Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Стварно е доста со овие музички шоу-а :facepalm:,и што е најтрагично ќе заврши сезоната а од победниците ( учесниците) ни трага ни глас,останува само ќарот на продукцијата!
Нема баш да е ни трага ни глас од победниците , жирито ќе им направи песни,ќе се појават на неколку фестивали ,се додека им трае некој договор со продукцијата. Откако ќе им заврши договорот со продукцијата ќе им речат да се снаоѓаат сами ,од нас толку :) .
 
Ајде, ајде, не туку ги жалете, такво внимание и презентирање пред толку многу луѓе тие учесници никогаш не би добиле без тие шоу-а. Самите се свесни во што влагаат, а реално голем дел од нив и се пријавуваат само за да бидат на тв, така да јас ич не ги жалам. :)
 
Абе врти сучи иако Даниел е наш сепак јас мислам дека Маид треба да победи... стопати подобар глас, настап, а и самиот лик за пеач го има во однос на останатите:)
 
Абе врти сучи иако Даниел е наш сепак јас мислам дека Маид треба да победи... стопати подобар глас, настап, а и самиот лик за пеач го има во однос на останатите:)

Не би се согласила баш. Маид има одличен глас, ама не можеш да кажеш дека е подобар од гласот на Даниел. Различен тип на глас имаат.
Што подразбираш под 100 пати подобар глас, кога Даниел не фалшира, има одлична боја и контрола на гласот?
 
Не викам дека Даниел има лош глас, супер глас има, а и правилно пее...., но не ми се допаѓа рамното пеење.... тоа рамно пеење го имаше и Илма, го има и Влатко Лозановски..... сите песни ги пее исто, рамно.

Пример.... ти можеш да ги споредиш и Адел и Џенифер Лопез...... и за двете ќе кажеш дека добро пејат, но јачината, несекојдневноста на гласот ја има само Адел, за која можам да кажам дека со гласот се разликува од останатите пеачи и пеачки.

Така е и со Даниел и Маид...... и двајцата добро пеат, но Маид има некоја јачина, несекојдневност во гласот која друг ја нема.

Исто за да си пеач не е доволен само гласот..... треба и топлина кон публиката, добар сценски настап, играње на сцена (досега само Маид тоа го покажа)...

Јас за Маид уште од почетокот викав дека е одличен и заслужува влез во финале, но по изведбата на Одисеја стварно заслужува победа:)

Но како и да е.... и Даниел да победи ќе ми биде мило.... сепак Македонец ќе победи...................., но знаејќи дека тешко е Македонец да победи во овие шоуа, бар Маид нека победи:)
 
За вокал секој си има вкус. Маид и Даниел тотално различни вокали и нормално е да имаат различна фела кои ќе ги слушаат во иднина, токму ради тој вкус на вокал. Маид го има тоа балканското во него, Даниел нешто позабавни песни би пеел во иднина и тука ќе се прави границата меѓу нив. Просто е, некој уживаат да слушаат класични балкански, некој класичен поп ...И двајцата што е важно не фалшираат, сигурни се, не се приправаат нешто и си се најокеј и јас би бил искрено задоволен доколку победникот биде меѓу еден од нив двајца.
 
Не викам дека Даниел има лош глас, супер глас има, а и правилно пее...., но не ми се допаѓа рамното пеење.... тоа рамно пеење го имаше и Илма, го има и Влатко Лозановски..... сите песни ги пее исто, рамно.

Така е и со Даниел и Маид...... и двајцата добро пеат, но Маид има некоја јачина, несекојдневност во гласот која друг ја нема.

Даниел пее рамно? Добар си? Технички слушано само Даниел, Армин и Урош од Докторите ја имаат усовршено контролата брз вибратото во гласот. За разлика од Маид кој воопшто ја нема - како што ќе отвори уста така почнува да вибрира (типичен Чолич глас) и тоа за мене не е несекојдневност туку презачестеност на нашите простори :)
За Лозаноски не треба да се зборува, школуван глас има тој и нема врска ова шо го кажуваш, после Тоше е еден од најдобрите вокали на Балканот.
 
Ви се чудам на паметот на вас што сте нашле на Сунѓерот Боб да му објаснувате за вокали и музика.
Ви се чудам на паметот на вас што сте нашле на Сунѓерот Боб да му објаснувате за што било,воопшто не па вокал и музика.
 
Маид покажа дека не може да пее во ниските делници..Плус тоа за мене не е ништо посебно само поради фактот дека досега учествувал на неколку вакви шоу емисии и на сите ги пее истите песни кои ги пее сега..Гуглајте и ќе видите дека е така..Не е пејач кој е разновиден кој има широк репертоар кој може да го испее. И ако е маж нека испее една на англиски во финалето...или уште подобро ако има толку продорен и моќен глас еве нека го отпее Бочели, Мајкл Болтон..Реално да гледаме сите овде имаат мани. Не може да се каже за ниеден пејач дека е безгрешен, и Даниел ги има и затоа неговите настапи се топло ладно.. Мислам дека ретко се наоѓа боја на глас како Даниел, другото може да се сретне секаде..Сигурен сум дека има некој што пее слично како Маид, Тамара или Лукијан..И покрај ова, со испаѓањето на Илма сметам дека голем број на гласови ќе се слеат кај Маид, со што автоматски го става меѓу фаворитите да победи..Го прави можеби и најголем фаворит за победа по овој критериум со гласовите..
 
А нели е подобро за Даниел да не победи?
Ко прво таа продукција не е докажана, нема некој јаки имиња во неа, они да ќе издадат албум, ке направат спотови и толку. Муабетот ми е подобро второ место за да го земе некоја поасална продукција и да направи ѕвезда од него. Ако ви текнува имаше и драганче кучич едно шоу за таленти каде Лозано беше шест класи над сите и не победи намерно за да не му биде менаџер драган вучиќ во наредните неколку години.
Но тоа е само моето мислење.
 
Пинк (Жељко Митровиќ) од пред извесно време ги раскина договорите со Гранд продукција (Саша Поповиќ), и сега бара емисии кои би ги замениле Гранд Парада, Звезде Гранда и остали шунд. И според мене - далеку се подобри со тоа што прикажуваат вакви шоуа, отколку тоа што Србите го нарекуваат музика, а јас поим немам како да го наречам.

Којзнае Сале од есен која телевизија ќе ја запоседне во Србија?
 
Ако ви текнува имаше и драганче кучич едно шоу за таленти каде Лозано беше шест класи над сите и не победи намерно за да не му биде менаџер драган вучиќ во наредните неколку години..

И ваљда ја направи првата и клучна грешка во кариерата.

Остајте го вие настрана тоа по што Вучиќ е познат и неговиот личен музички бекраунд. Беше менаџер на син му, кажи дали Мартин заврши во фолк води? Не, сега е филхармониски тапанар. Драган е еден од тие со најголеми врски во Македонија, како менаџер е еден од најдобрите избори (сигурно подобар од владиниве ЈЈ и другар му), а не значи дека ако му биде менаџер ќе му биде и композитор.

Исто е и со Пинк. Пинк е Пинк, телевизија со неспоредливо најголем рејтинг во регионов, не значи дека ќе му форсираат шунд. То ест ќе форсриаат шунд за Маид затоа што има таков глас и стас, ама сигурно на Даниел нема да му одговара. Сетете се дека и Тоше беше пречесто промовиран од Пинк кога влагаше на српскиот пазар. Единствен кој може кариерата на Даниел да ја скршне у досаден правец е менторот му Џељко.
 
Пинк (Жељко Митровиќ) од пред извесно време ги раскина договорите со Гранд продукција (Саша Поповиќ), и сега бара емисии кои би ги замениле Гранд Парада, Звезде Гранда и остали шунд. И според мене - далеку се подобри со тоа што прикажуваат вакви шоуа, отколку тоа што Србите го нарекуваат музика, а јас поим немам како да го наречам.

Којзнае Сале од есен која телевизија ќе ја запоседне во Србија?

Ќе има пак фолк немој да мислиш дека сега ќе има само поп ,рок ,денс музика .Тоа е тоа што му ја прави телевизијата гледана ,не е луд да прави емисии и да пушта музика само за одредена публика што сака да гледа и слуша .

Сале сега подготвува своја телевизија Гранд и сите што се во неговата продукција таму ќе може да се гледаат .

Жељко Митровиќ подготвува некој Пинк фестивал
1900031_682811215116104_1973872620_n.jpg

повеќе за фестивалов тука https://www.facebook.com/photo.php?...20.38563.155936211136943&type=1&stream_ref=10

Отидовме на друг правец во темава :)
 
Даниел пее рамно? Добар си? Технички слушано само Даниел, Армин и Урош од Докторите ја имаат усовршено контролата брз вибратото во гласот. За разлика од Маид кој воопшто ја нема - како што ќе отвори уста така почнува да вибрира (типичен Чолич глас) и тоа за мене не е несекојдневност туку презачестеност на нашите простори :)
За Лозаноски не треба да се зборува, школуван глас има тој и нема врска ова шо го кажуваш, после Тоше е еден од најдобрите вокали на Балканот.

Што подразбирате под оваа вибрација, пример некој може?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom