Australian Open 2017

Кој ќе го освои Australian Open 2017?

  • Andy Murray

    Гласови: 10 17,2%
  • Novak Djokovic

    Гласови: 18 31,0%
  • Milos Raonic

    Гласови: 4 6,9%
  • Stanislas Wawrinka

    Гласови: 4 6,9%
  • Kei Nishikori

    Гласови: 1 1,7%
  • Dominic Thiem

    Гласови: 2 3,4%
  • Rafael Nadal

    Гласови: 13 22,4%
  • Roger Federer

    Гласови: 11 19,0%
  • некој друг (наведете во мислење)

    Гласови: 3 5,2%

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Иако кај нас е поларна зима, сепак топлото расположение пристигнува од Мелбурн. Пред саат време започнаа квалификациите за овогодинениот Australian Open. Оваа година поразличен за нас Македонците, ќе имаме претставник, макар и во квалификациите во женска конкуренција, верувам сите знаете, Лина Ѓорческа. Тоа е една од причините зошто ја отворам темата вака рано, а другата е тоа што сите терени се покриени со камери и имате можност да ги следите на следниот линк, а утре ќе имаме шанса да ја гледаме Лина против Saschia Vickery во 3 часот после полноќ македонско време (12.01.2017).

Да се вратиме на она што е многу поважно, акцијата која ќе започне на 16ти јануари и ќе трае се до 29ти јануари кога ќе се игра машкото финале. Бранител на титулата е Новак Ѓоковиќ кој го совлада моментално најдобриот тенисер на светот, барем што се однесува до АТП ранкингот.
Главните жребови во машка и женска конкуренција ќе се одржат во петок (13. јануари), а за дополнителни сатници ќе се дискутира во темата благовремено. Пред самиот жреб, ова се 32 носители кои го очекуваат привилегирано жребот во петок, се надевам дека нема да има откажувања и да се сменат некои работи.
upload_2017-1-11_1-19-2.png

Со оглед на тоа што е почеток на сезона и не знаеме точно во каква форма се тенисерите, веројатно ќе имаме интересен турнир. Според букмејкерите (bet365 во случајов), прв фаворит е Ѓоковиќ (2.37), втор Мареј (2.62), третото место го делат Вавринка и Надал (13.00), а петтото место го делат Федерер и Раониќ (17.00).

За крај, една слика од ланскиот шампион и годинава нека победи најдобриот. :)




p.s. Одговорете и на анкетата. :)
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
кој сака да уплати на Надал му давам 50 коефициент..

не знам сега дали Ноле и Стен се сретнуваат во полу финале, ми се гледа нивен дуел..
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Лина-Викери, сабајле накај 5,6 саат.
Тежок противник по име, ама Викери имаше вчера меч со Мертенс и предаде по 1 одигран гем кој го доби. Не знам дали е повредена или предала ради квалификацииве, ама ако сакала да се чува за АО, не знам зашто воопшто почнувала еден гем.[DOUBLEPOST=1484125239][/DOUBLEPOST]Иако е рано за поматаму да збориме, добро е што во евентуално второ коло ќе игра со T.Moore - D.Galfi, а во трето(последно) коло потешко не можеше Voegele (прва носителка).
 
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2016
Мислења
115
Поени од реакции
207
Викери има предадено со Мертенс затоа што победничката од тој меч нема да може да игра AUS Open квалификации. Не е Викери толку многу силна како некои други што можеа да паднат, али нема да биде лесно.

Еве што се има случено на Викери-Мертенс:

http://www.businessinsider.com/tennis-match-ends-one-game-retire-australian-open-2017-1
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
upload_2017-1-11_11-49-47.png

Па добро бе бива ли да толку да нема среќа...

Ништо, лаган фаворит за пораз е и против Викери и против Мур и протв Вогл..
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Минимални шанси има Лина вечер, а и да победи, многу многу тешко да оди напред покрај Мур, Галфи, Воегл, но ајде да видиме што ќе ни приреди. Штета што мечот е во 3 сатот (може и многу покасно), се надевав дека ќе е прв и дека нема да е многу касно по македонско време.

кој сака да уплати на Надал му давам 50 коефициент..
max уплата? :)
Пошо имам квота 1.04 дека Надал нема да го освои турнирот. Со уплатени 9615 евра се добиваат точно 10.000 на квота 1.04 и уште 200 евра уплата кај тебе ќе дојде истата добивка. Треба да се вложат 9815 евра, меѓутоа 185 се чисти во секој случај. Вреди да се инвестира кога даваш поклон квота, ако си за, контактирај ме па да направиме некој договор на нотар како оди да се распрашам сето тоа. :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.443
Можно е Киргиос да откаже, има големи проблеми со коленото.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Винери 28-16 :D Лина има диктирано изгледа цел меч, и неизнудени и винери има скоро дупло повеќе.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Тепала Лина а? Го гледаше некој мечот?
Случајно се разбудив накај 5 и нешо, пуштив само да проверам резултат, тогаш само што заврши вториот сет. Видов тогаш дека има пренос, незнаев дека пренесуваат квалификации и го гледав третиот. Лина сервираше одлично, речиси сите поени на прв сервис ги освојуваше, имаше доста асови и сервис винери. На втор сервис пак беше очајна, не памтам поен да зеде на втор сервис во третиот сет. Викери подобро го почна третиот сет, подобра беше на терен и имаше прва брејк топки. Според мене еден доста важен поен го одлучи сетот на 1-1, Лина на сервис, 30-30, Викери имаше еден смеч на мрежа во спротивната страна од која беше Лина, но успеа со краен напор да го стигни топчето и да го врати в терен и во продолжение го освои поенот и спаси да не дојде до брејк топка. Веднаш потоа во наредниот гејм Лина направи брејк и тоа од 30-0 за Викери. После тоа како да се распадна Викери, ептен агресивно играше, Лина повеќе чекаше на нејзини грешки.

За пофалба се и 20тина Македонци што ја следеа, се отепааа од навивање. :cuc:[DOUBLEPOST=1484221323][/DOUBLEPOST]


:sekcza::sekcza::ljubove:
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.938
Поени од реакции
35.346
Низ фб се слави си мислиш го освоила турнирот. :pos::pos:

Btw ајмо Ноле. :oleee:
Сакам финале со инцестот од Британија и да ја гледам таа скисната мурла на тој изговорот од жена шо му е мајка. Ти ебам кокошката исперчена.
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Можно 3то коло Новак - Роџер и Енди - Роџер, Федекс е 17 носител...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom