Поздрав
@Acohipmk и ти благорадиме за конструктивните коментари.
Нашите реплики за поедините целини што ги идентификувавме, следат помеѓу твоите редови.
Ми се допаѓа концептот. Малку е спора страната но во ред.
Благодариме за првото. Веројатно си во право за второто, особено кога се отвораат страниците со деталите за изданијата и тоа кога станува збор за LP (албумски) изданија и поголеми компилации.
Тоа е затоа што во реално време се прави проверка на два сервиси (YouTube.com, SoundCloude.com) дали ги има пенсите/траките што ги содржи изданието за да може да се направат линкови до тие песни/траки и да се овозможи преслушување. Ова ни дава можност динамички и автоматски да се ажурираат тие линкови. Мануелното нивно менаџирање ќе биде голем проблем. Вака има маргина на грешка релативно прифатлива, барем за нас, а очигледно е дека тебе ти пречи што неможеш сите песни да ги најдеш и преслушаш на нашиот сервис (примено к'знању). Овде има каде да се оптимизира решението, се разбира за да биде побрзо, а и тоа го имаме во предвид. Ако тоа претставува еден од поголемите проблеми за корисниците на сервисот, тој предизвик ќе добие и поголем приоритет.
Огромен недостаток е тоа што ги нема текстовите од песните.
Фала ти за хинтот. За ова може да потврдиме дека сме свесни. Всушност воопшто немавме намера, да се бавиме со евидентирање на тие податоци (лириката на песните). Од каде сме свесни и ние за тоа, затоа што следејќи ја статистиката за посетеност на сајтот, гледаме дека најмногу органски пребарувања на google, во кои нашата страница била прикажана како резултат и потоа кликната од пребарувачот имаат клучни зборови со називот на песната и лирика односно текст. Оваа тема сме ја дискутирале интерно, но можеби по овој твој коментар, повторно ќе ја ставиме на агенда на нашите редовни средби што ги имаме еднаш во неделата.
Песните не можат да се преслушаат, освен оние кои се веќе ставени на Youtube, па се линкуваат до таму.
Во прва фаза тоа ни беше и идејата, да не градиме ние база на аудио записи за да ја понудиме за download или streaming, затоа што самите автори веќе прават база на аудио записи преку објавување на нивниот труд на сервиси како youtube или soundcloud па и на некои други сервиси (bandcamp на пример).
Идејата беше и сеуште е, барем во прва фаза, да ги индексираме сите или барем што е можно повеќе, за да може да се најдат и пребаруваат од едно место, како и да може во некаква структура за тоа што е ново и со едноставна и популистичка жанровска класификација, луѓето да наоѓаат и да следат тоа што ги интересира.
Е сега, алгоритамот што го имаме, не секогаш може да ги пронајде песните оставени на споменатите сервиси поради повеќе причини. Еве јас ќе спомнам само една, а ги има повеќе клучни што бараат дополнителна работа или на страна на регистарот или на страна кај оние што ја создаваат таа огромна база аудио записи дистрибуирана на различни сервиси.
Ние се трудиме да ги евидентираме називите на изданијата, песните авторите на изворен начин. Повеќето од нив се на кирилица. Тоа ни е важно. Она што се случува на Youtube, на пример е сосема спротивното. Оние што ги објавуваат аудио и видео записите таму многу малку пишуваат на кирилица, второ некогаш и латиницата е лоша. Пр. наместо „sh“ за „ш“, ставаат само „s“. Нашиот алгоритам е релативно интелигентен и прави транслитерации од латиница во кирилица и обратно, прави обиди да „коригира“ во пребарувањето грешки како погоре споменатата, но за жал неможе се да поврзе. (затоа и имаме дисклејмер кај деталите за изданието за тоа)
Инаку, ултимативната идеја поврзана со овој сегмент е да се направи платформа слична на Spotify за Македонија и регионот што ќе служи за дистрибуција на изданијата и тоа да биде само дел од сервисот. Но, што вели нашиот северен сосед - далеко је Сунце.
Од она што го видов, не гледам причина да ја отворам страната освен ако ми затребаат информации од типот: тонски снимател, дизајн на омот, аранжман, вокал, продуцент и слично.
Тоа е многу специфична функција што неколку други луѓе исто така ја спомнуваат. Не само тоа што можеш да видиш кој се учествувал и со каква улога во издание, туку можеш да го видиш музичкото портфолио на поединец (ние го нарекуваме контрибутор или учесник) - се разбира за изданијата што сме ги евидентирале.
Еве на пример, оди на
портфолио страницата на Пере од Нокаут, ќе можеш да видиш каде се тој учествувал во реализација на изданија што практично не се на Нокаут, иако тој е препознатлив како фронтмен на тој бенд. Тоа за нас отвора една друга димензија на чија основа може да се градат дополнителни сервиси за кои интензивно размислуваме.
Инаку, следејќи го форумов, поточно темите поврзани со музика, гледаме дека сервисот може да има корисна примена, односно веќе и ја има преку други постојни функции што актуелниот вебсајт ги нуди. Пр. на една од дефинираните дискусии на овој форум именувана како „
Македонски Изведувачи“, авторот на темата вложил многу за да излиста помеѓу 300 и 400 изведувачи за кои има посебни дискусии во кои им а по некоја информација за изведувачите/бендовите или споделен линк до песна. ВБУ Музички Регистар, во моментов на пишување на оваа порака има евидентирано 1386 изведувачи и 11718 песни/траки. Верувам дека оние што сакаат да ја видат дискографијата или музичкото портфолио на изведувачите, Регистарот ќе им е згоден сервис. Воедно, интеграцијата со Twitter и Facebook, односно можностите за споделување преку овие мрежи на страниците со детали за изданијата, како и можноста за коментари, лајкување и ставање оценки на секое издание овозможува комуникација меѓу луѓето.
Се разбира, тие функции не треба да го заменат форумот, но мислам дека ме разбираш дека тоа е вредност за оние што ги интересира таа тема.
Тоа беше само еден пример. Ако ги разгледаш креираните дискусии под „Музика“, сигурни сме дека ќе идентификуваш поврзување (match) помеѓу дискусиите и потребата/желбите на луѓето што учествувале во создавање содржина на овој форум и некои од функциите што сега ги има Регистарот.
Генерално кога пребарувам информации за Македонска песна, или барам текст од неа или барам некоја песна која ја нема на Youtube или некоја различна верзија од истата.
Корисна информација, ти благодариме. Што си по професија?
Доколку странава има текстови од песни, гарантирано ќе има многу поголема посетеност иако за вакво нешто би требало многу повеќе работа.
Се сложуваме и со едното и со другото. Прав си!
Добро би било да може да се преслушуваат песните. Не мора тоа да биде со висок квалитет туку макар и со 64kbps ама да може да се преслуша. Тоа би значело многу повеќе работа претпоставувам, но и нивна музичка база. Најверјатно би зафаќало и премногу простор тоа. И така.
Да, тоа би било згодно дефинитивно. Ти благодариме уште еднаш за конструктивните коментари.[DOUBLEPOST=1508889854][/DOUBLEPOST]
Текстови, акорди, архивски поврзани информации, преслушување ... сето тоа би ја зголемило содржината а со тоа и посетителите. Но, ако се земе во предвид дека се работи за проект кој неодамна ја надминал фазата хоби проект (како што разбрав од претставникот) тоа може и да го сруши сервисот поради недоволни ресурси (не мислам на јачина на сервери иако и тоа е битно, туку пред се мислам на човечки ресурси). Лично би играл на долги стази со постепено воведување на нови типови на информации отколку одеднаш да се пукне се па навистина да пукне се
.
Да, тоа е и нашиот пристап. Ресурсите се крајно лимитирани.
Во крајна линија, и она што сега постои и може да се пронајде како податок е многу повеќе од она што до пред некоја година го имавме - впрочем ништо
.
Благодариме
@pLaToOn и се радуваме што гледаш вредност во тоа.
Јунаци има сигурно, само мислам дека ова скоцкано како кратка покана за соработка треба да го поставите во темите за програмирање и/или веб дизајн.
Да, тој повик ќе го направиме во нарадниов период во соодветна дискусија/тема