Barclays Premier League 2009/2010

Кој според вас ќе ја освои Barclays Premier League во сезоната 2009/2010?


  • Вкупно гласачи
    438
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.498
Поени од реакции
22.208
Ќе даваат ПЛ и на РТЛ,така да и да има казнени часови,ку*от нема да ни чуе

А тие што ја немаат РТЛ??..Со таквото во рака...Затоа си ставив неограничен интернет..Абе си знам јас..
 
Член од
3 август 2009
Мислења
178
Поени од реакции
2
Јунајтед. Ама гласав за Тотенхем на анкетата, озбилно. Ви ги земаа и Дефо и Крауч. Тешко ќе биде за опстанок за вас, ама има и послаби, овие новите не се ништо особено, а и Стоук и Хул се сепак слаби, иако имаа солидна сезона лани. Тоа се вика синдром на втора сезона во Англија, никој не знае зошто се случува. Првата сезона кога се влегува во ПЛ, веројатно затоа шо никој не те сфаќа озбилно, се игра феноменално, потоа се паѓа во втора. Пример: Виган кога влезе прв пат, имаше закон сезона.

Да знам очекувам хал и стоке да испаднат ама никој не можи да знај пл е најатрактивна токму заради тоа нема фаворит.Мн ми е жал за Крауч според мене најдобар напагач за англиски прилики типчен англиски центарфор со висок скок и добра игра со глава.Пикион е ново засилување ке биди ептен тешка сезона ама не се предаваме во никој случај само ал-фахим да не превземи и ке биди супер.Барем јамес и дистин да останат и уште 5 играци ке можиме да опстаниме се е можно во таја лига.Јунајтед е добар ама и тие се во финансиска криза сигурно зато не купија добри и скапи играчи ама според мене овен е мн добар само ако не се повредува.Од кај си ти? Јас сум од Крушево
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
679
Поени од реакции
30
Кавадарци. Мислам дека ќе остане Портсмут, тесно како и пред 2 години. Додека беше оној србото некој газда, на М. мислам се прозиваше, мафијашот, добро ви одеше. Од спас во горен дел на табела.
Инаку, Џејмс оваа година ќе биде најстариот во цела ПЛ.
 
Член од
3 август 2009
Мислења
178
Поени од реакции
2
Мандарич.Тој беше нешто како привремен сопственик и после него дојде Саша гајдамак тој е вистинскиот херој со него реднап ја напрај таја "gold generation" која го освој фа купот сега да видиме со ал фахим доколку го превземи клубот со него како ке биди
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
1.232
Анализа на ривалите и Јунајтед

Моја анализа на ривалите, нивните засилувања и шанси за титулата.

Ливерпул​


Не сум премногу загрижен за нив.Имаат добар прв состав, со неколку прва класа играчи, но немаат добра клупа. Требаат само повреди на 2 клучни играчи и ќе се мачат да продолжат.Во последно време, нивниот главен играч според мене, Торес, многу повеќе стана склон на повреди а причината е најверојатно неговата работа која вложува на теренот како единствен напаѓач.Треба многу кондиција да трчаш сам во нападот 90 минути и сите надежи за освојување нешто да бидат вперени во него.Кога ќе ги погледнете замените ќе ви стане јасно.

Имаат шанси да ја освојат титулата али им треба многу среќа,да немаат повреди и да се надеваат дека Челзи и Јунајтед ќе имаат лоша сезона.

За трансферите, мислам дека Рафа повторно згреши, 38 милиони за просечен бек и играч склон на повреди, а продавајќи го 2 класи подобриот Алонсо и солидниот Арбелоа.

Шанси за титула: 6/10


Челзи​


Добар систем во тимот и ги гледам како доста солидни и како најголеми конкуренти за титулата.Ќе биде интересно да се види како ќе функционираат со новиот менаџер и новите играчи, досега им оди супер и со трансферите и со резултатите. Жирков,Трнбол и Стариџ се солидни засилувања за парите дадени, поготово првиот кој верувам дека ќе биде супер играч во иднина.

Шанси за титула: 8/10


Арсенал


Ги сметав како главни конкуренти за титулата се додека не почнаа со катастрофалните трансфери. Едвај успеаа да се изборат за 4то место минатата сезона со Адебајор и Туре, а сега без нив и без нови засилувања би се покажало како многу лош потег од Венгер.Очекувам од нив да купат неколку нови играчи пред да дојде преодниот рок.

Шанси за титула: 5/10


Манчестер Сити


Добри засилувања,но сепак додека им е менаџер Марк Хјуз нема за што да се грижиме.Се надевам дека ќе земат некој поен на тимовите погоре.

Шанси за титула: 3/10


И за крај да го анализрам мојот тим

Манчестер Јунајтед

Го изгубивме Роналдо, и на хартија тоа не прави послаби, но неговиот рекорд на лигашки голови здрастично се намали од 07/08 сезоната.Даде 19 минатата сезона, што е солидно но според мене нема да биде тешко да се замени.Да ги тргнеме неговите голови од пенали и да ги додеме на вкупниот гол на голови Руни што ги даде, ќе имаше повеќе голови во 06/07 и 08/09 сезоните.Роналдо ќе фали во Европа најмногу, кога не бевме избалансирани а Роналдо играше на страната, со еден удар од 30 метри можеше да го реши натпреварот.Сепак не правеше предвидливи,целата игра да оди по него, поготово во големите натпревари, каде што игравме многу слабо минатата сезона а исто и дадените голови беа премалце споредено со другите екипи.Сезнава очекувам да бидеме по избалансирани.

Освен Роналдо, нашиот успех во последниве декади беше поради тимска работа, не големи имиња.Да, секогаш сме имале имиња, но сите биле тимски играчи.Ако не се земе во предвид модерниот фудбал каде што се гледа да се донесат големи имиња и да се иам голем буџет, титулите се освојуваат на теренот,а Јунајтед според мене го има најдобриот состав и најдобриот тренер за да ја освои Премиер лигата повторно.Првите 11 можда не ни се најсјајни, но се гледа квалитетот целата екипа, од академијата до резервите,клупата и менаџерот.Имаме фантастичен тим, брилијантен менаџер,победнички менталитет и 90 милиони кои можеме да ги трошиме кога сакаме ако ни притребаат.Дефинитивно ја очекувам титулата во Премиер лигата да ја земеме ние, и да го поминеме рекордот на Ливерпул, се останато ќе биде бонус.

Шанси за титула: 9/10

Целата статија е напишана од мене и ја има на мојот блог (линк во насловот).
 
Член од
2 август 2009
Мислења
975
Поени од реакции
380
Навивач сум на АРСЕНАЛ и нема веза оти ги продадоа коло и адебајор мислам дека сепак пак мозе да направи некоја глупост и да биде добар тим:toe:
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.630
Поени од реакции
11.231
Во Сабота на Сител:

13.45ч Челзи - Хал
16.00ч Блекбурн - Ман.Сити

Во Недела:

14:30ч Ман.Јунајтед - Бирмингем
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.496
Во Сабота на Сител:

13.45ч Челзи - Хал
16.00ч Блекбурн - Ман.Сити

Во Недела:

14:30ч Ман.Јунајтед - Бирмингем
Да не покажаа на рекламата кој ќе коментира?:vozbud: За болдираниот натпревар зборувам. Ваљда нема уште од прво коло да го слушам.....
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.630
Поени од реакции
11.231
Да не покажаа на рекламата кој ќе коментира?:vozbud: За болдираниот натпревар зборувам. Ваљда нема уште од прво коло да го слушам.....
Видов на sitel.com.mk, така да ништо незнам за тоа кој ќе биде коментатор. :wtf:
Пу пу, само он не.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
se nekako me vlece nakaj liverpool deka ke ja osvojat anglija oti dolgo vreme ne osvoile angliska titula
posle na vtoro mesto gi stavam celzi a na treto mancester,mislam deka dosta mu bea tri tituli na ferguson po red sega ke nema sila za cetvrta titula
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Анализа за сезона 2009/10: Манчестер Јунајтед

Бранителот на трофејот од ланската сезона Манчестер Јунајтед со доста изменет состав ќе стартува оваа сезона. Ќе го нема носителот на играта во последните три сезони Кристијано Роналдо. Заради него “црвените ѓаволи“ направија хет-трик во Англија и најпосле се израмнија на врвот според бројот на трофеите со Ливерпул.
Сепак сумата која ја заработија е највеќе што досега некој клуб ја заработил во историјата на фудбалот. Неверојатни 94 милиони евра.
Лошото е што освен Португалецот составот го напушти и Карлос Тевез, уште еден играч кој беше доста важен во играта на сер Алекс.
“Стариот лисец“ се обиде да донесе вистинска ѕвезда како замена за најдобриот фудбалер во светот, но некако не му успеваше. Го изгуби и Бензема во кој ги вложи сите надежи, не успеа со Рибери, Агуеро и Давид Виља и повлече доста очајнички потези со ангажманите на Мајкл Овен и Антонио Валенсија.

Но не треба да ве залажува сето ова, Ферги одсекогаш имал скриен адут во својот џеб. Ништо чудно оваа сезона Мајкл Овен да се врати на старите патеки. Отсекогаш знаел да постигнува голови, но повредите го спречија да биде она што требаше да биде. Тука уште многу има да покаже и Бугаринот Бербатов, кој лани беше доста тивок.
Доста млад потенцијал седи на клупата. Тука е младиот крилен играч Зоран Тошиќ кој добиваше доста шанса на подготвителните натпревари и одигра доста добро на турнејата во Азија. Тука се и новите заилувања Валенсија и Обертан, како и младиот Италијанец Македа.
Сепак едно е сигурно Јунајтед е послаб од она што беше во претходните години. И ако Ферги не го уигра составот и ако не најде лидер во тимот титулата може да му избега оваа сезона.
Досега дојдоа: Мајкл Овен (слободен играч), Антонио Валенсија (Виган за £16m), Габриел Обертан (Бордо за ???) и Маме Диуф (Молде за ???)
Од тимот заминаа: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид за £80m), Фрејзер Кемпбел (Сандерленд за £3.5m), Манучо(Ваљадолид за ???), Ричард Екерсејли (Барнли за ???). Позајмени се: Посебон (Брага) и Диуф (Молде).
Што значи дека најдобриот состав на Ферги би изгледал отприлиика вака: GK: Едвин ван дер Сар, DL: Патрис Евра, DC: Немања Видиќ, DC: Рио Фердинанд, DR: Вес Браун(Рафаел), MC: Мајкл Керик (Сколс), MC:Андерсон (Дарен Флечер) MR: Парк(Нани) ML: Антонио Валенсија (Рајан Гигс), FC: Вејн Руни FC: Мајкл Овен (Бербатов)

Гледајќи вака најголемиот проблем Ферги го има токму во средината. Тука несомнено фали некој креативец. Немањето на некој особено добар играч во средината на теренот повторно ќе го натера Ферги да ротира како ланската сезона. Тогаш на секој нареден натпревар не беше ист составот во средината на теренот.
Лошото е што Сколс и Гигс веќе се пред пензионирање, а немаат адекватни замени и затоа и е приморан да ротира. Лани некреативната средина ја вадеа пробивите на Роналдо, Руни и Тевез, но годинава ќе мора да се оди со друга стратегија.
Се се тоа тркачи и се вклопуваат во пресинг стратегијата на Фергусон. Седум, осум во дефанзива и само двајца- напред. Затоа и Јунајтед прима толку малку голови.
Треба некој креативец. Некој кој ќе знае да повлече да даде пас во празно. Се шпекулира доаѓање на Давид Силва кој би можел да биде тој играч, кој би му ги решил овие проблеми. Не би бил лош и Рибери, но тоа е тешко остварливо.
Исто одлично решение би бил некој одличен офанзивен десен бек преку кој би можеле да се отвараат нападите и од десната страна. Од левата Евра е одличен, од десната би можеле да инвестираат во Маикон кој и сам изрази желба за промена на средината.

Јунајтед повторно ќе бидат главни конкуренти за титулата, но не поради составот, туку поради цврстината и искуството како на тимот така и на Фергусон. Оваа сезона ако не направат некои офанзивни промени ќе биде мачење да се гледаат. Тоа ќе биде игра на сила, со многу трчање, но повеќе ќе личи на рагби отколку на фудбал. Би требало да ја поправат серијата победи едноподруго од 1:0 што ја имаа ланската сезона.
Тоа го прави Манчестер шампион, што знае да победува и кога незнае да игра. Има најдобра одбрана во светот и најдобар стратег во светот. Сега нема тројца напаѓачи има еден, но ништо чудно Ферги да направи магија и пак да постанат тројца.
Останува да видиме дали ќе станат најуспешната екипа на сите времиња во Англија.



Анализа за сезона 2009/10: Челзи

Составот на Карло Анчелоти веќе го освои својот прв трофеј сезонава. Во неделата во Комјунити Шилд натпреварот на пенали славеше над шампионот Јунајтед.
Карактеристично за “плавите“ во овој преоден рок е што како никогаш досега беа мирни. Роман Абрамович нудеше многу пари за Давид Виља, Агуеро, Пато, Пирло и Рибери, но никој од овие не дојде. Повеќето не ги пуштија сопствените клубови со обрзложение дека не се за продажба.
Сепак и вака тие имаат доста квалитетен состав пред се благдарение на шопингот кој го имаа претходните менаџери.
Не продадоа никој од своите појаки играчи, а се засилија само со “рускиот Роналдињо“ и доста талентираниот напаѓач Даниел Стариџ за чии права ќе се тужат со Сити.
Имаше шпекулации за заминување на доста фудбалери, но Ешли Кол, Деко, Карваљо, Дрогба, Џо Кол и Џон Тери решија да останат на Стенфорд Бриџ со што се задржа борбата за место во стартниот состав.
Во Челзи дојдоа: D/ML: Јури Жирков (од ЦСКА за £18 m), FC: Даниел Стариџ (слободен агент) и GK: Рос Трнбул (слободен агент)
Од тимот си заминаа: Бен Сахар (Еспаниол £850 000) и Минеиро (отпуштен). Позајмени се: Слободан Рајковиќ (Твенте), Мирослав Сточ (Твенте), Франко Ди Санто (Блекбурн) и Скот Синклер (Виган)

Најдобриот состав на Челзи би требало да биде: GK: Петар Чех, DL: Ешли Кол, DC: Џон Тери, DC: Алекс (Карваљо), DR: Жозе Босингва, DMC: Микаел Есиен, MC: Михаел Балак, MC: Џон Оби Микел(Деко), AMC: Френк Лампард, FC: Дидие Дрогба, FC: Николас Анелка
Од клупа шанса ќе чекаат: Бранислав Ивановиќ, Јури Жирков, Белети, Џо Кол, Малуда, Саломон Калу и Даниел Стариџ

При тоа ова важи за традиционалната дијамант формација на Анчелоти, но ако се реши за 4-5-1 фирмација со само Дрогба во нападот, тогаш во игра влегуваат Жирков кој најверојатно ќе игра како лево крило и Малуда како први опции на крилните позиции.
Доста опции му се отворени на Карлито и има секаков вид на фудбалери и може да игра каква сака формација. Може најголемиот проблем му е што со Милан никогаш не играше со двајца “тешки“ шпицови како Дрогба и Анелка, па и затоа се обидуваше да го донесе Пато кој е млад и доста полетен и би можел и да игра малку поназад. Токму тоа и највеќе му фали на Челзи, “класа“ напаѓач, некој брз, со неверојатна техника како Пато, Виља и Торес. Ако успеат да го донесат Виља например би биле главни фаворити за титулата.
Со тоа што го покажаа во подготвителниот период, стартуваат како благи фаворити во однос на Јунајтед, Ливерпул и Арсенал. Едноставно како да немало одмор за нив. Скоро да е задржана е формата и силниот ритам кој го наметна Гус Хидинк во вториот дел од ланското првенство. Ви сите натпревари беа далеку понадмоќни од своите противници.
Средниот е најсилното оружје на Анчелоти. Пред се неговата цврстина, но и техниката која ја поседуваат Есиен, Балак, Микел, Џо Кол и Деко е далеку над сите фудбалери кои се од тој калибар. На сето ова кога ќе се додаде и Лампард кој лани имаше фантастична сезона, одлично се снајде во улогата на вистински плејмејкер и ако одигра на слично ниво тогаш тешко дека некој ќе ги запре. Да не се заборави и Малуда кој се препороди по доаѓањето на Хидинк, како и новото засилување Жирков.
Друго оружје е новиот менаџер Анчелоти. На Карло едноставно му лежи тој англиски фудбал, без многу креативност, со долги топки, брзоплета игра и многу трчање. Едноставно ужива да ја разбива таа игра, има еден тон тактики за нејзе. На сето тоа дојде во тимот во кој може да ја игра која тактика ќе посака и тоа со многу квалитетни фудбалери, така да тоа е голема предност за разлика од претходно со Милан.
Доброто за тимот е што не дојде Пирло бидејќи со тоа ќе се растуреше целата концепција на тимот и ќе резултираше со лоши резултати. Бавен и нежен играч како Пирло не би можел да се приспособи на играта во Челзи.
Најголемата опасност е ако нападот не профункционира и ако се повреди некој од незаменливите(Есиен и Лампард). Анчелоти знае да направи голем притисок кога му треба, но за да има резултат ќе мора да има и голови од Дрогба и Анелка. Токму тоа и најмногу недостасуваше во Челзи минатата сезона, константност во нападот. Ако го добијат и тоа, тогаш останатите екипи ќе треба да се надминат себеси за да бидат конкурентни во битката за титулата.

Челзи е благ фаворит, но истото беше и во ланската сезона, а сепак Јунајтед како и Ливерпул се надминаа себеси и завршија пред “плавите“.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Анализа за сезона 2009/10: Арсенал

Продолжуваме со претставувањето на топ екипите од Премиер лигата. На ред дојде составот на Арсенал.
Уште еден кризен трансфер период на составот на Венгер. Повторно Французинот си игра со срцата на најверните навивачи и повторно си игра со прогнозите на сите спортски работници.
Нешто слично се случуваше и кога пред две сезони си замина Анри, Пирес, Љунберг...Сите си помислија готово е со Арсенал, ќе се бори за средината на табелата, а тимот се до последните 4-5 кола беше во позиција да стане шампион на Англија.
Сепак сега е малку подруга ситуацијата. “Топџиите“ изгубија два многу значајни фудбалери во Адебајор и Коло Туре, пред се голема загуба е заминувањето на репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска бидејќи тој беше најдобриот дефанзивец на тимот и немаат адекватна замена за него.“
Подруга е ситуацијата бидејќи играчите кои ќе ги заменат овие фудбалери се многу млади и немаат никакво искуство во себе, а уште поголемиот проблем е што додека биле во тимот немало многу постари и поискусни фудбалери да им го пренесат сето тоа искуство и да научат нешто од нив. И тие играчи кои го носат сега товарот се доста млади и не поминале низ се во својата фудбалска кариера.

Во тимот дојдоа: Томас Вермаелен (Ајакс за £10m), Гавин Хојт и Арман Траоре кои беа позајмени.
Од тимот си заминаа: Коло Туре (Манчестер Сити £16m) и Емануел Адебајор (£25m).

Најдобиот состав на Арсенал би изгледал вака: GK: Мануел Алмунија DL: Гаел Клиши, DC: Томас Вермаелен (Силвестре), DC: Галас (Александре Сонг), DR: Бакари Сања, DMC: ??? (Абу Дијаби), MC: Фабрегас MC: Насри (Денилсон), FL: Андреј Аршавин (Едуардо), FR: Тио Волкот, FC: Робин Ван Перси
На клупата своја шанса, освен оние кои се во заградите ќе бидат и Џуру, Гибс, Ебуе, Вилшер, Рамзи, Росицки, Вела и Бентнер.

Всушност вака кога ќе видите Арсенал има на располагање огромен број на играчи, но тоа е само поради фактот што некои позиции не им се дефинирани т.е не се квалитетно покриени и се бара играчот кој во моментот може да пружи максимум.
Со напомена дека на првите неколку кола ќе бидат и без Росицки и Насри кои се повредени. При тоа Ебуе и Галас би требало да си заминат од тимот.
И самиот Венгер изјави дека сезонава ќе пробаат со 4-3-3 формација ќе ја копираат Барселона. Незнам колку тоа е добра идеја, бидејќи Барселона токму против англиските екипи играше најтешко. Манчестер, Челзи и Ливерпул ги запреа Каталонците и не им дозволија да ја играат својата игра.
А тимот на Барселона и Арсенал едноставно неможе да се споредува. Да, тројката во нападот е убиствена, но во средината многу фали цврстина, некоја машина за трчање како Есиен, некој кој ќе ги поправа грешките кои ќе ги поправи и одбраната и средината, некој кој ќе и дава стабилност на играта.
Исто немањето на квалитетна централна двојка е огормен проблем. Во Премиер лигата тоа е разликата помеѓу екипите од четворката и сите останати. Арсенал си го продаде тоа и сега тешко дека ќе го надокнади.
Во случајов трансфер на играчи со квалиетот на Де Роси и Филип Мекес би ги покрил сите проблеми на Венгер и Арсенал повторно би бил главен конкурент за титулата. Вака едноставно нема шанси и да има тие се минимални и ќе се остварат само доколку Ливерпул, Јунајтед и Челзи изгубат доста бодови и не избегаат на почетокот, што во последниве сезони е скоро невозможно.
Проблемот со Арсенал е нивната константност. Колку и да играат перфектно, колку и да нивната игра е уживање за гледачите, настапува период од еден месец или повеќе во кој паѓаат во формата, го губат ритамот и со тоа ги губат шансите за било каков трофеј.
Сето тоа е плод на неискуство, сето тоа е плод на форсирање на нешто што е едноставно невозможно. Неможете да форсирате деца од 17-20 години и при тоа да се вадите со нивните повреди. Многу е нормално ако ги префорсирате дека ќе се повредат. Затоа и Арсенал има толку проблеми со повредени играчи. Цврстината се создава со искуство, години и години, а не со 4-5 тешки одиграни натпревари.
Може Венгер е машина за правење пари, но тие пари ги користат газдите на клубот, а не тимот. Затоа и не сфаќам која е поентата да си ги продавате најдобите фудбалери. Така не се менаџира еден клуб и затоа во сето ова што е досега вложувано, бенифициите ќе ги користат другите клубови.
Арсенал сезонава ако не се донесе достојна замена во средина или дефанзива ќе се бори да го задржи 4-то место од Манчестер Сити, секое место погоре ќе биде големо изнанадување.

Анализа за сезона 2009/10: Манчестер Сити

После анализата на шпанските гиганти се селиме на островот. Одиме кај сината половина на Манчестер. Гледам да анализирам екипи кои веќе прилично го засилија тимот и тоа што подоцна ќе го земат нема да им менува многу.
Тимот на Манчестер Сити прилично се истроши за време на овој трансфер период. Потрошија околу 130 милиони евра, а земаа прилично квалитетни фудбалери и со самото тоа ја поттикнаа англиската јавност да размислува на нив како фаворити за влез во најдобрата четврка, нешто што беше незамисливо во последниве неколку години.
Земаа неколку проверени и искусни фудбалери кои беа носители во своите тимови. Пред се мислам на Карлос Тевез и Коло Туре.
Колку и некоја екипа во Англија да има квалитетен напад или средина, на крај решава одбраната. Затоа и на Сити им беше потребен дефанзивец од појаката класа, кој сигурно ќе го имаат во Коло Туре.
Додека во Тевез добиваат е мотор на екипата, во секоја смисла на зборот. Играч кој е неуморлив, подвижен напред-назад, може да дејствува на моралот на своите играчи, едноставно психички доста цврст карактер со шампионски амбиции, но и со шампионско искуство нешто што му е неопходно на некој тим кој сака да оди чекор погоре на квалитативно ниво.
Со овие трансфери Хјуз го имитира свјот колега од црвената половина на Манчестер. Цврста одбрана, со цврста средина, опасни брзи и снаодливи напаѓачи.

Досега на Истленд дојдоа: Герет Бери(Астон Вила за £12m), Роке Санта Круз (Блекбурн за £17m), Стујарт Тејлор (Астон Вила - слободен), Карлос Тевез ( откупен за £25.5m), Емануел Адебајор (Арсенал за £25m) и Коло Туре (Арсенал за £15m).
Од тимот си заминаа: Дени Милс, Дитмар Хаман, Мајкл Бол, Дариуш Васел сите отпуштени од тимот. Желсон Фернандеш (во Ст.Етјен), Даниел Стариџ (во Челзи), Чед Еванс (во Шефилд Јунајтед £3m) и Елано (во Галатасарај за £8m). Позајмени: Жо(Евертон), Божинов(Парма), Каиседо(Спортинг) и Џо Харт(Бирмингем).
Со моменталните играчи најдобиот состав на Хјуз би требало да изгледа вака: GK: Шеј Гивен, DL: Вејн Бриџ, DC: Коло Туре, DC: Мика Ричардс(Винсент Компани), DR: Пабло Забалета(Мика Ричардс), DMC: Најџел де Јонг(Винсент Компани), MC: Стивен Ајрланд, MC: Герет Бери, FL: Робињо, FR: Тевез и FC: Адебајор
Од клупата своја шанса ќе чекаат: Шмајхел, Дан, Мајкл Џонсон, Петров, Врајт-Филипс, Белами и Роке Санта Круз.

Според составот кој го поседува Хјуз може да се види дека има исклучително квалитетени играчи на секој дел од теренот. Може бековските позиции не се некои топ квалитетни играчи и би требало таму да дојде до некоја промена, пред се Забалета кој доста разочара во ланската сезона. Би можело младиот Ричардс да се префрли на таа позиција, а да се донесе друг дефанзивец. Менаџерот на Сити сака во своите редови да го види дефанзивецот на Евертон Џолеон Лескот кој може да игра и централно и лево, па ако дојде до таа промена веќе ќе има тројца квалитетни играчи кои можат да ротираат странично, централно(Туре, Лескот и Ричардс) што би било квалитет плус од тактичка гледна точка.
Исто и во средина се има потреба од некој екстра класа играч, некој креативец ако сака да игра со 4-ца во средина. Вака сите се блиску во квалитет. По се изгледа Петров ќе си оди. При игра со четири во средина Филипс би требало да добива шанса, па со огелед на пробивност и брзината би се снашол и лево која е малку дефицитарна позиција во тимот.
Нападот е топ и моментално го имаат најсилниот во лигата, но дали ќе биде и најпродуктивниот ќе треба да видиме по завршувањето на сезоната. Аде, Робињо и Тевез се екстра класа фудбалери, но ќе треба да се види како ќе се читаат меѓу себе. Аде и Робињо важат за доста себични фудбалери и тоа може да биде опасно.
Се на се “граѓаните“ склопија фантаситчна екипа и ако имаа искуство повеќе, ќе беа и конкуренти за титула, а вака останува само да се борат за место во ЛШ, најверојатно 4-то, бидејќи Јунајтед, Челзи и Ливерпул се пред нив како на квалитативно така и на тимско ниво, за разлика од Арсенал кој квалитативно е под нив, но има најголем тимски дух од сите.
За мене најголемиот проблем ќе биде менаџерот Хјуз. Велшанецот нема авторитет, а и квалитет да се справи со сите овие ѕвезди и тимот може да се распадне уште на стартот. Затоа најубаво ќе беше да се донесе некој поквалитетен менаџер, некој со големо искуство. За да се води шампионски тим ви треба и менаџер-шампион.
Сепак може да грешам, останува да видиме. Сити вака има состав за топ 4, но дали ќе влезе!?!
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
да се надеваме манчестер утд :wink:
 
F

fantomX

Гостин
Анализа за сезона 2009/10: Челзи

Составот на Карло Анчелоти веќе го освои својот прв трофеј сезонава. Во неделата во Комјунити Шилд натпреварот на пенали славеше над шампионот Јунајтед.
Карактеристично за “плавите“ во овој преоден рок е што како никогаш досега беа мирни. Роман Абрамович нудеше многу пари за Давид Виља, Агуеро, Пато, Пирло и Рибери, но никој од овие не дојде. Повеќето не ги пуштија сопствените клубови со обрзложение дека не се за продажба.
Сепак и вака тие имаат доста квалитетен состав пред се благдарение на шопингот кој го имаа претходните менаџери.
Не продадоа никој од своите појаки играчи, а се засилија само со “рускиот Роналдињо“ и доста талентираниот напаѓач Даниел Стариџ за чии права ќе се тужат со Сити.
Имаше шпекулации за заминување на доста фудбалери, но Ешли Кол, Деко, Карваљо, Дрогба, Џо Кол и Џон Тери решија да останат на Стенфорд Бриџ со што се задржа борбата за место во стартниот состав.
Во Челзи дојдоа: D/ML: Јури Жирков (од ЦСКА за £18 m), FC: Даниел Стариџ (слободен агент) и GK: Рос Трнбул (слободен агент)
Од тимот си заминаа: Бен Сахар (Еспаниол £850 000) и Минеиро (отпуштен). Позајмени се: Слободан Рајковиќ (Твенте), Мирослав Сточ (Твенте), Франко Ди Санто (Блекбурн) и Скот Синклер (Виган)

Најдобриот состав на Челзи би требало да биде: GK: Петар Чех, DL: Ешли Кол, DC: Џон Тери, DC: Алекс (Карваљо), DR: Жозе Босингва, DMC: Микаел Есиен, MC: Михаел Балак, MC: Џон Оби Микел(Деко), AMC: Френк Лампард, FC: Дидие Дрогба, FC: Николас Анелка
Од клупа шанса ќе чекаат: Бранислав Ивановиќ, Јури Жирков, Белети, Џо Кол, Малуда, Саломон Калу и Даниел Стариџ

При тоа ова важи за традиционалната дијамант формација на Анчелоти, но ако се реши за 4-5-1 фирмација со само Дрогба во нападот, тогаш во игра влегуваат Жирков кој најверојатно ќе игра како лево крило и Малуда како први опции на крилните позиции.
Доста опции му се отворени на Карлито и има секаков вид на фудбалери и може да игра каква сака формација. Може најголемиот проблем му е што со Милан никогаш не играше со двајца “тешки“ шпицови како Дрогба и Анелка, па и затоа се обидуваше да го донесе Пато кој е млад и доста полетен и би можел и да игра малку поназад. Токму тоа и највеќе му фали на Челзи, “класа“ напаѓач, некој брз, со неверојатна техника како Пато, Виља и Торес. Ако успеат да го донесат Виља например би биле главни фаворити за титулата.
Со тоа што го покажаа во подготвителниот период, стартуваат како благи фаворити во однос на Јунајтед, Ливерпул и Арсенал. Едноставно како да немало одмор за нив. Скоро да е задржана е формата и силниот ритам кој го наметна Гус Хидинк во вториот дел од ланското првенство. Ви сите натпревари беа далеку понадмоќни од своите противници.
Средниот е најсилното оружје на Анчелоти. Пред се неговата цврстина, но и техниката која ја поседуваат Есиен, Балак, Микел, Џо Кол и Деко е далеку над сите фудбалери кои се од тој калибар. На сето ова кога ќе се додаде и Лампард кој лани имаше фантастична сезона, одлично се снајде во улогата на вистински плејмејкер и ако одигра на слично ниво тогаш тешко дека некој ќе ги запре. Да не се заборави и Малуда кој се препороди по доаѓањето на Хидинк, како и новото засилување Жирков.
Друго оружје е новиот менаџер Анчелоти. На Карло едноставно му лежи тој англиски фудбал, без многу креативност, со долги топки, брзоплета игра и многу трчање. Едноставно ужива да ја разбива таа игра, има еден тон тактики за нејзе. На сето тоа дојде во тимот во кој може да ја игра која тактика ќе посака и тоа со многу квалитетни фудбалери, така да тоа е голема предност за разлика од претходно со Милан.
Доброто за тимот е што не дојде Пирло бидејќи со тоа ќе се растуреше целата концепција на тимот и ќе резултираше со лоши резултати. Бавен и нежен играч како Пирло не би можел да се приспособи на играта во Челзи.
Најголемата опасност е ако нападот не профункционира и ако се повреди некој од незаменливите(Есиен и Лампард). Анчелоти знае да направи голем притисок кога му треба, но за да има резултат ќе мора да има и голови од Дрогба и Анелка. Токму тоа и најмногу недостасуваше во Челзи минатата сезона, константност во нападот. Ако го добијат и тоа, тогаш останатите екипи ќе треба да се надминат себеси за да бидат конкурентни во битката за титулата.

Челзи е благ фаворит, но истото беше и во ланската сезона, а сепак Јунајтед како и Ливерпул се надминаа себеси и завршија пред “плавите“.
Како никогаш досега биле мирни...:pos2: А шо треба да се прај бе?

Тврдам дека никогаш немало понуда за Агуеро, Рибери и Виља. За Пато исто мислам, иако не сум сигурен. За Прило е точно. Ако некој покажува некаков интерес за некој играч, не значи дека е пред негово купување, значи дека го следи играчот подолго време и „опипува пулс“, а не како што е овде (не)намерно преудицирано „нудеше многу пари“..... Али јебига, се навикнува човек. :toe:

Благодарение на шопингот на претходните менаџери...:pos2:

Не продадоа никој од своите појаки играчи....за кого зборуваме, за Шевченко и Пизаро? Или Деко?

Балак и Џон Оби Микел нема да заиграат во ист тим, барем не со Есиен, исто така. Малуда и Жирков нема да се резерви, односно едниот од нив.

На Стенфорд Бриџ, или Стемфорд беше, Виља ќе биди поголемо промашување од Пирло. Уствари, нема да е толку лош, колку шо нема парите да ги оправда, како Рајт Филипс.

Во сите натпревари биле понадмоќни од противниците....дали почитуваниот автор ги гледал натпреварите со Манчестер Јунајтед и Рединг? Нормално ќе сме понадмоќни од Сиетл и вториот тим на Интер во секое време инаку, иако верувам дека ни тие натпревари не ги гледал авторот.

Средниот ред било најсилнто оружје.....па да, ако се бориме за второ место, и некое полуфинале во ЛШ. Најсилното оружје се Дрогба и Лампард, каков црн среден ред, иако со Џо назад е подобро.

За Пирло има логика.

Доаѓаме до крајот, мината сезона.
Челзи бил благ фаворит па и лани не успеал. Па чекај бе, прво најголемото засилување не е спомнато како такво, Карло Анчелоти. Анчелоти е „тешкаш“ во споредба со „мувата“ Сколари бе, „милиот“ на Рафчо и Алекса. Конзистентност во нападот, која конзистентност со повреден Дрогба третина сезона, Дрогба кој после повредата се скара со Сколари, па повреда за пола сезона и на Кол....и капак на се, Сколари никако да проба нешто поинакво во нападот (иако и Дрогба беше опоравен). Овие факти се „некако“ испуштени, од некоја причина.

Анализа за сезона 2009/10: Манчестер Сити

После анализата на шпанските гиганти се селиме на островот. Одиме кај сината половина на Манчестер. Гледам да анализирам екипи кои веќе прилично го засилија тимот и тоа што подоцна ќе го земат нема да им менува многу.
Тимот на Манчестер Сити прилично се истроши за време на овој трансфер период. Потрошија околу 130 милиони евра, а земаа прилично квалитетни фудбалери и со самото тоа ја поттикнаа англиската јавност да размислува на нив како фаворити за влез во најдобрата четврка, нешто што беше незамисливо во последниве неколку години.
Земаа неколку проверени и искусни фудбалери кои беа носители во своите тимови. Пред се мислам на Карлос Тевез и Коло Туре.
Колку и некоја екипа во Англија да има квалитетен напад или средина, на крај решава одбраната. Затоа и на Сити им беше потребен дефанзивец од појаката класа, кој сигурно ќе го имаат во Коло Туре.
Додека во Тевез добиваат е мотор на екипата, во секоја смисла на зборот. Играч кој е неуморлив, подвижен напред-назад, може да дејствува на моралот на своите играчи, едноставно психички доста цврст карактер со шампионски амбиции, но и со шампионско искуство нешто што му е неопходно на некој тим кој сака да оди чекор погоре на квалитативно ниво.
Со овие трансфери Хјуз го имитира свјот колега од црвената половина на Манчестер. Цврста одбрана, со цврста средина, опасни брзи и снаодливи напаѓачи.

Досега на Истленд дојдоа: Герет Бери(Астон Вила за £12m), Роке Санта Круз (Блекбурн за £17m), Стујарт Тејлор (Астон Вила - слободен), Карлос Тевез ( откупен за £25.5m), Емануел Адебајор (Арсенал за £25m) и Коло Туре (Арсенал за £15m).
Од тимот си заминаа: Дени Милс, Дитмар Хаман, Мајкл Бол, Дариуш Васел сите отпуштени од тимот. Желсон Фернандеш (во Ст.Етјен), Даниел Стариџ (во Челзи), Чед Еванс (во Шефилд Јунајтед £3m) и Елано (во Галатасарај за £8m). Позајмени: Жо(Евертон), Божинов(Парма), Каиседо(Спортинг) и Џо Харт(Бирмингем).
Со моменталните играчи најдобиот состав на Хјуз би требало да изгледа вака: GK: Шеј Гивен, DL: Вејн Бриџ, DC: Коло Туре, DC: Мика Ричардс(Винсент Компани), DR: Пабло Забалета(Мика Ричардс), DMC: Најџел де Јонг(Винсент Компани), MC: Стивен Ајрланд, MC: Герет Бери, FL: Робињо, FR: Тевез и FC: Адебајор
Од клупата своја шанса ќе чекаат: Шмајхел, Дан, Мајкл Џонсон, Петров, Врајт-Филипс, Белами и Роке Санта Круз.

Според составот кој го поседува Хјуз може да се види дека има исклучително квалитетени играчи на секој дел од теренот. Може бековските позиции не се некои топ квалитетни играчи и би требало таму да дојде до некоја промена, пред се Забалета кој доста разочара во ланската сезона. Би можело младиот Ричардс да се префрли на таа позиција, а да се донесе друг дефанзивец. Менаџерот на Сити сака во своите редови да го види дефанзивецот на Евертон Џолеон Лескот кој може да игра и централно и лево, па ако дојде до таа промена веќе ќе има тројца квалитетни играчи кои можат да ротираат странично, централно(Туре, Лескот и Ричардс) што би било квалитет плус од тактичка гледна точка.
Исто и во средина се има потреба од некој екстра класа играч, некој креативец ако сака да игра со 4-ца во средина. Вака сите се блиску во квалитет. По се изгледа Петров ќе си оди. При игра со четири во средина Филипс би требало да добива шанса, па со огелед на пробивност и брзината би се снашол и лево која е малку дефицитарна позиција во тимот.
Нападот е топ и моментално го имаат најсилниот во лигата, но дали ќе биде и најпродуктивниот ќе треба да видиме по завршувањето на сезоната. Аде, Робињо и Тевез се екстра класа фудбалери, но ќе треба да се види како ќе се читаат меѓу себе. Аде и Робињо важат за доста себични фудбалери и тоа може да биде опасно.
Се на се “граѓаните“ склопија фантаситчна екипа и ако имаа искуство повеќе, ќе беа и конкуренти за титула, а вака останува само да се борат за место во ЛШ, најверојатно 4-то, бидејќи Јунајтед, Челзи и Ливерпул се пред нив како на квалитативно така и на тимско ниво, за разлика од Арсенал кој квалитативно е под нив, но има најголем тимски дух од сите.
За мене најголемиот проблем ќе биде менаџерот Хјуз. Велшанецот нема авторитет, а и квалитет да се справи со сите овие ѕвезди и тимот може да се распадне уште на стартот. Затоа најубаво ќе беше да се донесе некој поквалитетен менаџер, некој со големо искуство. За да се води шампионски тим ви треба и менаџер-шампион.
Сепак може да грешам, останува да видиме. Сити вака има состав за топ 4, но дали ќе влезе!?!
http://www.tribalfootball.com/wales-and-bellamy-draw-line-under-no-show-262788
Ова е добар приказ за сериозноста на Манчестер Сити...:pos2:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.496









































Многу интересни статистики и споредби, обрнете внимание на споредбата со цртани ликови :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom