливерпул и Арсенал зошто да не. За Манчестер Сити не сум сигурен дека оваа сезона се способни да одат толку високо, можеби ќе се борат за место во лига на шампиони но за титула не верувам, барем не сезонава.

Како што кажав и предходно, мое мислење е дека ова ќе биди сезона на Челзи.
Колку и да го оспоруваат квалитетот на Анчелоти мислам дека е еден од најдобрите стратези во Европа и има тим за прво место.
манчестер сити додека не го сменат трењерот нема да видат лига на шампиони..со плејмејкери како бери и ајрланд и многуте напагачи што ги имаат би рекол дека имаат конкурентен тим,но сепак трењерот е без авторитет без врска..
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.020
Поени од реакции
1.135
така беше и пред две сезони каде на арсенал цела сезона им немаше рамен и кога сакаа тогаш постигнуваа голови,но слабата клупа и младиот тим што го имаат не е доволен за освојување на премиер лигата,но сепак мислам дека ќе бидат конкурентни до самиот крај и мој тип е дека ќе завршат второ,пред ман утд и ливерпул,мој фаворит е челзи.


манчестер сити додека не го сменат трењерот нема да видат лига на шампиони..со плејмејкери како бери и ајрланд и многуте напагачи што ги имаат би рекол дека имаат конкурентен тим,но сепак трењерот е без авторитет без врска..
Исто така имаат и нов тим на кој му треба време да се уигра. Затоа викам дека на нив може да се смета наредната сезона, плус некое добро засилување и ќе бидат подготвени за титула.
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Наша е. А зошто ќе ви образложат момците поручек во 17:30. :smir:

А сега малце посериозно. :)
Нормално како навивач на Ливерпул очекувам остро да се бориме за титулата. Гледам фановиве на Манчестер скокаат како мали деца одма кога некој ќе спомне дека се ослабени. Ослабени сте да, и тоа многу. Играч на годината значи многу. НО! тоа не значи оти некој ги отпишува. Јунајтед си е Јунајтед, нема тука што да се збори. Едноставно ќе биде помачно.
Челзи - Ќе ни биде најгадниот противник годинава. Да, и тоа без никаква иронија или сарказам, очекувам по-лут противник во нив отколку јунајтед. Вчерашниот меч со Хал го одиграа маестрално. Е сега што Хал е незгодна екипа со тони и тони среќа тоа е друго.
Арсенал - Како што рекоа неколку други пред мене, не трчајте да судите од првиот натпревар. Како и да е, Арсенал е моќна екипа, која созрева повеќе и повеќе од сезона во сезона. Фабрегас ми прирасна на срце, многу го поштувам човекот, и очекувам од него многу придонес во резултатите на арсенал. Единствено што мора да се реши е прашањето за уште еден асален напаѓач, колку што јас знам само со Едуардо се моментално.
Манчестер Сити - Не оваа година. Вчера гледав едно 60тина минути од мечот, победија но, не сум воопшто импресиониран. Раштимани се до бесвест. Ќе ја најдат формата, да, но веќе ќе биде прекасно. Во ПЛ нема место за такви работи.
И нормално, Ливерпул. Не знам, смачено ми е кога ќе прочитам „Ливерпул може да изненади“. Дали луѓево се неинформирани или што, Ливерпул има феноменална екипа, и со Јунајтед го делат рекордот во англија во освоени титули. Имаме се, одбрана, средина, напад. И што е најважно од се, хемија меѓу играчите и одлична уиграност. За разлика од многу овде, јас нема да бидам ни во најмала рака изненаден ако ја освоиме ПЛ. Редно е.:smir:
 
Член од
18 март 2009
Мислења
1.120
Поени од реакции
343
Конечно добар коментатор, ми се плачи од среќа
 
Член од
2 април 2009
Мислења
213
Поени од реакции
18
Koj im dade pravo na Sitel da prenesuvat Premier liga ??

Amaterska televizija , po 30 nema slika , a komentatorot mrtov laden , dava komentari na crn ekran .. Je*em ti luzerite
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom