Авто огласи (интересни возила за продажба)

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
Да не успеа некој да го запише бројот од Гиата? Го барам огласот го нема веќе а сакам да се јавам.
 
Да не успеа некој да го запише бројот од Гиата? Го барам огласот го нема веќе а сакам да се јавам.

Ај побарај ја пак ... старите линкови не важат веќе ... сега и ќе се плаќа од 50-80 ден за оглас во зависност од категоријата, плаќањето преку телефон ќе ти лапнат од сметка

http://www.pazar3.mk/

--- надополнето ---

ЕДИТ сега видов дека го нема повеќе огласот ... значи ја продал 99.9%
 
ќе се плаќа?????? сега ке им замре страницата и конечно ке нема толку потресувања со цени... само на пазар 3 се гледаа такви бесмислени цени.... конечно ке дојде крај на такви глупости...
 
TOYOTA CELICA 1.6 zaden pogon,pali vozi,socuvana 700evra-8

http://www.pazar3.mk/ViewItem.aspx?itemId=878341
bd7caaa2-90fd-4d1f-8ddb-d02cb3fa1588.jpg
 
Има малку преправки, ама не е лошо секој случај. Малку со делчиња е гаден ...ги нема и мора порачка. Зборувам за ситници, кои ептен удираат по џеб :)
 
Овој беше објавен пред можеби година време заедно со оној плавиот реставриран до штрафче (му бараа на тој 15 илјадарки) За тие пари црниов не е лош, ама мора да се прегледа детално.
 
Вака ми делува како вода под ругузина... надворешно - бојата - изгледа прилично добро, ама внатре е батал. Нешто стрчи од тунелот, претпоставувам дека некој турил мењач кај шо не треба??? Тапацирите се во некоја средно жалосна состојба, а седиштата се покрени со грди навлаки за да не се гледаат. Под крила и патосот, можиме да претпоставуваме какви се, чим не бараат 3000 евра...

И да, сликите се идентични со оние од пред 1 година. Се јавив тогаш, некоја жена го продаваше (ваљда тој на огласот сега е мажот нејзин) до кај 1.000 евра ќе го слезат.
 
Абе да, се супер, ама за овие модели, не да не нема делови. Зборувам за ситници. Километражи, компоненти украсни такви глупости. Механика ќе искомбинираш нешто од 115-ка, 123-ка ама останатото е ептеееен заебано.

Има делови ама нови :) и тоа далеку од нас.

Сепак, мерак е мерак и радо би го имал чудово :)
 
Интересно е мерџово... е сеа незнам за ценава не сум гледал вакви по колку одат :)
Правило број 1: не гледај кола на дожд. Види колку сјајна изгледа бојата бидејќи е водена (запримети го делот под лајсните каде што е сув колку е блед спрема остатокот.). Кога ќе се исуши можно е да е бледа ко крпа.

Инаку ако е добра машината и остатокот од каросеријата 1700 евра е пристојна цена за Мерџан во возна состојба. Ако е скапан беспари да ти го дат за тие пари нема да го напрајш (прајме муабет за мераклиско средвање, не за да го замачкаш).

Ваков е и мојот со таа разлика што е 240... овај е 200-ка. Ако ти е за тркање, да не го земаш, перформансите му се еднакви на фичо (максимална околу 130, тромо забрзување, по угорнини ќе возиш 60). Ама затоа возењето и држењето на патот е феноменално.
 
Не сум заинтересиран за купување ама фала на советите :)

Еве уште едно мерџо - http://www.pazar3.mk/ViewItem.aspx?itemId=795688

Btw, мерџово е ок, ама најмногу ме интересира што е тоа позади на сликава!
ce921b34-50e6-406b-95ec-a81373275167.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom