Вака, еве мое мислење за сите кандидати.
1.
Даниел - мојата симпатија ко што знаат сите, веќе на неколку наврати сум го кажала тоа. Човекот ми зрачи со позитивна енергија и милост, кога ќе го видам ми доаѓа да го гушнам, ептен ми е срце. Башка гласот што би можела постојано да го слушам, а и има однос на сцената. Дефинитивно човек на кој би му отишла на концерт. Само се молам, без разлика на тоа кој ќе победи, да го земе некој асален што ќе му прави хитови, по можност да е тоа куќа надвор од МК. Фаворит број 1. (п.с се уште ја мразам Counting stars

. Не ја можам песната, па тоа ти е. И Лео да дојде да ми ја испее ќе продолжам да не ја поднесувам, тоа треба доволно да ви каже колку не можам да ја смислам песната)
2.
Маид - глас има одличен, иако да, се сложувам со Кристина, може да намали со драмата во некои ситуации. Вчера според мене непотребно викаше на некои моменти. Али има гласиште, има и харизма и однесување на сцена. А за ароганцијата многу ми се свиѓаше што кажа кога го прашаа, беше нешто у стил дека му е жал што мислат дека е препотентен и дека е нормално на негови години човек да има самодоверба и се согласувам со него. Мене ми е ок, искрено, не ми делува толку арогантно ко што го прават.
3.
Лукијан - слично ко Даниел. Има харизма човечето едноставно, многу е мил, има глас, а се согласувам со коментари дека највеќе му одговараат балади или акустични песни, без многу врева во позадина. Баш бев на неговиот ЈуТуб канал и ги слушав акустичните преработки, одлични се! Мислам дека нема таков тип на вокал на Балканов, потребен е еден таков. Башка многу ми е симпатично тоа што е срамежлив.

Не е онака груба срамежливост, туку мила. фаворит бр. 2
4.
Алекса - Срцката.

Да, убав е. Преубав е. Кога ќе почне да пее, првите 30 секунди не слушам ништо, само зјапам у него.

Признавам. Тој вокално не е нешто најјак, но она што го има знае одлично да го искористи и затоа ми се допаѓа. Има харизма, однесување, насмевка.

Имам замерка само што е статичен, песната што ја пееше вечерва е слободна песна у смисол дозволува мрдање на сцена, тој беше како закотвен на едно место, дури и Кристина му рече да се мрда. И ептен лошо беше облечен, ко за у маало на цигара.

Ќе догура далеку.
5.
Харис Ќато - НЕ. Има фин глас, он точно пее, без фалшови, има и емоции додека пее, тоа не го спорам. Супер е... за на Златно Славејче. Па добро бе, тој додека да стигне до 10-12 live, 10 пати ќе му измутира гласот. Све је лаж е песна која ја обожавам, а кога го слушав имав чувство ко девојче да пее. Мислам дека за 5 години, кога ќе му биде оформен гласот, може да има кариера, но се уште е многу млад. И реално убаво рекоа, 13 годишно дете пее песна со таков тежок текст.
6.
Илма - Илма има феноменален глас. ГЛАСИШТЕ. Да не знаеш колку години има, да ја чуеш на радио ќе мислиш дека има 20 и кусур. Тоа е разликата меѓу неа и Ќато. Таа веќе има оформен глас. Само мислам дека треба малку да ја разиграат. За разлика од претходните настапи овој беше подобар у смисла на изглед, облека или нели по модерните изрази “стајлинг“ и движење на сцена, ама песната беше ужасно досадна, ми падна концентрација, не можев да ја дослушам. Повеќе треба да се смее. Се уште е дете, не мора да биде толку озбилна.
6.
Александра Брковиќ - ФЕНОМЕНАЛЕН ГЛАС, али лош и беше настапот вечерва, иако во песната за спас беше подобра. Девојката нема харизма некако, по мое мислење, нема икс фактор. Мора некој да и каже да ги контролира фаците. Разбирам дека при изведување на песна треба да пренесеш емоции, ама she's overdoing it. Со фаците што ги прави, придонесува луѓето повеќе да зборат за фаците, отколку за гласот. И Жељко и искоментира дека е предраматична понекогаш и тоа и се одразува и на гласот кога сака нешто да потенцира и делува ептен грубо, а нема потреба. Другата Александра беше пожествена, помила, похаризматична, но оваа Александра едноставно има подобар глас, само уште не го користи како треба.
7.
Тамара - Јас уште чекам настап приближбно добар ко на аудицијата кога ја пееше Адел. Симпатична е, мене ми се допаѓа што си е у свој свет и филм, секој треба да си биде она што е. Затоа не мислам дека е арогантна (иако знае да има некој таков испад), туку дека едноставно си фура свој филм и не се замара. Што за мене барем е позитивна работа, која некогаш знае маалце да иритира. Но, сепак се уште не ме воодушевила. Претходниот Live беше за нијанса подобар, а на овој, едноставно ми ја уништи песната. Извинете, но тоа е една од моите поомилени песни и имаше тон фалш. Али се уште ми е мила.
8.
4U - Девојкиве мене ми се ок. Не ми се нешто wow, пошто осеќам дека во суштина нема многу-многу хемија меѓу нив зад сцена, ама на сцена звучат усогласено и се ок. Интересна беше Summertime sadness. И изглед и пеење, само имаше право Кристина, уште магла фалеше.

Еве пример, Summertime Sadness исто ми е една од омилените песни ever, ама не се жалам како ја испеаа, за разлика од претходниот пример со Тамара, оваа изведба уживав да ја слушам.
9.
Доктори - Мислам дека се доста потценети момциве од пошироката публика. Иако главно гласачко тело им се тинејџерки, сепак дечките имаат глас. На пример, The story of my life ми е исто една од омилени НОВИ песни, а тие ми ја уништија, пошто рефренот само Армин го пееше и тоа го направи ужасно, требаше друг да го пее рефренот или сите заедно. Не знам зошто го форсираат толку Армин искрено. Инаку се симпатични ептен како целина, усогласени, Happy одлично ја изведоа, полни беа со позитивна енергија, дури и јас почнав да си цупкам по дома додека настапуваа. Не ги хејтајте само затоа што тинејџерки ги сакаат, дечките се талентирани.
Заклучок од погоре наведеното:
Харис Ќато е најслаба алка и треба да си оди. Не му е тука местото, дефинитивно.
И збор-два за жирито:
1.
Кристина - Кралица ми е женава, однос, професионалност, однесување - СЕ! Реална и секогаш искрена. Не секогаш се согласувам со тоа што го кажува, ама жената има стил и ептен ја почитувам.
2.
Кики - Многу ми е добар човеков. Ме потсеќа на добриот чичко сите што сме го имале во животот. Преголема слобода им дава на натпреварувачките, треба да е построг.
3.
Емина - Малку ми се пренамага на моменти, али не е толку лоша ко што ја хејтаат по социјалниве мрежи. Иако некад коментира нешто што врска нема со настапот.
4.
Жељко - Најпријатно изненадување ми е на шоуво. Професионален, секогаш си ја завршува работата ко што треба и навистина им е посветен на кандидатите. Поинаква слика имав за него пред да почне шоуто, па и за време на аудициите, делуваше како надуван и суетен малку, ама имам чувство дека сум згрешила.
