Авто огласи (интересни возила за продажба)

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
Лелеее...се зачитав, зачитав, едно 30 страни на темава прелистав, одамна не ми било волку интересно : )

Влезена ми е чивијата за нешто ретро, само не планирам да купам нешто па да го реставрирам. Ја би онака, готовански, нешто пиц пец, класика, да не е кичерајски, а поефтинко така : )
 
Еве нешто интересно и со прикладна цена...

http://pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=363331

a7730f08-9833-43a4-a6dd-53d99b544994.jpg

Ова е кај Шумарски Факултет во Автокоманда кај тоа новиот парк. Сум ја приметил количкава неколку пати во околината. ОК е. Само на некои делови е по малце изгребана како што приметив набрзина. Но изгледа се е оригинал на неа.
 
Погледнете ја сликава, огласот и не е толку важен. Го гледате ли тоа што зирка таму позади :) Mи изгледа како некој Опел... Некој од Струмица да потврди?

7920873b-a1ef-4e3a-9de3-9b9e93b9b08.jpg

http://pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=362144

За оние кои не се по старите машини....

http://pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=272629

Џиш, човекот со меурот е дојден од Дојчланд. Со него донесе 2 школки од Изети, верувам дека ова лето ќе бидат искрпени и фарбани.

Едит: 7.000 eвра за златната Симка? Нели се многу пари...
 
Едит: 7.000 eвра за златната Симка? Нели се многу пари...

Ако е се стандард или ако не се се од странство делови многу е. Сам да се нафатиш да ја направиш ќе излезе 3 -4 000 евра :toe:
 
http://pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=362144
Џиш, човекот со меурот е дојден од Дојчланд. Со него донесе 2 школки од Изети, верувам дека ова лето ќе бидат искрпени и фарбани.

Едит: 7.000 eвра за златната Симка? Нели се многу пари...
Епа чекаме сликички за Изетите... да видиме што ке испадне.

А 7.000 евра за било кое старо возило се премногу бар за наш стандард. Имаше Опел ГТ во тетово, 5.000 евра бараше човекот ке го дадеше и за поефтино, а е каде каде поатрактивно возило од Симката :) + имаш уште 2.000 евра за средување на ситници.
 
Слики нема шанси...

Опелот пишуваше дека нема документи, така да и за 2000 евра да го даде џабе е.
 
Слики нема шанси...

Опелот пишуваше дека нема документи, така да и за 2000 евра да го даде џабе е.
Зошто да нема шанси слики? Не дава да се сликаат :(?
 
Зошто да нема шанси слики? Не дава да се сликаат :(?

Да, пробав и минатото лето кога беше тука... Разговарав и ми кажаа дека овие се можеби единствените на Балканот средени до детал.
 
Да, пробав и минатото лето кога беше тука... Разговарав и ми кажаа дека овие се можеби единствените на Балканот средени до детал.
Па баш дека се единствени добро би било малку промоција (дрн дрн дрн) да видат луѓето дека има нешто уникатно и во оваа држава...
 
Го знам човекот што го има правено мерцедесов плав... Ме чуди што му станало да го направи вака... Инаку мајстор топ е и он и син му...А тоа за деловите дека се е на него оригинал и донесено од германија...Во право се , не лажат, гарантирам...

:oeoeoe:сега го видов знакчево... убаво морав да го ставам.

И јас го знам му продадов делови овај мерцедес
 
Спореди го со оној погоре (на сликата каде што има чичко со бермуди), ке видиш дека баеги делови не се оригинал, почнувајки со трепкачите, задните светла, изменетите задни крила, ретровизорите, воланот и уште мал миљон детали...

во превод не вреди, џабе се мачел тој што го правел.
 
Жмигавците на жолтиот ми изгледаат како да се од фичо
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom