Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
А нели мислите дека националистичко гледање на работите е примитивно? Во ред е да се пофали и искритикува својот кандидат, ама да се величи како да е најдобо и невидено нешто е премногу. Ова не е меѓународен натпревар, туку шоу.

И што сакаше да кажеш сега? М? Дека Каролина Пресвета е најдобра и другите не заслужуваат да се споменат?
 
Колку и да се труди Даниел едноставно ова натпреварување на крајта ќе биде одлучено врз база на гласовите од сопствената земја. Така да мислам дека победник ќе биде Илма затоа што Босанците а посебно муслиманите се познати по гласање по религиска или национална линија. Второ место најверојатно ќе заземе некој Србин а Даниел ќе биде трето или четврто место. Но тоа е помалку битно зошто нема да биде прв пат послабо пласираните да имаат поуспешни кариери од првопласираните.
 
И што сакаше да кажеш сега? М? Дека Каролина Пресвета е најдобра и другите не заслужуваат да се споменат?
Никој мила не ја спомна Каролина. Сама си се пронајде во муабетот а :pos:

Мене Даниел ми се свиѓа не заради тоа што е Македонец, едноставно ми е мил и драг и ми зрачи со позитивна енергија, исто како и Алекса на пример, исто као и Маид. И Илма ми е топ девојката. Ваљда не треба да се правдаме зошто ни се допаѓа некој. И да не беше Македонец, пак исто толку ќе ми се допаѓаше.
Е ова е прав одговор, мило ми е кога читам вакви размислувања.
 
А нели мислите дека националистичко гледање на работите е примитивно? Во ред е да се пофали и искритикува својот кандидат, ама да се величи како да е најдобо и невидено нешто е премногу. Ова не е меѓународен натпревар, туку шоу.

А зошто да се мешаат нации во муабетов? Никој не спомна за Даниел зошто е Македонец. Друга работа каде виде дека некој го величии дека е најдобар и е невидено нешто?? Од каде го заклучи тоа? Еве и Фифи е од Македонија, Раденови исто беа па немаше нешто националистичко форсирање за нив, барем не овде. Се согласувам дека не треба да се гледа ова, како и секое шоу врз национална база, ама Даниел нема само фан база од Македонија, туку од цел Балкан. Не го фаворизираме и форсираме само ние од Македонија, туку и цел Балкан пишува за него.

Ме иритира искрено што се бара секоја најмала ситница да му се стави црна дамка само на него од сите учесници, а најмногу ме иритира што ние Македонцие сме едни од тие инициатори околу ширење такви невистини. Цел Балкан му се поклонува во моментов на неговиот вокал, карактер, ама кај нас се обидува секоја ситница да се искористи за да му се наруши репутација. Секоја непроверена вест што ќе проникне, секој наслов во различна конотација со тоа што се пишува...Од километар се гледа дека Даниел и покрај ова што му се случува не е надуен во однесување, не се уфилмава како некоја ѕвезда, по карактер е најокеј од сите учесници. Се прошета слободно низ Струга и Охрид со Жељко и во секоја можност се поздрави со фановите, се слика и ред други работа.

Еве конкретно кон тебе...Зошто не постираш некои вести пример за некој друг учесник, оваа тема е за Х Фактор, не е фан клуб на Даниел?

Мене искрено Даниел ми е фаворит, не зошто е Македонец, зошто е едноставен, има одличен вокал. Добри ми се и Доктори и Александра, а покрај Даниел фаворит ми беше и Милош што испадна, да не мислиш дека по национална база ги селектирам. Како што не ти коментирам тебе зошто ти ја сакаш Каролина, а не Северина (рандом ја зедов), поради тоа што е Македонка?? Тоа си е твој вкус и нема дискутирање за вкусови, а искрено ме радува такви како тебе што слушаат, почитуваат македонски артист и го следат.
 
Чим се фатил со овие не му предвидувам блескава иднина и кариера. Нека се тргне од овие, има квалитет, не му требаат они за да се пробие на македонската сцена, така и така е ужас. Нека го слуша Жељко и безразлика дали ќе победи или не на X Factor ќе има многу подобра кариера отколку вакви глупости да снима.
 
Песнава е снимена уште летото. Уште пред да се пријави на Х Факторот. Во тој период ги пее и вокалите од албумот на Тони Зен, а и кај овие ги пее вокалите од рефренот, само што овие сакаат да го искористат неговото актуелно име за публицитет и слушаност. Не верувам под палка на Жељко вакви глупости да си дозволи. Тотално се сложувам дека на овој начин само може повеќе да загуби, стварно не му одговара.
 
Незнам зошто, но Маид ми е антипатичен.
Неможам да го сварам...никако.
Самобендисан ми е, малку се занесува.
Знам една негова изјава ја гледав кога го исфрли Жељко од куќата, воопшто не ми се допадна како личност.
А осеќам дека ќе го форсираат...за жал.
 
Песнава е снимена уште летото. Уште пред да се пријави на Х Факторот. Во тој период ги пее и вокалите од албумот на Тони Зен, а и кај овие ги пее вокалите од рефренот, само што овие сакаат да го искористат неговото актуелно име за публицитет и слушаност. Не верувам под палка на Жељко вакви глупости да си дозволи. Тотално се сложувам дека на овој начин само може повеќе да загуби, стварно не му одговара.

Ахам.. незнаев дека се снимени уште летото, зашто чудно ми падна кога наоѓа време да снима песни со овие кога цело време е по концерти со Жељко и башка се спрема за X Factor.

Тоа е работата, што еве да претпоставиме дека можно е Жељко да не го земе под негово палка, се плашам дека ќе отиде по тој пат. Ќе потпише договор со Јован Јованов и ќе снима музика за фанови до 13 години, ќе биде славен 2-3 години (а можно и помалце), и после тоа ќе го снема како што ги снемува и сите што имаат потпишано договор со него.

Он неговото си го оствари, за многумина веќе е победник на X Factor, безразлика дали ќе победи или не, тешкото допрва доаѓа, а тоа е што после шоуто. Се надевам дека ќе добие понуда од Жељко (зашто се гледа дека човекот се замара со него, чим настојува да го зима со него на секој можен концерт), зашто стварно има добар глас и некоја позитивна ѕвезда во него, што лошо ќе биде да се злоупотреби од некои како Јован Јованов или тој калибар.

Сакам да победи, иако за мене фаворит останува Тамара. Колку и да е лоша во првите два настапи, сеуште мислам дека го немаме видено најдоброто од неа.
 
Чим се фатил со овие не му предвидувам блескава иднина и кариера. Нека се тргне од овие, има квалитет, не му требаат они за да се пробие на македонската сцена, така и така е ужас. Нека го слуша Жељко и безразлика дали ќе победи или не на X Factor ќе има многу подобра кариера отколку вакви глупости да снима.
Па мора човекот некако да влезе во Македонската естрада :D
 
Абе Жељко го влече Даниел по настапи, а Маид кај е во приказнава? Нели и он е кај Жељко во група?

И не знам што гледате толку лошо ако Даниел потпише со ЈЈ. Не го сакам ниту јас ЈЈ, ама да бидеме реални. Некст Тајм кога работеа со него беа ептен популарни. После го раскинаа договорот и еве сега ги нема. Слаткар кога работеше со него, па Слаткар им беше идол на сите тинејџерки. Елвир Мекиќ работеше со него, и тој се прослави. Само што сите овие тројца ги раскинаа договорите со ЈЈ па сега ги нема.
 
ЈЈ им понуди инстант слава од 1-2 години, ама слава во слушаност на деца од 10 до 15-16 години, деца во период кога не знаат што музика да слушаат па кога некој ќе е поактуелен месец за месец со песна е нивни идол, за подоцна кога ќе оформат мислење за музика да фураат сосема друг стил. Во однос на правење пари ЈЈ правилно си тераше, виде со Елвир дека го истаде максимумот, ги зеде Некст Тајм, исто со нив година две и им го истај максимуот и после со Тони Зен и Слаткар. Ама во однос на квалитет на музика беше 0, зошто пројдуваа доста комерцијализирани песни со 0 тема на текст и музика, песни кои се слушаат 2-3 месеци кога се актуелни, а после тоа...Притоа дел беа и плагијат, а продукциски со настапи маста им ја извади на сите и тоа 50-50 или 60-40 делеле од секој настап. Некст Тајм можеби не се поактуелни сега од тогаш, ама во однос на музички квалитет песните им се далеку подобри од тогаш. Истото и со Зен, а Елвир уште е кај него ама не може повеќе да пројде. Лејм песни остануваат запаметени 1-2 месеци додека се актуелни, а продукциско добри песни со квалитет на матрица и суштина на текст долго време се евергрин, така да за Даниел ЈЈ ќе биде 10 скалила назад, ама чисто се сомневам дека Жељко нема да го зеде под своја продукција, а и тоа да не се случи и го зеде продукција од кај нас тоа би била БМА зошто другарот кој го пријавил на Х Фактор работи во таа продукција.
 
Иначе имам некое чувство дека ќе ја пее Сонце за три светови... Не знам зошто, некако такво чувство ми дојде. :)

Абе Жељко го влече Даниел по настапи, а Маид кај е во приказнава? Нели и он е кај Жељко во група?

И не знам што гледате толку лошо ако Даниел потпише со ЈЈ. Не го сакам ниту јас ЈЈ, ама да бидеме реални. Некст Тајм кога работеа со него беа ептен популарни. После го раскинаа договорот и еве сега ги нема. Слаткар кога работеше со него, па Слаткар им беше идол на сите тинејџерки. Елвир Мекиќ работеше со него, и тој се прослави. Само што сите овие тројца ги раскинаа договорите со ЈЈ па сега ги нема.
А дали паметиш некоја добра песна што не е плагијат од страна на ЈЈ. ЈЈ со неговите плагијати што зема 20.000 евра по фестивали? Алал нека му се парите, ама ако Даниел потпише за него, јас ќе бидам највеќе разочарана. Не е поента само 13-14 годишни да се дерат по него, поентата е и да направи песни кои ќе останат да живеат. Преку глава ми е во државава се да се прави за инстант задоволство. Инстант успех, инстант песни, инстант слава... дај мајку малце некој да се потруди да направи кариера и име што ќе остане.
ЈЈ држи своевиден монопол, затоа после сите ги снемува, затоа што освен него, нема некој друг што може да им ја води кариерата, а сами да си прават песни од Билбилов или Димитров е многу скапо реално.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
ЈЈ им понуди инстант слава од 1-2 години, ама слава во слушаност на деца од 10 до 15-16 години, деца во период кога не знаат што музика да слушаат па кога некој ќе е поактуелен месец за месец со песна е нивни идол, за подоцна кога ќе оформат мислење за музика да фураат сосема друг стил. Во однос на правење пари ЈЈ правилно си тераше, виде со Елвир дека го истаде максимумот, ги зеде Некст Тајм, исто со нив година две и им го истај максимуот и после со Тони Зен и Слаткар. Ама во однос на квалитет на музика беше 0, зошто пројдуваа доста комерцијализирани песни со 0 тема на текст и музика, песни кои се слушаат 2-3 месеци кога се актуелни, а после тоа...Притоа дел беа и плагијат, а продукциски со настапи маста им ја извади на сите и тоа 50-50 или 60-40 делеле од секој настап. Некст Тајм можеби не се поактуелни сега од тогаш, ама во однос на музички квалитет песните им се далеку подобри од тогаш. Истото и со Зен, а Елвир уште е кај него ама не може повеќе да пројде. Лејм песни остануваат запаметени 1-2 месеци додека се актуелни, а продукциско добри песни со квалитет на матрица и суштина на текст долго време се евергрин, така да за Даниел ЈЈ ќе биде 10 скалила назад, ама чисто се сомневам дека Жељко нема да го зеде под своја продукција, а и тоа да не се случи и го зеде продукција од кај нас тоа би била БМА зошто другарот кој го пријавил на Х Фактор работи во таа продукција.
Според ова што го кажа значи најфино е Даниел да соработува со Есма. Хитовите на Есма веќе 50 години, а можеби и повеќе се слушаат, па може да направат песна која ќе се слуша наредните 50 години.
Ти донекаде имаш право..., но на Даниел доволно му е Жељко да го турне во Балканскава естрада, па после дали Жељко, дали некој друг ќе му ги прави песните, битно ќе биде познат на Балканов, а со тоа и полесно ќе му бидат прифатливи песните.

Башка последниве 4-5 години јас не сум слушнал дека некоја песна била хит повеќе од една година :)
 
Не, најфино е Даниел да не остане заглавен во Македонија. Кои хитови на Есма, различни се жанровите, дај па и ти не збори само колку да кажеш нешто.
И да, битно е кој ќе му ги прави песните, ако му се ко на Ламбе онаа последната кај што е плагијат, толку е и одвратна, ќе остане локално познат, а може и повеќе од тоа, не знам шо не е јасно.
 
Јас па и не сфаќам што е чудно во тоа што нашата естрада нема добри песни и не е слушана..... за добри песни и добри спотови требаат пари ;):)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom