Авто огласи (интересни возила за продажба)

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
10510240d8e24ad4b871c6d.jpg

http://www.pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=159331

добар е овај само што има неоригинални делови а инаку добро е среден
 
Ентериерот е чудо :wink:, а во целина колата е солиден олд тајмер. Претпоставувам дека машината и е оригинална.

Пред некое време баш спомнавме 12ки, е ваков зачуван беше тој синиот во Кавадарци. Сите лајсни и фитинзи на број како и раткапни со V4 логото.
 
Интересен Таунус...иако лимаријата ми е малце сомнителна, барем вака на слика...
edit:
Премногу сомнителна...
Спојот на предно лево крило и прагот...
Задно лево крило долу е катастрофа изработено, исто и задниот везен лим долу лево на спој со лево крило....
 
Интересен Таунус...иако лимаријата ми е малце сомнителна, барем вака на слика...
edit:
Премногу сомнителна...
Спојот на предно лево крило и прагот...
Задно лево крило долу е катастрофа изработено, исто и задниот везен лим долу лево на спој со лево крило....
жмигавци од 101 :tapp:

Ваков можев да земам за 150 евра, на брат ми другар го имаше прва фарба, прв газда во солидна состојба единствено што му фалеше се буквите на хаубите (раткапните со в4 ознака ги имаше сите), само некако грд модел е...
 
Солиден Мерк... а и цената е прикладна за вака среден автомобил. До кај 2500-2400 може да се земе...

210401ba-db79-4bd9-9a62-0468205c9b7.jpg



Оглас: http://pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=369319
Не мислиш дека претерал? Баш гледав како се движат цените (се думав колку реално можам да земам за ескордот мој) и искрено за тие пари се зема Форд Ескорд 10 години понов во слична состојба со далеку подобри перформанси/потрошувачка/цена за регистрација!!! Ова чудо со 3.000 цм кубни е над 17.000 денари за регистрирање, да не спомнувам дека троши над 10 литри дизел низ град.
 
И ти ли сине Џиш... споредуваш Форд и тоа ескорт со икона на издржливост Мерц 123... па што километри овие коли имаат направено... Пола албанија ги вози и уште се тркалаат. И јас имам форд, ама...немој вакви муабети, те молам... е сега колку и каква е цената може да се коментира, ама споредба...ЈОК.
 
На мојот пријател чичо му на времето а можеби и уште таксира ваков мерцедес меѓуградски по Србија и има 1 000 000 км поминато. Не ми се веруваше кога ми кажа :nesum:
 
И ти ли сине Џиш... споредуваш Форд и тоа ескорт со икона на издржливост Мерц 123... па што километри овие коли имаат направено... Пола албанија ги вози и уште се тркалаат. И јас имам форд, ама...немој вакви муабети, те молам... е сега колку и каква е цената може да се коментира, ама споредба...ЈОК.
И јас друже... 123 мерцедесите (без навреда) ама дизелите се стари баби. на 3000 кубици едвај добиваш 100 кс, да не ти го споменам 200д кој само се тркала по патиштата. Не правиме муабет за издржливост и комфорт (тука мерцот се знае е без конкуренција) правиме споредба на перформанси/потрошувачка/регистрација. И побрзо ке го направам ремонт фордовиот 1.8 дизел (на 400.000), ама на угорнина ке возам 100км/ч и ке ми троши 6 низ град отколку 1.000.000 км и на поголема угорнина да те престигне фичо :kesa:, а да не ти напоменам дека низ град било кој Мерц си пие 8+.

Мерцедес дизел добар мотор со добри перформанси почна да се вградува во Ц класата од 1992 па навака.
 
ама затоа се па издржливи моторите, 3000 кубици со 100 коња тој мотор воопшто не е оптоварен и тера повеќе од 1,000,000 километри
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom