Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Сега го видов настапот на Кајмакоски. 10 поени за скромноста, ставот, харизмата и гласот. Нека го прекинат ова, веќе имаат победник. Дечково има идинина, му треба само добра екипа зад него.(y)
 
И покрај бруките на Иванчо и брат му, мислам дека за денес ги чуваа најдобрите аудиции. Даниел Македонски е дефинитивно најдобар од сите наши досега, а и од 90% од сите кои настапија. Од Зелката :гомце: очекувам да е нацистички кретен до крајот на емисијата, само сакам останатите 3ца да се контраат со него барем да е поинтересно...
 
Жељко беше љубоморен, се гледаше од Марс. :)

Зелко лигушот ке прсне од љубомора, го доживува ко директна конкуренција, иако вокалните способности на нашиов се врв у споредба на Зелко.

Даниел ме фасцинира. Оригинален, свој, шармантен.. се наежив кога го слушав. Ме иритира у последно време кокошката од Бекстејџ, занес потрес, сељачкото избива од неа.
 
Последната аудиција беше единствената што ја изгледав од почеток до крај и морам да кажам дека Даниел дефинитивно беше најдобар, сите претходни што се појавиле како што гледам на YouTube не се нешто посебно со исклучок на 3-4ца. Жељко љубоморно копиле, а за Даниел немам зборови, ми се допадна најмногу од сите кандидати и дефинитивно има се што треба за да биде успешен, глас, изглед, скромност плус и пишува свои песни ( напишал песна на Каролина Гочева што не е мала работа ). Му посакувам многу среќа па дури и да победи, но не ми се верува дека Србите ќе му дозволат да победи но ете ајде да се надеваме. Ако не победи барем да оди до финале! Секоја чест!
 
Овој Даниел ќе испадне истата фора како со Белов. Најдобар ова она, на сите Гала вечери во ОТ прв и на крајот тепаше оној шабанот глуп. Тоа е, нека си тера кариера дечкото на друг начин, го бива ептен!
 
Џабе бе,ако се гледа реално по вакви шоуа скоро секогаш Македонец заслужува да победи а никогаш не победува. Белов сите гала вечери прв на крај босанчерос победи,Лестер,и најголемиот срам кражбата што му ја направија на Тони Зен,апсолутен победник во сите реални шоуа воопшто што се одржале на Балканот.
Одлично испеал нашиот,а ЗЕЉЕ-љко мисли милу српску почву брани против македонског окупатора,кој коњ човече :pos:
Жељко Јоксимовиќ е во жири а,ај да ви кажам уште сега што ќе му каже на било кој Македонец што ќе пее.

"У Македонију сви знају да певају,ако неко не зна да пева овај други му узме пасош да не може више да буде Македонац."

Calling it right now ! :D

хахаха ви реков :tapp::LOL:
 
Relax kids, првин да им честитам на сите Македонци што учествуваат на ХФактор, и да им посакам среќа понатаму, затоа што не претставуваат предобро.

Второ, воопшто не гледам такви емисии како ХФактор, Идоли, затоа што ми се одвратни тие вештачки емоции, аплаудирања, глума, создавање на вештачко воодушевување и лажно паѓање во несвест коешто се е дел во рајдер листата на однесување што мора да се спроведува.

Ете што значи телевизијата, пропагандата, пропагандата, пропагандата и пропагандата. Колку е тоа само моќно орудие на контрола.

Луѓе, ова се само инстант моментални “ѕвезди“ коишто по самото завршување на шоуто ќе бидат 3-4 месеци актуелни и на крај 98% од нив ќе ги снема во заборав, затоа во шоу бизнисот функционираат други правила на игра. Многу е лесно некој да стане моментална ѕвезда на проверени хитови, на отпеани хитови, на светски хитови коишто друг ги направил, напишал, аранжирал, но после кога ти треба да напишеш свои песни, албуми, да создадеш свој бенд, да си креативен И ДА ДАВАШ СВОИ ПАРИ ЗА КАРИЕРА е тука веќе настанува проблемот.

Каде се сите тие победници, учесници на Идоли и еден куп други манифестации? Сите ги снема до еден, затоа што после тие шоуа тие треба да ја покажат својата креативност. Во светот постојат милиони и милиони фантастични пејачи и талентирани луѓе, но многу мал дел од нив стануваат ѕвезди и имаат успешни кариери. Ти требаат хитови, хитови, платиниумски албуми, погодени рефрени. Не зборувам за инстант хитови коишто ќе се вртат 2-3 месеци и толку, туку за хитови што ќе живеат 40-50 години.

Тоа многу добро го знаеме дека Америка, Британија, Канада и Австралија односно англо-саксонски земји се број еден земји за шоу бизнис, музика и држење на пазарот, но всушност никој од светските ѕвезди не пеел по овие смешни шоуа, натпреварувања, туку почнале по клубови, гаражи, со свои песни, молење продуценти и еден куп други работи. Својата музика и својата креативност е тоа што ќе те направат успешен. Мене колку и да ми е одвратен овој Зелка, колку и да ми се одвратни тие негови типични ју/турбофолк/поп/ориентални глупи песни (мое лично мислење), но чивекот оставил свои 20 песни коишто секоја ала и будала му ги знае на Балканот, плус 2-3 песни во топ 3 песни на Евровизија нешто што Даниел и еден куп други можат да сонуваат сеуште во животот.

Џон Ленон беше еден од најпросечните пејачи, гитаристи, но ги напиша едни од најубавите песни во поп историјата песни коишто и после 50 години живеат по клубови, концерти, живи свирки.

Нема личен врв во својата кариера од личното творештво. Џорџ Харисон не беше виртуоз на гитара и микрофон, но беше генијалец да преточи чувство, љубов, нежност во зборови и хармонија. Не за џабе Франк Синатра кажал дека песната Something на Џорџ Харисон е најубавата емотивна љубовна песна во којашто некој љубовта ја опишал или Лејла на Клептон.

Знам дека отидов оф-топик, но поентата ми е џабе расправање 30 страни за ништо кога после 5 месеци сите овие ќе си пејат по локални клубови и ќе останат заборав. Телевизијата те крева и телевизијата те треска од земја.

--- надополнето: 27 ноември 2013 во 10:07 ---
Зелко лигушот ке прсне од љубомора, го доживува ко директна конкуренција, иако вокалните способности на нашиов се врв у споредба на Зелко.

Даниел ме фасцинира. Оригинален, свој, шармантен.. се наежив кога го слушав. Ме иритира у последно време кокошката од Бекстејџ, занес потрес, сељачкото избива од неа.

Дали знаеш ти дека Зелко освоил прво место во Европа по класична музика на хармоника кога бил средношколец? Талентот и генијалноста не се мери по тоа кој колку високи тонови испеал и како ги испеал, туку по милион други работи.

Најтешко е да создадеш своја лична музика и творештво. Тоа е најголемиот дострел во музиката.
 
^ Е ова ти се вика пишуваш километарски пост за да се направиш паметен а испаѓаш изразито глуп.
Зелко победил во свирење хармоника,а знаеш со каква песна ? Македонска.
А тоа дека e генијалец и дека сам си ја прави музиката малокуров,секоја песна му е плагијат,си зема делче од песна и прави цела песна во тој ритам. Една негова песна нема.
 
Никој не тврди дека Зелко е генијалец или било што, ниту дека песните не му се плагијат, туку дека овие шоуа се чиста глупост , освен моментална инстант слава и толку. Зелко пак ќе оди и 30,000 народ ќе наполни. Тоа ми е поентата, а не да се правам паметен.

Што има толку јас на некој да му се воодушевувам ? Дека испеал светски хит добро? Голема работа. Милиони други го направиле тоа пред нив, но само ЕДЕН го напишал тој хит. Да бидеш различен и да оставиш нешто по што ќе те паметат 20 идни генерации.
 
Цел ден го слушам дечково :cuc: каде беше досега само не знам, барем немаше да не трујат по радијава и телевизииве со шљамови како Тони Зен, Сњаткар и онаа што ја здоболе од доле нагоре
 
Тоа многу добро го знаеме дека Америка, Британија, Канада и Австралија односно англо-саксонски земји се број еден земји за шоу бизнис, музика и држење на пазарот, но всушност никој од светските ѕвезди не пеел по овие смешни шоуа, натпреварувања, туку почнале по клубови, гаражи, со свои песни, молење продуценти и еден куп други работи. Својата музика и својата креативност е тоа што ќе те направат успешен. Мене колку и да ми е одвратен овој Зелка, колку и да ми се одвратни тие негови типични ју/турбофолк/поп/ориентални глупи песни (мое лично мислење), но чивекот оставил свои 20 песни коишто секоја ала и будала му ги знае на Балканот, плус 2-3 песни во топ 3 песни на Евровизија нешто што Даниел и еден куп други можат да сонуваат сеуште во животот.

Хм, Kelly Clarckson, Carrie Underwood, Leona Lewis, Adam Lambert, Phillip Phillips.
Додуша само Кели и Кери издржаа повеќе време со голема популарност, а другите не толку. А за Филип е сеуште рано, мислам дека преклани победи на Идол.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom