Oчекувам четврта титула на Манчестер Јунајтед по ред
Но оваа сезона ќе биде жестоко, според мене Манчестер Јунајтед и Челзи ќе се борат за титулата, Ливерпул ќе биде трети, а Арсенал четврти. Тимовите како Астон Вила, Евертон оваа сезона ќе притискаат за влез во големата четворка, а според мене и Тотенхем ќе има добра сезона. Манчестер Сити фрлија многу пари и зедоа големи фудбалери, но според мене ќе го заземат осмо или девето место. Манчестер Јунајтед ги продаде Роналдо и Тевез, но Фергусон зеде добри засилувања ( Валенсија, Овен, Обертан). Исто така и Челзи зема добри три засилувања ( Жирков, Стариџ, Трнбал ), плус има и нов тренер. Ливерпул оваа сезона само се ослабени, не земаа некое добро засилување, така да очекувам трето место од нив. Арсенал продаде два добри играчи, Адебајор и Туре, не зема некоја добра замена за нив, очекувам четврто место за Арсенал. Тимовите како Астон Вила, Евертон, Тотенхем ќе биде интересно, кој ќе влезе во Европската Лига.