BБУ Mузички регистар

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570

muzichkiregistar.com

Пред неколку месеци случајно налетав на овој сајт./ сервис Ептен добар, нешто слично на Discog само целосно направен како подршка на македонската музика и тоа не само за еден жарн туку за сите подеднакво, За метал, рап, џез, рок, техно, етно, фолк..

Сајтот има база на многу музички артисти без разлика дали станува збор за бенд или соло артист. Целиот проект е дело на на Васил и Емилија Буралиеви. Како што дознав сакаат да направат секој артист да може сам да си креира профил налог и да си додава своја биографија и дискографија.
Исто така сакаат да направат и неколку интернет канали т.е радиа на кој секој посебно ќе третираат по еден жарн од македонската музика. Засега е отворен канал за Хип Хоп.
http://api.muzichkiregistar.com/IRadiovbu.aspx

Некој можеби ќе пише тука дека правам реклама, ама сакам да отворам тема за ова затоа што давам целосна подршка за проектов пред се бидејќи сметам дека македонската музика не е баш добро третирана во државава.

Подетално за ова прочитајте на линков
https://www.it.mk/site-makedonski-pesni-vo-eden-vbu-muzichki-registar/
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.285
Поени од реакции
22.569
Ама класификацијава кој ја прави изгледа треба да прочита малце за правци и подправци на музика.
Прво што отворив беше реге и прва песна од Тајзи :pos:
Тој и оној Раста од Србија ако се реге, тогаш Боб Марли не постои :tapp:
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504

muzichkiregistar.com

Пред неколку месеци случајно налетав на овој сајт./ сервис Ептен добар, нешто слично на Discog само целосно направен како подршка на македонската музика и тоа не само за еден жарн туку за сите подеднакво, За метал, рап, џез, рок, техно, етно, фолк..

Сајтот има база на многу музички артисти без разлика дали станува збор за бенд или соло артист. Целиот проект е дело на на Васил и Емилија Буралиеви. Како што дознав сакаат да направат секој артист да може сам да си креира профил налог и да си додава своја биографија и дискографија.
Исто така сакаат да направат и неколку интернет канали т.е радиа на кој секој посебно ќе третираат по еден жарн од македонската музика. Засега е отворен канал за Хип Хоп.
http://api.muzichkiregistar.com/IRadiovbu.aspx

Некој можеби ќе пише тука дека правам реклама, ама сакам да отворам тема за ова затоа што давам целосна подршка за проектов пред се бидејќи сметам дека македонската музика не е баш добро третирана во државава.

Подетално за ова прочитајте на линков
https://www.it.mk/site-makedonski-pesni-vo-eden-vbu-muzichki-registar/
Само кој знае колку ќе им наплаќаат на пејачите за услугата.
 
VBU_Muzichki_Registar

Регистар на македонски музички изданија
Член од
24 октомври 2017
Мислења
20
Поени од реакции
14

Здраво Марчело,

Би сакале да ти се заблагодариме за отворањето на тема за дискусија поврзана со „ВБУ Музички Регистар“ (www.muzichkiregistar.com).
На твојата најава и промоција на сервисот на овој форум ние би додале:
  • Луѓето што најактивно учествуваат во градење на овој сервис може да ги видите овде.
  • Неколку кратки реченици за регистарот може да бидат прочитани овде.
  • Ние сме расположени за коментари (позитивни и негативни) што се во насока на развој и подобрување на сервисот.
Еве, си креиравме и ние сметка на форумов, па ќе ја поттикнуваме дискусијата на нашата омилена тема поврзана со домашната музика и Регистарот. Со задоволство ќе ги читаме вашите коментари и реплики, но и ќе се вклучиме активно во дискусијата.[DOUBLEPOST=1508867402][/DOUBLEPOST]
Само кој знае колку ќе им наплаќаат на пејачите за услугата.
Поздрав @Sungerot Bob . До овој момент ВБУ Музички Регистар е иницијатива со доминантно романтична историја што тргна од еден човек, тоа е Васил Буралиев, а на која последниве 2 години се приклучија уште неколку луѓе. (ги има сите на оваа страница) До сега само вложуваме и тоа доминантно го вложуваме нашето време (највредното нешто што го има секој од нас) со желба да изградиме решение што пред се ќе им помогне на луѓето од музичката фела и оние што ја создаваат музиката.

Континуирано размислуваме за бизнис модел што ќе почне да носи некакви финансиски средства за сервисот за да може неговиот развој да биде и поинтензивен и побрз. Во доминантен број на идеите за создавање на деловен модел, авторите не се оние од кои треба да стигнуваат парите во Регистарот. Во нашата визија тие се партиите со кои треба да работиме заедно за да спакуваме финален производ што би се пласирал на јавноста.
Нашиот став е дека музиката не е бесплатна и дека нетреба да биде. Незнам како ти звучи тоа тебе, а и на другите што ќе го прочитаат меѓутоа тоа е наш став. Тоа е интересна тема за дискусија, а форумов делува добро место за тоа.
Ако некогаш се случи да даваме комерцијален сервис на авторите и бендовите за да им помогнеме околу административните, менаџерските и ПР работи, цената за услугите би била достапна и за јавноста, па ќе ја дознаеш доколку во моментот сеуште те интересира.
Во овој момент, се што работиме е наше вложување во сервисот што треба да овозможи корисни информации за повеќе страни вклучително и авторите, бендовите, индивидуалните интерпретатори, музичари.

Ти дали сметаш дека треба да им се наплаќа на авторите? И за што да им се наплаќа во контакт на она што до сега си го видел(а)

Поздрав
 
Последно уредено:

Според мене не треба да им наплаќате на нашите автори за тоа ако сакаат вие да ги испромовирате. Јас мислам дека треба да ги земете под свое крило добрите пејачи спремни за шоу бизнис и да им помогнете да снимат песни, да најдат настапи итн., а одреден процент од парите кои они ќе ги заработуваат од настапите да ги добивате вие.
 
VBU_Muzichki_Registar

Регистар на македонски музички изданија
Член од
24 октомври 2017
Мислења
20
Поени од реакции
14
Ама класификацијава кој ја прави изгледа треба да прочита малце за правци и подправци на музика.
Веројатно си во право во контекст на правците и музичките стилови. Можеби класификацијата и може да биде подобра. Тоа е една од темите што до сега неколку пати сме ја дискутирале. Во тој контекст пристапот до сега беше следен:

  1. Да идентификуваме неколку основни правци што ќе направат дистинкција помеѓу изданијата што ги евидентираме, притоа да ги искомпицираме претерано работите околу правците и стиловите, меѓудругото и поради тоа што компетенцијата во тој дел, ако одиме во детали, ќе недостасува.
  2. Во меѓувреме се обидуваме компетенцијата меѓу нашите редови во тој контекст да ја подобриме читајќи литература, следење на сродни сервиси (како на пример www.allmusic.com) за да видиме како тие решаваат некои работи.
  3. Паралелно се обидуваме да го зголемиме тимот со компетентни луѓе што ќе бидат стручни во различни области, за квалитетот и обемот на сервисот да го зголемиме.
Како и да е, оваа тема ќе дојде на ред и веројатно поинтензивно ќе се бавиме со нејзе, откако успееме да најдеме доволно компетентен човек за тоа што ќе сака да ни се приклучи и да ни помогне.

Тајзи и Реге
Веројатно ако песните на Тајзи треба да се сместат во реге музика ќе биде грешка, но неговиот специфичен вокал, особено во некои од песните, наликува на вокал специфичен за Реге песните. Ние обидувајќи се да направиме некој компромис, особено неговите последни песни ги атрибуираме со пред се поп, па потоа и со реге. Идејата е дека ако некој ги филтрира изданијата според реге, да може да му се појават во листата. Се чини дека во твојот случај, излистувањето на Тајзи под Реге стилот е повеќе од доволна причина за твојата порака. И можеби си во право. Може треба да ги ревидираме некои од песните на Тајзи да останат одбележани исклучиво како популарна музика.

Фала ти за коментарот и поздрав
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Ми се допаѓа концептот. Малку е спора страната но во ред.
Огромен недостаток е тоа што ги нема текстовите од песните. Песните не можат да се преслушаат, освен оние кои се веќе ставени на Youtube, па се линкуваат до таму.
Од она што го видов, не гледам причина да ја отворам страната освен ако ми затребаат информации од типот: тонски снимател, дизајн на омот, аранжман, вокал, продуцент и слично.
Генерално кога пребарувам информации за Македонска песна, или барам текст од неа или барам некоја песна која ја нема на Youtube или некоја различна верзија од истата.
Доколку странава има текстови од песни, гарантирано ќе има многу поголема посетеност иако за вакво нешто би требало многу повеќе работа.
Добро би било да може да се преслушуваат песните. Не мора тоа да биде со висок квалитет туку макар и со 64kbps ама да може да се преслуша. Тоа би значело многу повеќе работа претпоставувам, но и нивна музичка база. Најверјатно би зафаќало и премногу простор тоа. И така. :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570
Македонската музика и музиката во светот е испомешана жанровски. Ретко има песна која е чисто еден жарн. Веќе не се знае што е реге, што рап, што етно, што поп.. затоа е и тешко да се класифицира жанровски секој соло артист или бенд.
 
VBU_Muzichki_Registar

Регистар на македонски музички изданија
Член од
24 октомври 2017
Мислења
20
Поени од реакции
14
Според мене не треба да им наплаќате на нашите автори за тоа ако сакаат вие да ги испромовирате. Јас мислам дека треба да ги земете под свое крило добрите пејачи спремни за шоу бизнис и да им помогнете да снимат песни, да најдат настапи итн., а одреден процент од парите кои они ќе ги заработуваат од настапите да ги добивате вие.
За да не нѐ разбере некој грешно, најпрвин уште еднаш накратко. ВБУ Музички Регистар не наплатува никому за сервисот што го овозможува.

Она што го спомнуваш е можен модел но многу повеќе е менаџерска работа на бендовите.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Концептот е ок али треба да ја подноват веб страната. Тој што мислел дека зелен текст на црна позадина е добра идеја треба да се врати во школо.
 
VBU_Muzichki_Registar

Регистар на македонски музички изданија
Член од
24 октомври 2017
Мислења
20
Поени од реакции
14
Богами и треба да му наплаќате на Тајзи да си го промовира ѓубрето.
Ние се трудиме да евидентираме што е можно повеќе изданија (во најдобар случај сите, што е многу тешко да се случи, особено во „реално време“ - како се објавуваат јавно изданијата, да ги евидентираме во рок од 24 часа). И тоа може да се толкува како некаква промоција.
Но за нас промоцијата се случува кога:
  • изданието (во ситуација кога тоа е сингл) стои на првата страна како видео што може да се преслуша
  • кога за него пишуваме добра критика и го споделуваме на нашите канали (Facebook, Twitter, YouTube, од неодамна и Хип-хоп аудио каналот api.muzichkiregistar.com/iradiovbu.aspx - посветен само на хип-хоп домашната музиката - планираме посебни канали за повеќе музички стилови во иднина, откако го стабилизираме овој за хип-хоп домашната продукција)
  • кога за конкретен настан или личност (обично изведувач, музички автор, музичар) пишуваме напис (https://www.muzichkiregistar.com/Написи.aspx)
  • кога правиме фото сторија за конкретен настан (https://www.muzichkiregistar.com/Фотосторија.aspx)
Овие дополнителни содржини со кои акцентираме музика, настан или автор/изведувач/бенд/музичар/учесник го сметаме за промоција, а во регистарот без посебни рестрикции се обидуваме да евидентираме се до кое ќе дојдеме како информација дека е создадено од луѓе од Македонија (или издание во кое учествувал некој од Македонија).[DOUBLEPOST=1508884474][/DOUBLEPOST]
Концептот е ок али треба да ја подноват веб страната. Тој што мислел дека зелен текст на црна позадина е добра идеја треба да се врати во школо.
Забелешката за изгледот е на место и ја прифаќаме. Васил Буралиев (https://www.linkedin.com/in/vasbu/) е тој што до овој момент стои зад техничкиот развој и што според тебе треба да се врати во школо.
Нашето мислење е дека во моментот кога ќе го смениме изгледот на страницата, во краток рок - страницата ќе се популаризира многу повеќе од она што е сега (последниве месеци посетеноста варира помеѓу 200 и 300 посетители на неделно ниво).

Во тек е креирање API што ќе овозможи цврста дистинкција помеѓу серверот и клиентот на техничкото решение и во план ни е изгледот на веб сајтот да го обновиме, односно да го направиме да кореспондира со денешницата, а да изгледа како да е правен во почетокот на деведесетите од студент.
Како и да е, изминативе две години, фокусот доминантно беше на серверската страна, прибирањето на податоци. Во моментов сервисот има информации за околу 2600 музички изданија (сингл, EP, LP, компилација) во кои учествувале македонски автори, околу 1400 изведувачи/бендови, околу 4600 учесници што контрибуирале во реализација на евидентираните изданија и околу 11.700 песни/траки. Има динамика од евидентирање нови и стари изданија од (од прилика) 5 до 30 изданија неделно. Процесот е мануелен, односно луѓе ги внесуваат информациите.

Откако го завршиме API-то, следува инспирација за дополнителни сервиси што ќе може да се понудат (сега веќе има многу податоци и може дополнителни интересни сервиси да се понудат) како и да се освежи изгледот на страницата за да ги задоволи високите естетски критериуми, особено на младата публика (оние што најмногу ги интересира музиката - барем според нашата евиденција и статистика што ја водиме).

Имаме отворена покана за секој што сака да контрибуира во иницијативата. Една од позициите што ги сметаме за важни се и Веб Програмер односно попрецизно и со малку по стручна терминологија Front-End Developer.
Па ко воли, нек изволи да видиме какви букви, на каква позадина домашните дизајнери се способни да понудат.
 
Последно уредено:
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Ми се допаѓа концептот. Малку е спора страната но во ред.
Огромен недостаток е тоа што ги нема текстовите од песните. Песните не можат да се преслушаат, освен оние кои се веќе ставени на Youtube, па се линкуваат до таму.
Од она што го видов, не гледам причина да ја отворам страната освен ако ми затребаат информации од типот: тонски снимател, дизајн на омот, аранжман, вокал, продуцент и слично.
Текстови, акорди, архивски поврзани информации, преслушување ... сето тоа би ја зголемило содржината а со тоа и посетителите. Но, ако се земе во предвид дека се работи за проект кој неодамна ја надминал фазата хоби проект (како што разбрав од претставникот) тоа може и да го сруши сервисот поради недоволни ресурси (не мислам на јачина на сервери иако и тоа е битно, туку пред се мислам на човечки ресурси). Лично би играл на долги стази со постепено воведување на нови типови на информации отколку одеднаш да се пукне се па навистина да пукне се :)
Во крајна линија, и она што сега постои и може да се пронајде како податок е многу повеќе од она што до пред некоја година го имавме - впрочем ништо :)

Имаме отворена покана за секој што сака да контрибуира во иницијативата. Една од позициите што ги сметаме за важни се и Веб Програмер односно попрецизно и со малку по стручна терминологија Front-End Developer.
Па ко воли, нек изволи да видиме какви букви, на каква позадина домашните дизајнери се способни да понудат.
Јунаци има сигурно, само мислам дека ова скоцкано како кратка покана за соработка треба да го поставите во темите за програмирање и/или веб дизајн.
 
VBU_Muzichki_Registar

Регистар на македонски музички изданија
Член од
24 октомври 2017
Мислења
20
Поени од реакции
14
Поздрав @Acohipmk и ти благорадиме за конструктивните коментари.
Нашите реплики за поедините целини што ги идентификувавме, следат помеѓу твоите редови.

Ми се допаѓа концептот. Малку е спора страната но во ред.
Благодариме за првото. Веројатно си во право за второто, особено кога се отвораат страниците со деталите за изданијата и тоа кога станува збор за LP (албумски) изданија и поголеми компилации.
Тоа е затоа што во реално време се прави проверка на два сервиси (YouTube.com, SoundCloude.com) дали ги има пенсите/траките што ги содржи изданието за да може да се направат линкови до тие песни/траки и да се овозможи преслушување. Ова ни дава можност динамички и автоматски да се ажурираат тие линкови. Мануелното нивно менаџирање ќе биде голем проблем. Вака има маргина на грешка релативно прифатлива, барем за нас, а очигледно е дека тебе ти пречи што неможеш сите песни да ги најдеш и преслушаш на нашиот сервис (примено к'знању). Овде има каде да се оптимизира решението, се разбира за да биде побрзо, а и тоа го имаме во предвид. Ако тоа претставува еден од поголемите проблеми за корисниците на сервисот, тој предизвик ќе добие и поголем приоритет.

Огромен недостаток е тоа што ги нема текстовите од песните.
Фала ти за хинтот. За ова може да потврдиме дека сме свесни. Всушност воопшто немавме намера, да се бавиме со евидентирање на тие податоци (лириката на песните). Од каде сме свесни и ние за тоа, затоа што следејќи ја статистиката за посетеност на сајтот, гледаме дека најмногу органски пребарувања на google, во кои нашата страница била прикажана како резултат и потоа кликната од пребарувачот имаат клучни зборови со називот на песната и лирика односно текст. Оваа тема сме ја дискутирале интерно, но можеби по овој твој коментар, повторно ќе ја ставиме на агенда на нашите редовни средби што ги имаме еднаш во неделата.

Песните не можат да се преслушаат, освен оние кои се веќе ставени на Youtube, па се линкуваат до таму.
Во прва фаза тоа ни беше и идејата, да не градиме ние база на аудио записи за да ја понудиме за download или streaming, затоа што самите автори веќе прават база на аудио записи преку објавување на нивниот труд на сервиси како youtube или soundcloud па и на некои други сервиси (bandcamp на пример).
Идејата беше и сеуште е, барем во прва фаза, да ги индексираме сите или барем што е можно повеќе, за да може да се најдат и пребаруваат од едно место, како и да може во некаква структура за тоа што е ново и со едноставна и популистичка жанровска класификација, луѓето да наоѓаат и да следат тоа што ги интересира.
Е сега, алгоритамот што го имаме, не секогаш може да ги пронајде песните оставени на споменатите сервиси поради повеќе причини. Еве јас ќе спомнам само една, а ги има повеќе клучни што бараат дополнителна работа или на страна на регистарот или на страна кај оние што ја создаваат таа огромна база аудио записи дистрибуирана на различни сервиси.
Ние се трудиме да ги евидентираме називите на изданијата, песните авторите на изворен начин. Повеќето од нив се на кирилица. Тоа ни е важно. Она што се случува на Youtube, на пример е сосема спротивното. Оние што ги објавуваат аудио и видео записите таму многу малку пишуваат на кирилица, второ некогаш и латиницата е лоша. Пр. наместо „sh“ за „ш“, ставаат само „s“. Нашиот алгоритам е релативно интелигентен и прави транслитерации од латиница во кирилица и обратно, прави обиди да „коригира“ во пребарувањето грешки како погоре споменатата, но за жал неможе се да поврзе. (затоа и имаме дисклејмер кај деталите за изданието за тоа)

Инаку, ултимативната идеја поврзана со овој сегмент е да се направи платформа слична на Spotify за Македонија и регионот што ќе служи за дистрибуција на изданијата и тоа да биде само дел од сервисот. Но, што вели нашиот северен сосед - далеко је Сунце.

Од она што го видов, не гледам причина да ја отворам страната освен ако ми затребаат информации од типот: тонски снимател, дизајн на омот, аранжман, вокал, продуцент и слично.
Тоа е многу специфична функција што неколку други луѓе исто така ја спомнуваат. Не само тоа што можеш да видиш кој се учествувал и со каква улога во издание, туку можеш да го видиш музичкото портфолио на поединец (ние го нарекуваме контрибутор или учесник) - се разбира за изданијата што сме ги евидентирале.
Еве на пример, оди на портфолио страницата на Пере од Нокаут, ќе можеш да видиш каде се тој учествувал во реализација на изданија што практично не се на Нокаут, иако тој е препознатлив како фронтмен на тој бенд. Тоа за нас отвора една друга димензија на чија основа може да се градат дополнителни сервиси за кои интензивно размислуваме.

Инаку, следејќи го форумов, поточно темите поврзани со музика, гледаме дека сервисот може да има корисна примена, односно веќе и ја има преку други постојни функции што актуелниот вебсајт ги нуди. Пр. на една од дефинираните дискусии на овој форум именувана како „Македонски Изведувачи“, авторот на темата вложил многу за да излиста помеѓу 300 и 400 изведувачи за кои има посебни дискусии во кои им а по некоја информација за изведувачите/бендовите или споделен линк до песна. ВБУ Музички Регистар, во моментов на пишување на оваа порака има евидентирано 1386 изведувачи и 11718 песни/траки. Верувам дека оние што сакаат да ја видат дискографијата или музичкото портфолио на изведувачите, Регистарот ќе им е згоден сервис. Воедно, интеграцијата со Twitter и Facebook, односно можностите за споделување преку овие мрежи на страниците со детали за изданијата, како и можноста за коментари, лајкување и ставање оценки на секое издание овозможува комуникација меѓу луѓето.
Се разбира, тие функции не треба да го заменат форумот, но мислам дека ме разбираш дека тоа е вредност за оние што ги интересира таа тема.

Тоа беше само еден пример. Ако ги разгледаш креираните дискусии под „Музика“, сигурни сме дека ќе идентификуваш поврзување (match) помеѓу дискусиите и потребата/желбите на луѓето што учествувале во создавање содржина на овој форум и некои од функциите што сега ги има Регистарот.

Генерално кога пребарувам информации за Македонска песна, или барам текст од неа или барам некоја песна која ја нема на Youtube или некоја различна верзија од истата.
Корисна информација, ти благодариме. Што си по професија?

Доколку странава има текстови од песни, гарантирано ќе има многу поголема посетеност иако за вакво нешто би требало многу повеќе работа.
Се сложуваме и со едното и со другото. Прав си!

Добро би било да може да се преслушуваат песните. Не мора тоа да биде со висок квалитет туку макар и со 64kbps ама да може да се преслуша. Тоа би значело многу повеќе работа претпоставувам, но и нивна музичка база. Најверјатно би зафаќало и премногу простор тоа. И така. :)
Да, тоа би било згодно дефинитивно. Ти благодариме уште еднаш за конструктивните коментари.[DOUBLEPOST=1508889854][/DOUBLEPOST]
Текстови, акорди, архивски поврзани информации, преслушување ... сето тоа би ја зголемило содржината а со тоа и посетителите. Но, ако се земе во предвид дека се работи за проект кој неодамна ја надминал фазата хоби проект (како што разбрав од претставникот) тоа може и да го сруши сервисот поради недоволни ресурси (не мислам на јачина на сервери иако и тоа е битно, туку пред се мислам на човечки ресурси). Лично би играл на долги стази со постепено воведување на нови типови на информации отколку одеднаш да се пукне се па навистина да пукне се :) .
Да, тоа е и нашиот пристап. Ресурсите се крајно лимитирани.

Во крајна линија, и она што сега постои и може да се пронајде како податок е многу повеќе од она што до пред некоја година го имавме - впрочем ништо :).
Благодариме @pLaToOn и се радуваме што гледаш вредност во тоа.

Јунаци има сигурно, само мислам дека ова скоцкано како кратка покана за соработка треба да го поставите во темите за програмирање и/или веб дизајн.
Да, тој повик ќе го направиме во нарадниов период во соодветна дискусија/тема
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570
Доколку би се вклучиле во сето ова покрај самите музичари и издавачите .може сето ова да се направи и како што се светските веб сервиси Google play music, Itune, Deezer и други слични сервиси. Да може да се плаќа секое слушање или симнување на одредена песна или албум. Цената ќе си ја креира самите автори и издавачи. Доколку се вклучат тука и музичките продавници како што се Југотон, Мистер компани и слични да може секој албум покрај опцијата дигитално да се купи и испечатено на носач на звук. Само сето тоа не знам како би можело да се направи со парите, сепак покрај музичките продавници, авторите, музичарите и вие треба нешто да заработите за да може целиот овој проект да се одржува.

За радио станиците и угостителските објекти може да се направи дел каде ќе си прават листа на најслушани и најбарани македонски песни за секој месец. Исто така за угостителските објекти добро би дошле овие радио канали а не сакаат да пуштаат радио каде има реклами и емисии да некој цело време зборува туку чисто само музика.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom