Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
А што мислите, која македонска песна би му одговарала на Даниел да ја пее, зашто секако ќе пее некоја во наредните емисии, и Жељко кажа. Јас се размислувам и ниедна не ми текнува во моментов.
Јас би рекла Чија си ама од Славе, мислам дека ќе му легне, а може и Кој да ти каже Ивана, пошто ете ја знаат и низ екс Југославија, дека е песна од Кемал Монтено

Како да не, Жељко ќе го зел Македонецов понатака, а не некој Србин.
Политика на продукцијата е ова додека трае шоуто, веројатно и Емина исто ги влече ако има некаде концерт, може и нема периодов. А другине двајца не се пејачи па да ги влечат.

А од каде знаеш?
Значи делувате ко да сакате ова да се случи... ко да сакате да остане човекот да заглави и да падне во заборав.
Ни вие (под вие мислам на сите што го застапуваат тој став) не сте баба Ванѓа, ниту ние (што мислиме поинаку) не сме. Да не предвидуваме иднини, ај да видиме како ќе се одвива може?
Сфаќам дека не може секој да го сака Даниел и тоа е сосем ок, ама дај без вакви предвидувања дека немало ништо да биде, немал Жељко да го земе, делува ко да се омаловажува. Можеби ќе успее, можеби не. Нема потреба однапред се да се осудува на пропаст.

Даниел има сам изјавено дека ако му дозволи продукцијата би сакал да ја отпее "Ој девојче девојче". После вчерашните напади не знам дали сега би се осмелил.

Подобро е забавна да пее според мене. :)
 
Мислам дека веќе кажав кои се моите фаворити:

1. Тамара Милановиќ
2. Доктори (и тоа најмногу заради Никола Станојевиќ - според мене тоа е „детето“ кое растура на ова шоу, а не Илма или Харис)

и кажав кои ми се антипатичните ликови и оние кои не ми прават мерак:

1. Илма Карахмет - заради арогантноста и суетата
2. Харис Ќато - премлад е, и не му е местото тука
3. Александра Брковиќ - заради гримасите кои ги прави
4. Даниел Кајмакоски - зошто претераа со него и зошто мислам дека и самиот претерува. Уште стојам зад тоа - „Кој високо лета, ниско паѓа“ ;)

Ова го повторувам затоа што моите симпатии не се совпаднаа баш со вчерашните настапи, т.е. - да покажам дека моето мислење за тоа кој како испеа вчера е непристрасно:

5. H2O - особено Маринела, пријатно ме изненади
4. Доктори - уште стојам зад тоа дека Никола Станојевиќ е еден од најдобрите вокали на шоуво. Малку Армин и Урош ја оплескаа, ама не го уништија севкупниот впечаток
3. Даниел Кајмакоски - сосема ОК, само не го можам откако ќе го спушти микрофонот и откако ќе почне со објаснувања, многу ми е просто, да не речам - сељачки
2. 4U - мене за ралика од некои други, ми се допадна новиот аранжман на Feel, и мислам дека девојките РАС-ТУ-РИ-ЈА! Многу се изненадив кога видов дека се во sing-off-от.
1. Александра Брковиќ - девојкава беше единствената која ме наежи! Браво! :cuc:
 
Кајмаковски и Илма Војвода имаат најкомплетен глас и се една,ако не две класи над сите у шоуто од аспект на вокални способности.Докажаа дека можат све да испејат солидно,додека другиве апла се гледа дека им одговараат само еден тип на песни,и ако малце не им се погоди одма се губат.Љубомора,овој бил оваков-онаков коа гледате Голем Брат,ова е ипак музичко шоу и се гледа глас,а не карактер и лепота.
 
Не е глуп волот националистички,на аудицијата превртуваше очи кога пееше кајмакот а после ако не се степал да го прибере кај него во тим јас главата ќе си ја исечам.
Се знае колку се реално талентирани таму,Сирма војвода и нашиот,ако имаш еден од нив во тим ти е исто ко Роналдо или Меси да ги имаш.
Сирма за пеење пее,ама ептен ми е антипатична,па кога ќе се избаци со некој "измачена душа" поглед ми се сере. Онаа Емина може малку да намали со форсирање на босанците нејзини,ок е сфативме.
Ковач ги извади цицките,алал да и е,си вика што ги ебам ќе ги вадам :icon_lol: Мада поимпресиониран бев од ноџето на Емина,само некако без веза и беше стајлингот вчера "курвински" џоли нешто ау.....не и стои,нека се врати на себе.

Многу напната емисија вчера,зелко се тресеше ко пача кога го дупеше водителкана да стои еден саат,ваљда во таа вечност му текна дека само контра услуга може да му направи на Даниел со НЕСЛУЧАЈНАТА "грешка" матерни језик. Штом онаа Шерифовиќ изреагирала можеш да замислиш обичната публика како го сфатила тоа.

Онаа Тамара ми е таква грда селска фаца у пм значи. Башка тоа дрско однесување нигде нема да ја однесе.

Тоа е,ајде сега во Охрид сите,да попееме на матерни. ;)

П.С. Која тензија е и меѓу судиите оу,очи ќе си извадат до крај,Лесандриќ и Ковач се спукаа. Емина исто со него се спука,Жељко се однесува ко над сите нив да е. Ќе падне крв. :icon_lol:
 
BeBmQQQCQAAP0ui.png

Ја налутија Ноне. :icon_lol:
 
Не го гледав шоуто вчера, а колку што успеав да сфатам Милош не го вратиле :place: па сега немам ни еден фаворит.

Даниел ми е крајно антипатичен. Не зборувам за неговиот талент, дечкото одлично си пее, ама уште од првиот момент кога се појави на Х фактор, ми стана одбивен. Има нешто во него што ме тера да мислам дека целово негово однесување е само глума, пошто во принцип на тоа паѓа публиката. Лажна скромност, лажна кроткост, тупа фаца. Во моментите кога ги добива пофалбите од жирито, изненадувањето со кое ги дочекува е крајно исфорсирано.

На аудициите, ужасно многу ми се свигаше вокалот на Вања - црвенокоста девојка што сега е во бендот 4U. Криво ми е што тој вокал го затрупаа со 3 други, да беше сама дефинитивно ќе ми беше број 1 фаворит.

Пак, затоа што не го вратија Милош :place:, сега ако морам да бирам - би ја одбрала Тамара. Мислам дека на девојкава лошо и тргна, а реално има што да покаже.
 
Не гледаш дека Босанците се со привилегии во ова шоу.... не треба да те чуди ова со Маид ;)
Ова нема веза,не знам колку знаеш ама босанците имаа можда најако гласачко тело.Значи и сите натпреварувања каде што биле,или победувале или завршувала втори.Големиот брат,Фарма,Операција тримумф,звезде гранда.Едноставно такви са ко народ,се мобилизираат и гласаат за нивниот,макар и пеел како жаба.Искрено не би ме чудело Маид и да победи.
 
Не треба да те чуди ако било кој Босанец победи...... дури и Харис :cautious:
--- надополнето: 15 јануари 2014 во 16:09 ---
Ова нема веза,не знам колку знаеш ама босанците имаа можда најако гласачко тело.Значи и сите натпреварувања каде што биле,или победувале или завршувала втори.Големиот брат,Фарма,Операција тримумф,звезде гранда.Едноставно такви са ко народ,се мобилизираат и гласаат за нивниот,макар и пеел како жаба.Искрено не би ме чудело Маид и да победи.
Не треба да те чуди ако било кој Босанец победи...... дури и Харис :cautious:
 
Абе само јас ли забележав дека моментот на „ГРЕШКАТА НЕСАКАНА„ беше момент од најавата. А најавите се снимат пред и НЕ одат во живо. т.е. грешкатата е намерна и не е на Жељко, а на сите забркани од организаторите започнувајќи од камерман до монтажа и стигнувајќи до крајно ОК од продуцент или режија (не ги знам кој е нај главен, извинете).

А мое мислење за целото натпрењарување е: Кајмакот нема шанси. Објаснување (малку статистичко :) ): Македонија има 2.5 милиона народ, од тие 2.5 пола седат пред телевизор (дури и многу е). Од тие пола ајде 10.000 да гледат Х фактор. Од тие 10.000 едно пола од нив не им се допаѓа нашиот. Од тие пола што им се допаѓа колку ке гласат????? Од тие гласови да речеме 1000 колку ќе минат покрај горе спомената компанија организатори????

Кој ќе победи? Оној што ќе плати најмногу или ќе биде најдобра инвестиција за некој (од жири или организатори).

Поука: И да се замарате и да не се замарате - само вие ќе настрадате. На оние таму баш ги заболе за вас и кој ви се допаѓа за да победи.

Поздрав!!!
 
Жељко вика дека сака да слушне како пее на неговиот мајчин јазик, но потенцира македонски јазик. И јас тоа го забележав, ама еве сега на јутјуб видов.

Даниел има многу голема поддршка од Македонците во Швајцарија.
Но, неговата најголема поддршка е човекот што го спомна во најавата.
И браво за него, што го цени тоа што некој му помогнал. Затоа и сеуште ќе продолже да му помага.
Неговите фанови надвор од државава сто пати повеќе гласаат од нас. А ние први сме за сплетки да направиме...и упорно се препукуваат со коментари под неговото видео. Го уништија она што сакаше да ни го пренесе човекот. Не ми се верува...
 
Инаку генерално, катастрофа беше епизодава. Овие од жириво ќе се заколеа меѓу себе. Цела вечер секој секого подбуцнуваше.... Сите млаки ко без живот во нив.
 
Инаку генерално, катастрофа беше епизодава. Овие од жириво ќе се заколеа меѓу себе. Цела вечер секој секого подбуцнуваше.... Сите млаки ко без живот во нив.
По катастрофална епизода од вчерашната немаше... од жири, од кандидати, од водителки ( моментот кога другата водителка ја фати Снеже за врат :pos: )........ до се :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom