- Член од
- 31 јануари 2007
- Мислења
- 18.828
- Поени од реакции
- 22.868
Ќе даваат ПЛ и на РТЛ,така да и да има казнени часови,ку*от нема да ни чуе
А тие што ја немаат РТЛ??..Со таквото во рака...Затоа си ставив неограничен интернет..Абе си знам јас..
Ќе даваат ПЛ и на РТЛ,така да и да има казнени часови,ку*от нема да ни чуе
Јунајтед. Ама гласав за Тотенхем на анкетата, озбилно. Ви ги земаа и Дефо и Крауч. Тешко ќе биде за опстанок за вас, ама има и послаби, овие новите не се ништо особено, а и Стоук и Хул се сепак слаби, иако имаа солидна сезона лани. Тоа се вика синдром на втора сезона во Англија, никој не знае зошто се случува. Првата сезона кога се влегува во ПЛ, веројатно затоа шо никој не те сфаќа озбилно, се игра феноменално, потоа се паѓа во втора. Пример: Виган кога влезе прв пат, имаше закон сезона.
Да не покажаа на рекламата кој ќе коментира? За болдираниот натпревар зборувам. Ваљда нема уште од прво коло да го слушам.....Во Сабота на Сител:
13.45ч Челзи - Хал
16.00ч Блекбурн - Ман.Сити
Во Недела:
14:30ч Ман.Јунајтед - Бирмингем
Видов на sitel.com.mk, така да ништо незнам за тоа кој ќе биде коментатор. :wtf:Да не покажаа на рекламата кој ќе коментира? За болдираниот натпревар зборувам. Ваљда нема уште од прво коло да го слушам.....
Како никогаш досега биле мирни...:pos2: А шо треба да се прај бе?Анализа за сезона 2009/10: Челзи
Составот на Карло Анчелоти веќе го освои својот прв трофеј сезонава. Во неделата во Комјунити Шилд натпреварот на пенали славеше над шампионот Јунајтед.
Карактеристично за “плавите“ во овој преоден рок е што како никогаш досега беа мирни. Роман Абрамович нудеше многу пари за Давид Виља, Агуеро, Пато, Пирло и Рибери, но никој од овие не дојде. Повеќето не ги пуштија сопствените клубови со обрзложение дека не се за продажба.
Сепак и вака тие имаат доста квалитетен состав пред се благдарение на шопингот кој го имаа претходните менаџери.
Не продадоа никој од своите појаки играчи, а се засилија само со “рускиот Роналдињо“ и доста талентираниот напаѓач Даниел Стариџ за чии права ќе се тужат со Сити.
Имаше шпекулации за заминување на доста фудбалери, но Ешли Кол, Деко, Карваљо, Дрогба, Џо Кол и Џон Тери решија да останат на Стенфорд Бриџ со што се задржа борбата за место во стартниот состав.
Во Челзи дојдоа: D/ML: Јури Жирков (од ЦСКА за £18 m), FC: Даниел Стариџ (слободен агент) и GK: Рос Трнбул (слободен агент)
Од тимот си заминаа: Бен Сахар (Еспаниол £850 000) и Минеиро (отпуштен). Позајмени се: Слободан Рајковиќ (Твенте), Мирослав Сточ (Твенте), Франко Ди Санто (Блекбурн) и Скот Синклер (Виган)
Најдобриот состав на Челзи би требало да биде: GK: Петар Чех, DL: Ешли Кол, DC: Џон Тери, DC: Алекс (Карваљо), DR: Жозе Босингва, DMC: Микаел Есиен, MC: Михаел Балак, MC: Џон Оби Микел(Деко), AMC: Френк Лампард, FC: Дидие Дрогба, FC: Николас Анелка
Од клупа шанса ќе чекаат: Бранислав Ивановиќ, Јури Жирков, Белети, Џо Кол, Малуда, Саломон Калу и Даниел Стариџ
При тоа ова важи за традиционалната дијамант формација на Анчелоти, но ако се реши за 4-5-1 фирмација со само Дрогба во нападот, тогаш во игра влегуваат Жирков кој најверојатно ќе игра како лево крило и Малуда како први опции на крилните позиции.
Доста опции му се отворени на Карлито и има секаков вид на фудбалери и може да игра каква сака формација. Може најголемиот проблем му е што со Милан никогаш не играше со двајца “тешки“ шпицови како Дрогба и Анелка, па и затоа се обидуваше да го донесе Пато кој е млад и доста полетен и би можел и да игра малку поназад. Токму тоа и највеќе му фали на Челзи, “класа“ напаѓач, некој брз, со неверојатна техника како Пато, Виља и Торес. Ако успеат да го донесат Виља например би биле главни фаворити за титулата.
Со тоа што го покажаа во подготвителниот период, стартуваат како благи фаворити во однос на Јунајтед, Ливерпул и Арсенал. Едноставно како да немало одмор за нив. Скоро да е задржана е формата и силниот ритам кој го наметна Гус Хидинк во вториот дел од ланското првенство. Ви сите натпревари беа далеку понадмоќни од своите противници.
Средниот е најсилното оружје на Анчелоти. Пред се неговата цврстина, но и техниката која ја поседуваат Есиен, Балак, Микел, Џо Кол и Деко е далеку над сите фудбалери кои се од тој калибар. На сето ова кога ќе се додаде и Лампард кој лани имаше фантастична сезона, одлично се снајде во улогата на вистински плејмејкер и ако одигра на слично ниво тогаш тешко дека некој ќе ги запре. Да не се заборави и Малуда кој се препороди по доаѓањето на Хидинк, како и новото засилување Жирков.
Друго оружје е новиот менаџер Анчелоти. На Карло едноставно му лежи тој англиски фудбал, без многу креативност, со долги топки, брзоплета игра и многу трчање. Едноставно ужива да ја разбива таа игра, има еден тон тактики за нејзе. На сето тоа дојде во тимот во кој може да ја игра која тактика ќе посака и тоа со многу квалитетни фудбалери, така да тоа е голема предност за разлика од претходно со Милан.
Доброто за тимот е што не дојде Пирло бидејќи со тоа ќе се растуреше целата концепција на тимот и ќе резултираше со лоши резултати. Бавен и нежен играч како Пирло не би можел да се приспособи на играта во Челзи.
Најголемата опасност е ако нападот не профункционира и ако се повреди некој од незаменливите(Есиен и Лампард). Анчелоти знае да направи голем притисок кога му треба, но за да има резултат ќе мора да има и голови од Дрогба и Анелка. Токму тоа и најмногу недостасуваше во Челзи минатата сезона, константност во нападот. Ако го добијат и тоа, тогаш останатите екипи ќе треба да се надминат себеси за да бидат конкурентни во битката за титулата.
Челзи е благ фаворит, но истото беше и во ланската сезона, а сепак Јунајтед како и Ливерпул се надминаа себеси и завршија пред “плавите“.
http://www.tribalfootball.com/wales-and-bellamy-draw-line-under-no-show-262788Анализа за сезона 2009/10: Манчестер Сити
После анализата на шпанските гиганти се селиме на островот. Одиме кај сината половина на Манчестер. Гледам да анализирам екипи кои веќе прилично го засилија тимот и тоа што подоцна ќе го земат нема да им менува многу.
Тимот на Манчестер Сити прилично се истроши за време на овој трансфер период. Потрошија околу 130 милиони евра, а земаа прилично квалитетни фудбалери и со самото тоа ја поттикнаа англиската јавност да размислува на нив како фаворити за влез во најдобрата четврка, нешто што беше незамисливо во последниве неколку години.
Земаа неколку проверени и искусни фудбалери кои беа носители во своите тимови. Пред се мислам на Карлос Тевез и Коло Туре.
Колку и некоја екипа во Англија да има квалитетен напад или средина, на крај решава одбраната. Затоа и на Сити им беше потребен дефанзивец од појаката класа, кој сигурно ќе го имаат во Коло Туре.
Додека во Тевез добиваат е мотор на екипата, во секоја смисла на зборот. Играч кој е неуморлив, подвижен напред-назад, може да дејствува на моралот на своите играчи, едноставно психички доста цврст карактер со шампионски амбиции, но и со шампионско искуство нешто што му е неопходно на некој тим кој сака да оди чекор погоре на квалитативно ниво.
Со овие трансфери Хјуз го имитира свјот колега од црвената половина на Манчестер. Цврста одбрана, со цврста средина, опасни брзи и снаодливи напаѓачи.
Досега на Истленд дојдоа: Герет Бери(Астон Вила за £12m), Роке Санта Круз (Блекбурн за £17m), Стујарт Тејлор (Астон Вила - слободен), Карлос Тевез ( откупен за £25.5m), Емануел Адебајор (Арсенал за £25m) и Коло Туре (Арсенал за £15m).
Од тимот си заминаа: Дени Милс, Дитмар Хаман, Мајкл Бол, Дариуш Васел сите отпуштени од тимот. Желсон Фернандеш (во Ст.Етјен), Даниел Стариџ (во Челзи), Чед Еванс (во Шефилд Јунајтед £3m) и Елано (во Галатасарај за £8m). Позајмени: Жо(Евертон), Божинов(Парма), Каиседо(Спортинг) и Џо Харт(Бирмингем).
Со моменталните играчи најдобиот состав на Хјуз би требало да изгледа вака: GK: Шеј Гивен, DL: Вејн Бриџ, DC: Коло Туре, DC: Мика Ричардс(Винсент Компани), DR: Пабло Забалета(Мика Ричардс), DMC: Најџел де Јонг(Винсент Компани), MC: Стивен Ајрланд, MC: Герет Бери, FL: Робињо, FR: Тевез и FC: Адебајор
Од клупата своја шанса ќе чекаат: Шмајхел, Дан, Мајкл Џонсон, Петров, Врајт-Филипс, Белами и Роке Санта Круз.
Според составот кој го поседува Хјуз може да се види дека има исклучително квалитетени играчи на секој дел од теренот. Може бековските позиции не се некои топ квалитетни играчи и би требало таму да дојде до некоја промена, пред се Забалета кој доста разочара во ланската сезона. Би можело младиот Ричардс да се префрли на таа позиција, а да се донесе друг дефанзивец. Менаџерот на Сити сака во своите редови да го види дефанзивецот на Евертон Џолеон Лескот кој може да игра и централно и лево, па ако дојде до таа промена веќе ќе има тројца квалитетни играчи кои можат да ротираат странично, централно(Туре, Лескот и Ричардс) што би било квалитет плус од тактичка гледна точка.
Исто и во средина се има потреба од некој екстра класа играч, некој креативец ако сака да игра со 4-ца во средина. Вака сите се блиску во квалитет. По се изгледа Петров ќе си оди. При игра со четири во средина Филипс би требало да добива шанса, па со огелед на пробивност и брзината би се снашол и лево која е малку дефицитарна позиција во тимот.
Нападот е топ и моментално го имаат најсилниот во лигата, но дали ќе биде и најпродуктивниот ќе треба да видиме по завршувањето на сезоната. Аде, Робињо и Тевез се екстра класа фудбалери, но ќе треба да се види како ќе се читаат меѓу себе. Аде и Робињо важат за доста себични фудбалери и тоа може да биде опасно.
Се на се “граѓаните“ склопија фантаситчна екипа и ако имаа искуство повеќе, ќе беа и конкуренти за титула, а вака останува само да се борат за место во ЛШ, најверојатно 4-то, бидејќи Јунајтед, Челзи и Ливерпул се пред нив како на квалитативно така и на тимско ниво, за разлика од Арсенал кој квалитативно е под нив, но има најголем тимски дух од сите.
За мене најголемиот проблем ќе биде менаџерот Хјуз. Велшанецот нема авторитет, а и квалитет да се справи со сите овие ѕвезди и тимот може да се распадне уште на стартот. Затоа најубаво ќе беше да се донесе некој поквалитетен менаџер, некој со големо искуство. За да се води шампионски тим ви треба и менаџер-шампион.
Сепак може да грешам, останува да видиме. Сити вака има состав за топ 4, но дали ќе влезе!?!