ЈЈ им понуди инстант слава од 1-2 години, ама слава во слушаност на деца од 10 до 15-16 години, деца во период кога не знаат што музика да слушаат па кога некој ќе е поактуелен месец за месец со песна е нивни идол, за подоцна кога ќе оформат мислење за музика да фураат сосема друг стил. Во однос на правење пари ЈЈ правилно си тераше, виде со Елвир дека го истаде максимумот, ги зеде Некст Тајм, исто со нив година две и им го истај максимуот и после со Тони Зен и Слаткар. Ама во однос на квалитет на музика беше 0, зошто пројдуваа доста комерцијализирани песни со 0 тема на текст и музика, песни кои се слушаат 2-3 месеци кога се актуелни, а после тоа...Притоа дел беа и плагијат, а продукциски со настапи маста им ја извади на сите и тоа 50-50 или 60-40 делеле од секој настап. Некст Тајм можеби не се поактуелни сега од тогаш, ама во однос на музички квалитет песните им се далеку подобри од тогаш. Истото и со Зен, а Елвир уште е кај него ама не може повеќе да пројде. Лејм песни остануваат запаметени 1-2 месеци додека се актуелни, а продукциско добри песни со квалитет на матрица и суштина на текст долго време се евергрин, така да за Даниел ЈЈ ќе биде 10 скалила назад, ама чисто се сомневам дека Жељко нема да го зеде под своја продукција, а и тоа да не се случи и го зеде продукција од кај нас тоа би била БМА зошто другарот кој го пријавил на Х Фактор работи во таа продукција.