- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 38.196
- Поени од реакции
- 107.855
Во машка конкуренција прв носител е Рафаел Надал кој не одигра ниту еден припремен турнир пред АО, единствено завчера играше егзибиција против Гаске каде загуби во два сета. Кај жените прва носителка е Симона Халеп, али кај нив гужвата на врвот е огромна и буквално 5-6 тенисерки може да бидат први после АО, така да овој ГС ќе биде доста интересен и од тој аспект.
Ќе биде интересно да се види дали Саша Ѕверев конечно може да направи исчекор на Грен Слем турнирите, инаку не ја почна воопшто добро сезоната и нанижа порази во Хопман купот, дали Надал и Федерер ја имаат ланската форма, дали повратникот Ѓоковиќ на кого ова ќе му биде прв официјален меч по Вимблдон може повторно да се врати на врвно ниво, дали Киргиос конечно ќе стане сериозен и ќе загриза за ГС титула, дали Беноа Пер може да го урне рекордот во искршени рекети на еден меч, дали Бушар може да ја продолжи својата серија на порази и зголемување на следачите на Инстаграм...
Кај мажите учеството го откажаа Енди Мареј и Кеи Нишикори, првиот го оперираше колкот пред некој ден и ќе биде аут до сезоната на трева, а Нишикори сеуште не е спремен за високо ниво на тенис и пријави два Челенџера кои ќе се одиграат по овој турнир. Да, добро читате, Кеи ќе игра Челенџери. Место нив влегоа Багдатис и Дутра Да Силва. Да додадам дека неизвесен е и Вавринка кој денес на егзибициите низ Австралија се пожалил на болки во рамото.
Во женска конкуренција учеството го откажаа Серена Вилијамс, Викторија Азаренка, Светлана Кузњецова и Тимеа Бачински.
Церемонијата за извлекување на ждребот ќе биде утре, односно веќе сме четврток така да сабајлево во 11 часот по наше време и ќе се одржи на Маргарет Корт арената. Ќе извлекуваат Федерер и Шарапова која ја заменува Серена Вилијамс која како што споменав го откажа учеството на турнирот.
Да напоменам дека сите корисници на МАХ Тв ќе бидат оневозможени да гледаат тенис затоа што ја укинаа Еуроспорт. За оние што знаат за одредени сајтови и програмчиња преку кои може да се гледа тенис би било пожелно да споделат во коментар за да може сите љубители на тенисот да го гледаат овој Грен Слем турнир.
Жребови :
Машка конкуренција
Женска конкуренција
Последно уредено од модератор: