Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Илма и Лукијан биле први по гласови, потоа следеле Доктори и Даниел.

Тоа се се трачеви. Само продукцијата знае кој колку гласови имал. И она погоре исто се трачеви.
Има причина заради која во секој X Factor на светов се кажува измешано редоследот на добиени гласови.
И додека трае американскиот Икс Фактор има милион трачеви за гласовите, после излага нешто друго, иако е секогаш од фаворитите.
--- надополнето: 20 јануари 2014 во 13:04 ---
https://twitter.com/ZZeljko/status/424835254114074624

Ете ги овие двајца пак се спукаа...:pos:
Не можат да издржат една цела недела, па вака на Твитер, прочитајте го твитот, па идете надоле. :)
 
Самата тематика на следниов live е домашна музика, така да сите учесници ќе пејат екс-ју песни.
Ме интересира која песна ќе ја пее Даниел, со оглед на тоа дека македонските песни и изведувачи не се толку познати, со исклучок на Тоше, Каролина, Калиопи, Леб и Сол и македонските народни песни. Ова сепак е шоу за забавна музика, така да навистина немам идеја која песна би ја пеел.

Не е тематиката на следниот live домашна музика, туку хитови од деведесетите. И мене бaш ме интересира што би пеел на македонски Даниел од деведесетите?

EDIT: Oooops, така беше првично најавено, го смениле сега, sorry.
 
Не е тематиката на следниот live домашна музика, туку хитови од деведесетите. И мене беш ме интересира што би пеел на македонски Даниел од деведесетите?
Студени нозе или Ластовица.:icon_mrgr:

Инаку, добив впечаток дека ќе пејат домашна музика, заради неколку натписи во српските медиуми, како овој.
 
Студени нозе или Ластовица.:icon_mrgr:

Инаку, добив впечаток дека ќе пејат домашна музика, заради неколку натписи во српските медиуми, како овој.

Јас сум грешка, ја смениле темата, а не видов. Го едитирав постот. Првично беше најавено дека ќе пеат хитови од деведесетите. Во право си. Темата за третиот live (сега за сега, се надевам нема да ја сменат пак) е српски, босански, македонски, црногорски и хрватски песни. Гостин ќе биде Саша Ковачевиќ.
 
Јас па прочитав дека Јелена Томашевиќ ќе биде.
Божеее... кој како сака си пишува....:pos:
 
Го замислувам Даниел утре со одличен настап на оваа песна, кога веќе пее на македонски:
Танчери во позадина, летна тема, свирачите со шешири...(y)
 
Се е ОК со шоуво само најглупо ми е ова што ги враќаат дури во трет круг. Некои отпаднале на почеток и оп одма во трет круг ептен привлегирани испаднаа. Да ги вратеа уште во првиот live ОК. Не е фер кон оние што испаднаа (младен и маја) и оп цуп ќе се протнат. А колку што сватив ги вратија со гласање преку ФБ. Тоа е најтрагичното според мене.
 
Ете со вакви изјави докажува дека не е зрел за да биде ѕвезда. Ѕвездата не сака да биде како никој туку да биде оригинален и препознатлив а тој живее во фанатизмот за Тоше Проески како и многу останати наши нови музичари. Поради тоа џабе му е се
 
Провоцираат со овие насловите.
Знаат каде е слабата точка.
Втор ваков наслов од вчера. Од авион се гледа.
 
Ете со вакви изјави докажува дека не е зрел за да биде ѕвезда. Ѕвездата не сака да биде како никој туку да биде оригинален и препознатлив а тој живее во фанатизмот за Тоше Проески како и многу останати наши нови музичари. Поради тоа џабе му е се

Ако го прочитате текстот ќе сватите дека насловот е надвор од контекст со она што е напишано подолу.. Од друга страна ова е голема провокација, како и насловот на еден претходен пост каде што пишува. ДАНИЕЛ ГО ПЕЕШЕ ТОШЕ, ДАЛИ МИСЛИТЕ ДЕКА ИСПЕА ПОДОБРО? Има многу лицемерие и многу зли намери кои би требало на некој начин да му го загорчат животот на Даниел во шоуто.. Да го изместат од колосек, а кај нас да предизвикаат бура од реакции. Се надевам ќе остане присебен како вистински професионалец..С А јас кажав еднаш ќе кажам пак тие што се осмелуваат да го споредат со Тоше, сигурно само тој пејач го знаат и немаат никакво општо познавање од музиката.. Такви луѓе воопшто не се компетентни да зборуваат на таа тема..Сите станаваме музички критичари...страшно. А тоа што го пишувате погоре би било истото мое мислење доколку Даниел би се однесувал така..но сигурен сум дека нема ни грам вистина во тоа..
 
Ете со вакви изјави докажува дека не е зрел за да биде ѕвезда. Ѕвездата не сака да биде како никој туку да биде оригинален и препознатлив а тој живее во фанатизмот за Тоше Проески како и многу останати наши нови музичари. Поради тоа џабе му е се

Ај прочитајте целосно интервјуто. Насловот е тотално изваден од контекст како прво колку да привлече читаност, новинарска финта на која некои го читаат само насловот, ама не и целата вест.

Што вика Даниел во интевјуто?
- Proeski je jedna od najvažnijih osoba u mom životu. Oduvek slušam njegove pesme, on je za mene primer i idol i nameravam da sledim njegovu ideju, njegove vrednosti, ali ne i da ga kopiram. Drago mi je kad čujem da me porede s takvim velikanom...

Каде вика дека сака да биде како него?? Добро кажува дека сака да го следи како вредност, идеал, ама не да го копира. Даниел баш си се понаша нормално и не е забеган во некој филм иако има право на тоа во моментов, а порталчињава на секој начин сакаат да привлечат читаност со мега наслов преку кој непромислено му ствараат лош публицитет во случајов со Даниел. Кога има вакви наслови отворете и расчитајте ја целата статија, гледајте од кој извор е и колку е релевантен. Даниел на едно интервју имаше изјавено дека неколку вести ги нема изјавено тој, а околу нив се крена најголема фама...
 
А нели мислите дека националистичко гледање на работите е примитивно? Во ред е да се пофали и искритикува својот кандидат, ама да се величи како да е најдобо и невидено нешто е премногу. Ова не е меѓународен натпревар, туку шоу.
 
Ете со вакви изјави докажува дека не е зрел за да биде ѕвезда. Ѕвездата не сака да биде како никој туку да биде оригинален и препознатлив а тој живее во фанатизмот за Тоше Проески како и многу останати наши нови музичари. Поради тоа џабе му е се

Пола од овие работи се измислени.
Самиот Даниел рече да дека излегле многу натписи кои врска немаат и интервјуа кои воопшто не ги дал.
Сте нашле на жута штампа се да верувате. Ваквите работи ги пишуваат баш за да се храни фанатизмот.
Туку тоа е кај луѓето, веруваат во првото нешто што ќе го напишат во жолтите медиуми. Додека не го чујам човекот со свои уши да го каже тоа, не верувам во тоа.

Го замислувам Даниел утре со одличен настап на оваа песна, кога веќе пее на македонски:
Танчери во позадина, летна тема, свирачите со шешири...(y)

Мех, ова е хитче за по радио да се свири.
Не е ништо посебно, има многу поубави македонски песни, јас би сакала да пее некој евергрин.

А нели мислите дека националистичко гледање на работите е примитивно? Во ред е да се пофали и искритикува својот кандидат, ама да се величи како да е најдобо и невидено нешто е премногу. Ова не е меѓународен натпревар, туку шоу.

Мене Даниел ми се свиѓа не заради тоа што е Македонец, едноставно ми е мил и драг и ми зрачи со позитивна енергија, исто како и Алекса на пример, исто као и Маид. И Илма ми е топ девојката. Ваљда не треба да се правдаме зошто ни се допаѓа некој. И да не беше Македонец, пак исто толку ќе ми се допаѓаше.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom