Barclays Premier League 2009/2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Кој според вас ќе ја освои Barclays Premier League во сезоната 2009/2010?


  • Вкупно гласачи
    438
Статус
Затворена за нови мислења.
Се надевам дека Челзи ќе биде шампион оваа година, тимот игра долго време заедно, искусен е, му требаше само добар стратег, тренер кој ќе биде сакан од фудбалерите. Грант не доби голема шанса, Сколари заеба, Хидинк беше фантастичен ама мораше да замине, се надевам дека Анчелоти ќе биде ок.
Пријателските ги одигравме одлично, освен онаа против Ридинг, но пријателските не мора ништо да значат. Кога ќе поминат првите неколку кола, ќе може повеќе да се анализира.
Манчестер Јунајтед без Роналдо очекувам да биде нешто послаб, тој имаше големо влијание на играта, даваше доста голови, асистираше многу, Јунајтед ќе очекувам да биде главниот конкурент на Челзи, сепак да оставиме да почне сезоната.
Ливерпул ме интересира како ќе игра во новата сезона. Го земаа Глен Џонсон, што мислам дека ќе им биде одлично засилување, на другите позиции и не се засилија баш, Вороњин се врати, ќе видиме дали ќе блесне, но ако го изгубат Алонсо ќе биде заебано, ќе мора да ангажираат барем уште еден од средина на теренот, во споротивно доколку некој се повреди ќе биде многу лошо за нив.
Арсенал очекувам да имаат подобра сезона од минатата, иако не се засилија многу имаат солиден тим и покрај продажбата на Адебајор и Голо Куре. Децата на Венгер се поискусни за една година и очекувам тоа да ги направи поконкурентни за титулата.
Многу ме интересира како ќе функционира Манчестер Сити, се засилија доста, имаат солиден тим, па ќе биде интересно да се види дали ќе можат да направат нешто повеќе сезонава.
Очекувам Тотенхем конечно да одигра поконстантно, последниве сезони имааше големи падови на почетокот од сезоната, Астон Вила мислам дека повторно ќе биде солиден тим како и Евертон, очекувам добри игри и од Вест Хем, сигурно ќе има и некој тим кој ќе изненади на почетокот, како што беше тоа Хал лани.
Очекувам одлична сезона и едвај чекам да почне. :) :tv:
 
Оваа година веке нема голема цетворка него има голема петка им се приклучи Манчестер Сити но сепак мислам дека Манчестер Јунајтед пак ке биде сампион поздрав и напред Манчестер
 
Ова година Ливерпул според мене.
Тешко Манчестер го загубија Роналдо, кој беше главен дел од тимот, и решаваше неколку утакмици. Арсенал тешко со овие млади играчи да направи нешто од нив очекувам 4то место. Додека Челзи се засилениот тим, донесоа нов тренер нови играчи и сега ке видиме тешка битка ке е. Се надевам дека Ливерпул ке земи оваа година но ке видиме.
 
сезонава би требало да е крајно интересна. жал ми е за ливерпул премногу долго се без титула крајно време им е. мислам ќе се мотивирани до даска ама така мислев и лани па ништо не испадна :toe:

челзи ќе да се фаворити - костурот на тимот остана а анчелоти е доволно искусен да знае што прави со ѕвездите во тимот.

ман ју ќе биде интересно како ќе играат без роналдо - сега тимот е ѕвезда не само еден играч. истото што го кажав за карло важи и за ферги со тоа што ферги е далеку подобро запознат со приликите во премиер лигата.

од арсенал и не очекува којзнае што годинава - со цела почит према арсен супер тренер е ама не може секоја година по двајца топ играчи да шитка и да чека титула.
 
оваа година шампион ке биде Манчестер, ама Сити, а може да биде и Челзи.
 
Според мене оваа сезона главни фаворити за титулата ќе бидат Манчесер Јунајтед и Челзи...
Манчестер Ј-заминаа Роналдо и Тевез,дојдоа Валенсија,Обертан и Овен.Иако повеќето мислат дека тимот ќе биде слаб,јас мислам дека оваа сезона конечно ќе дојде на виделина убавата тимска игра на тимот.Ако напаѓачите изиграат солидно оваа сезона и средниот ред биде подобар,мислам дека и оваа сезона не им бега титулата на ѓаволите..:smir:
Челзи-Оваа сезона очекувам да го видам вистинското лице на Челзи.Имаат добар тим,а оваа сезона со стратег како Анчелоти очекувам да бидат најголеми конкуренти на Јунајтед и очекувам битка до последно коло.:vozbud:
Ливерпул-Иако се добар тим,но како да им недостига нешто да бидат шампиони,Арбелоа си замина,дојде Џонсон и се врати Воронин...Доколку и Алонсо замине тогаш ќе им биде тешко да најдат достојна замена за него..Ќе има голема борба и од нив до самиот крај но сепак мислам дека ќе завршат на третата позиција..:toe:
Арсенал-младиот тим на Венгер.Заминаа Туре и Адебајор,а дојде само Вермаелен.Мораат да земат уште некое засилување ако сакаат да бидат повеќе конкурентни за титулата.
Манчестер Сити-тимот за кого велат дека ќе гази се.(јас мислам за некои 2-3 сезони).Потрошија многу милиони,зедоа добри засилувања,но сепак мислам за да бидат добар тим ќе им требаат 2-3 сезони за играчите да се уклопат како тим.Оваа сезона очекувам да го видиме вистинското лице на Тотенхем,исто така добри игри и од Евертон,Астон Вила и Вест Хем.:helou:
 
Според мене, оваа сезона ќе биде хаос, лудило. Букфално нема да се знае кој кого тепа. Нема да има голема четворка. Ливерпул ќе биде послаб од лани, Вила и Тотенхем очекувам да напредуваат. За опстанокот мислам дека нема да го обезбедат Барнли, Стоук и Хул.
Знам, смешно звучам и глупости тресам. :toe:

Брат како Вила ке напредува со кои играчи?Бери замина и замена фабиан делф од лидс за тотенхем и сити очекувам да напредуваат повеке а Арсенал нема да биди во првата 4ка.Портсмут пак грчевито за опстанок
 
Вила го зема Даунинг, повремено прва постава во репрезентација.И не се напредува само со новите играчи, туку се воигрува составот од лани. Мислиш дека оваа година Сити ќе бидат успешни ? Минимум треба една сезона да се воиграат. Младите, кои што имаат повеќе настапи во у21 веќе пораснаа(Милнер,Јанг,Агбонлахор,Дејвис,Рео-Кукер) и се играчишта, не се странци, што му крева вредност. И Делф не е уште земен, инаку е голем талент.
 
Ќе даваат ПЛ и на РТЛ,така да и да има казнени часови,ку*от нема да ни чуе
 
Иако навивам за Ливерпул очекувам главната битка за титулата да ја водат Манчестер Јунајтед и Челзи но нема да биде изненадување тоа да го стори и Ливерпул или евентуално Арсенал.Тимовите како Манчестер Сити,Астон Вила,Евертон и Тотенхем можеби ќе притискаат но се далеку од шансите за некакво изненадување (Сити можеби за две-три години под услов да го задржи тимот).Како и да е мислам дека оваа сезона ќе биде многу понеизвесна и очекувам за шампионот да се одлучува во последните 2-3 кола.
Гледачите бараат квалитет, неизвесност и возбуда тоа го нуди ПЛ и ќе ја гледаме на сателитска и кабловска, а Харалампие и ФФМ можат да се е**т :bip: но не и да одлучуваат што ќе гледаме. Колку се способни видовме и сега по начинот на организација на продажбата на влезниците за натпреварот Македонија-Шпанија(но тоа е друга тема).
 
Вила го зема Даунинг, повремено прва постава во репрезентација.И не се напредува само со новите играчи, туку се воигрува составот од лани. Мислиш дека оваа година Сити ќе бидат успешни ? Минимум треба една сезона да се воиграат. Младите, кои што имаат повеќе настапи во у21 веќе пораснаа(Милнер,Јанг,Агбонлахор,Дејвис,Рео-Кукер) и се играчишта, не се странци, што му крева вредност. И Делф не е уште земен, инаку е голем талент.

Делф денеска потпиша а даунинг ке паузира до јануари нз дали прочита до негде си во право со воигруванјето на играчите таков е примерот со евертон.2 3 години купуваат само по 2 играчи а цело време се на врвот.Тешко нас годинава портсмут жестоко ке се бори за опстанок.За кој тим си ти од премиер лига?
 
Делф денеска потпиша а даунинг ке паузира до јануари нз дали прочита до негде си во право со воигруванјето на играчите таков е примерот со евертон.2 3 години купуваат само по 2 играчи а цело време се на врвот.Тешко нас годинава портсмут жестоко ке се бори за опстанок.За кој тим си ти од премиер лига?

Јунајтед. Ама гласав за Тотенхем на анкетата, озбилно. Ви ги земаа и Дефо и Крауч. Тешко ќе биде за опстанок за вас, ама има и послаби, овие новите не се ништо особено, а и Стоук и Хул се сепак слаби, иако имаа солидна сезона лани. Тоа се вика синдром на втора сезона во Англија, никој не знае зошто се случува. Првата сезона кога се влегува во ПЛ, веројатно затоа шо никој не те сфаќа озбилно, се игра феноменално, потоа се паѓа во втора. Пример: Виган кога влезе прв пат, имаше закон сезона.
 
Ако Манчестер биде прв,bobipp ќе носи видео на профил по мој избор,до почетокот на следната сезона..Ако Челзи биде прв,обратно..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom