Епа не знам, јас за Новак низата ја продолжив како што оди. За Надал веќе стагнира две години на 0, да видиме за каков вид на низа се работи тука.
@Feisty , не е тешко да се воочи дека од 2010 т.е. од новата деценија дека најмногу титули има Новак, т.е. 11 од неговите вкупни 12.
Рафа може да се пофали со 3 во 2010, 1 во 2011, 1 во 2012, 2 во 2013 и 1 во 2014 што сумирано доаѓа 8, значи за 3 е пократок од Новак. Гледај како ќе гледаш, меѓутоа разликата се направи токму во 2015 и 2016.
Реално тема на која нема да се разбереме, така да ајде да ги оставиме нека играат на раат, на крајот од годината сигурно ќе има позабележителни промени па ќе видиме до каде сме.