Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Ѕвезди во Македонија од реални шоуа? Елена Ристеска и Ламбе Алабаковски.
Ѕвезди во Балканот од реални шоуа? Радмила Манојловиќ.
Факт е дека се потешко и потешко е да се стане ѕвезда од вакви талент шоуа, воопшто во светот а поготово во Македонија. Во светот ако позади тебе не стои Џеј Зи или некој друг таков тип, и не си комплетен продукт од изглед до глас, тешко дека ќе успееш.
За во Македонија да не зборувам...Овде тоа не се сфаќа толку сериозно. Значи треба да извадиш прв сингл, па спот, па гостувања во телевизии, па албумот да го најавуваш, за да успееш. А не да извадиш песна и после 2 години пак те нема.

Па и Влатко Лозановски кога ќе видиш се проби преку такво шоу.
 
Ќе се најде ли јунак што ќе ја исшутира нашата „ултра забавна и модерна водителка“ ?
Стварно ми се лоши коа ќе ја видам...

Иначе после првата епизода прекинав да го гледам чуово, ама го глеав видеото од тој Даниел и после нашата „ултра забавна и модерна водителка“ наредно нешто што ме изнервира е што во позадина одеше „Не се враќаш“ од Каролина, ама на српски...
 
Причина за тоа што се пријавуваат во овие очајни шоуа се само за да се промовираат. Мене искрено очајни ми се овие потези, ја да имам глас како што имаат овие што се пријавиле не би се пријавил во ваков хаос, го имам јутјуб, ќе пробам да бидам креативен и единствен. Денеска секој втор е пеач, направете неколку песни и веднаш ќе дознаат за вас, го има и фејсбук тука да помогне, потоа иде барањето конекции, пикајте се секаде, прашувајте, тоа не е ништо срамно и лошо, едино така се успева.
Кај се оние од нашиот идол, мислат со едно појавување и ќе им се расипуваат телефоните од ѕвонење, се изгубија а имаа талент, тоа е тоа.
 
[quote="Samurai Jack, post: 6265615, member: 56586"Кај се оние од нашиот идол[/quote]

 
"Кај е тој од нашиот идол" не е работава, имаше премногу талентирани ама ги снема, точно е дека ваквите шоуа ти даваат одма слава, но џабе е тоа ако не знаеш како да го искористиш...
 
Вчера ги гледав и останатите кандидати на YouTube, и можам да кажам дека конкуренцијата е страшна. Горе доле ги имам пратено музичкиве шоуа, барем оние во кои учествувале Македонци, и можам да кажам дека ова е врв. Без разлика што се работи за инстант слава, некои од кандидативе немале шанса да се занимаваат професионално со музика, па веројатно сега можат да покажат што знаат. Не мора да значи дека ќе направат некоја кариера, али во секој случај дур трае шоуто ќе можат да осетат како изгледа тоа. Инаку за прв пат и кандидатите од Македонија се врв, особено Марија и Даниел, и мислам дека се најдобрите Македонци кои до сега учествувале по вакви шоуа.
 
За хитови треба талент, генијалност, знаење, а не само пари. Хит не значи рандом песна актуелна 3 месеци, туку песна што ќе живее 50 години, ќе се свири и пее по клубови, песни што секое дете ќе сака да ја научи на гитара, клавир, тапани.

Ако имаш кеш има кој да мисли за тебе, ти само ќе си платиш, и фино лепо ќе ти направат хитчина, твое е да умееш да пееш, да имаш добар менаџер кој исто така платен ќе им креира слика на публиката за тебе, во зависност од тоа каков тип на музика интерпретираш. Просто како грав.
 
Даниел учествувал и во бугарското натпреварувачко шоу “Пеј со мене“ пред 5 години.

 
Коа има реприза од вчерашната знае некој?
 
А што толку ви смета Жељко како жири комисија ?
Мене баш ми е ок. Велите пробува да глуми Сајмон... мислам дека и со таква намера е земен во жирито
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom