Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
16? Мислиш оваа и другите ко неа ќе се сменат до 16та година? 18 години треба да биде возраста минимум, мада некои особи ни тогаш не се доволно созреани. Не се работи тука само за вокалните способности.Затоа испод 16 не треба да се пријавуваат. Е заради вакви муабети. Страшно. Запрепастена. Кај сум смеела бе вакви работи да кажувам или пишувам на 13/14 години?
Види, ова икс факторов зема голем замав на балканот, најмногу во Македонија.А од кај знаете што и како рекла Илма Карахмет?Го оценивте девојчето и им верувате на некои глупави портали што дневно објавуваат по 100 глупости? Како не сфаќате дека оваа глупост е едно големо шоу и еден огромен бизнис. По 150 српски и 30 македонски портали едвај чекаат да дое вторник за да изнапишат глупости и да си билдаат и читатели и популарност на шоуто.
И самите можете да заклучите колку се алчни за пари и по системот на гласање и по некои наградни игри, курци палци што ти знам што Ана ги споменува во текот на емисијата.
Значи јас не сум против x-factor, има квалитетни гласови за слушање и е интересна занимација али зашто дискусијата да не се задржи на тоа?,Каде по ѓаволите со вакви коментари после секој вторник? Татко и на Илма рекол она, мајка и испцјула ова, Илма ги колнела децата, Александра не ја пуштиле во дуел дека ќе ги тепала сите, Даниел имал дупло поише гласови од сите, па уште петиции да се враќале учесниците... Абе живи глупости. Како ви се дискутира за ова не знам.
Едит: Како денес изгледа Магазин секцијата на Курир:
http://i.imgur.com/fGKdDUI.png
Катастрофа, за греота.
Девојчето има 13 години! Не е малку очекувано, навистина да не разбира македонски?! Исто како што наши 13 годишни деца не би било веројатно да знаат српски. Друго сме ние, што сме се родиле во екс државата, и пред се, што кога сме имале по 8-9 години претежно сме гледале српски/хрватски телевизии, филмови и серии. Така да, кога ќе кажат Емина, тоа грдине водителки или некој од другите дека не ги разбираат Снеже и Даниел, да, понашање и дигање е. За Илма, не би се кладел...![]()
Го разбирам јас тоа, ама онака одбивно го нагласи тоа дека не разбира во стил што ме замараш бе. Точно дека има 13 години и дека нејзиното градење како личност е во периодот што претстои. Знам дека со овие факти се демантирам и сам, но кај секого и секогаш таа прва перцепција кон некого ја прави целата слика кон некого без разлика во возраст и од тука го влечкам моето мислење за неа. Настрана на тоа што има беспрекорен глас и како што кажа Жељко, можеби најдобар вокал од сите учесници во Х фактор.
Вакви родители има премногу..кои се болно амбициозни..Тоа го пренеле и на Илма.. Нема да стане никогаш ѕвезда слушајте ми го зборот..Има само глас, околу 10 % од она што треба да се биде славен и сакан од народот, ништо друго. А нас пак, на светот многу не заболе дали Илма била навредена или понижена, такви како неа има со лопата да ги риниш, таленти секогаш имало и ќе има.Но крајниот производ е редок.. Не е се во талентот и Даниел, а и сите треба да го знаат тоа..После овие зборови веќе ја изгуби почитта од пошироката јавност..Не очекувајте дека врз жива песок ќе гради темели за кариера..Веќе пропадна до гуша...