Relax kids, првин да им честитам на сите Македонци што учествуваат на ХФактор, и да им посакам среќа понатаму, затоа што не претставуваат предобро.
Второ, воопшто не гледам такви емисии како ХФактор, Идоли, затоа што ми се одвратни тие вештачки емоции, аплаудирања, глума, создавање на вештачко воодушевување и лажно паѓање во несвест коешто се е дел во рајдер листата на однесување што мора да се спроведува.
Ете што значи телевизијата, пропагандата, пропагандата, пропагандата и пропагандата. Колку е тоа само моќно орудие на контрола.
Луѓе, ова се само инстант моментални “ѕвезди“ коишто по самото завршување на шоуто ќе бидат 3-4 месеци актуелни и на крај 98% од нив ќе ги снема во заборав, затоа во шоу бизнисот функционираат други правила на игра. Многу е лесно некој да стане моментална ѕвезда на проверени хитови, на отпеани хитови, на светски хитови коишто друг ги направил, напишал, аранжирал, но после кога
ти треба да напишеш свои песни, албуми, да создадеш свој бенд, да си креативен
И ДА ДАВАШ СВОИ ПАРИ ЗА КАРИЕРА е тука веќе настанува проблемот.
Каде се сите тие победници, учесници на Идоли и еден куп други манифестации? Сите ги снема до еден, затоа што после тие шоуа тие треба да ја покажат својата креативност. Во светот постојат милиони и милиони фантастични пејачи и талентирани луѓе, но многу мал дел од нив стануваат ѕвезди и имаат успешни кариери. Ти требаат хитови, хитови, платиниумски албуми, погодени рефрени. Не зборувам за инстант хитови коишто ќе се вртат 2-3 месеци и толку, туку за хитови што ќе живеат 40-50 години.
Тоа многу добро го знаеме дека Америка, Британија, Канада и Австралија односно англо-саксонски земји се број еден земји за шоу бизнис, музика и држење на пазарот, но всушност никој од светските ѕвезди не пеел по овие смешни шоуа, натпреварувања, туку почнале по клубови, гаражи, со свои песни, молење продуценти и еден куп други работи. Својата музика и својата креативност е тоа што ќе те направат успешен. Мене колку и да ми е одвратен овој Зелка, колку и да ми се одвратни тие негови типични ју/турбофолк/поп/ориентални глупи песни (мое лично мислење), но чивекот оставил свои 20 песни коишто секоја ала и будала му ги знае на Балканот, плус 2-3 песни во топ 3 песни на Евровизија нешто што Даниел и еден куп други можат да сонуваат сеуште во животот.
Џон Ленон беше еден од најпросечните пејачи, гитаристи, но ги напиша едни од најубавите песни во поп историјата песни коишто и после 50 години живеат по клубови, концерти, живи свирки.
Нема личен врв во својата кариера од личното творештво. Џорџ Харисон не беше виртуоз на гитара и микрофон, но беше генијалец да преточи чувство, љубов, нежност во зборови и хармонија. Не за џабе Франк Синатра кажал дека песната Something на Џорџ Харисон е најубавата емотивна љубовна песна во којашто некој љубовта ја опишал или Лејла на Клептон.
Знам дека отидов оф-топик, но поентата ми е џабе расправање 30 страни за ништо кога после 5 месеци сите овие ќе си пејат по локални клубови и ќе останат заборав. Телевизијата те крева и телевизијата те треска од земја.
--- надополнето: 27 ноември 2013 во 10:07 ---
Зелко лигушот ке прсне од љубомора, го доживува ко директна конкуренција, иако вокалните способности на нашиов се врв у споредба на Зелко.
Даниел ме фасцинира. Оригинален, свој, шармантен.. се наежив кога го слушав. Ме иритира у последно време кокошката од Бекстејџ, занес потрес, сељачкото избива од неа.
Дали знаеш ти дека Зелко освоил прво место во Европа по класична музика на хармоника кога бил средношколец? Талентот и генијалноста не се мери по тоа кој колку високи тонови испеал и како ги испеал, туку по милион други работи.
Најтешко е да создадеш своја лична музика и творештво. Тоа е најголемиот дострел во музиката.