Australian Open 2015 I 19 Јануари - 1 Февруари I

  • Креатор на темата Креатор на темата Red John
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои АО 2015?

  • Вкупно гласачи
    27
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Тоа се нарекува шампионски менталитет пријател. :cool: Виде како ги спаси Рафа брејк шансите? .
Aбе да, Надал се размава асови и еден форхенд погоди. А поенот со кој Андерсон го изгуби сетот беше врв :D :D :D.
Ќе го видиме менталитетот против Бердих, сепак впечаток ми е дека ко да нема сила во ударите на Надал, а од друга страна Бердих беше феноменален против Томич.
 
Бердих е во многу подобра форма од Надал моментално, али го нема тепано од 2005 година. :гик: Не го отпишувам Рафа никако, али ќе биде доста тешко. По мене Бердих е втор играч во светот моментално, секако според форма зборам, али беше и против Ферер па изгуби 2-0 и се изглупира за сите пари. Главата останува иста за жал. :D
 
Гришо смени рекет оваа сезона и моментално ништо не игра. Само ја гура топката во поле, нема острина од форхендот, од бекенд не може три удари по ред да врзе. Ова денес со Мареј беше одиграно на инспирација, односно мотивација поради големиот противник. Против Багдатис УЖАС, против Лацко БЕДА, од Федерер изгуби 6-2 6-2 во Бризбејн, сето ова се резултати кои не одат во прилог на тезата дека Димитров има напредок. Се додека не го смени Рашид ништо нема да направи во кариерата. Човекот е мајстор за заебување на играчи, беше тренер на Цонга, Монфилс... Само се плашам дека ни Тони Надал, ни Марјан Вајда, ни Пол Анакон, ни бутур не може да му всадат победнички менталитет. За мене Гришо е лузер со огромен талент во него. Е сеа на него е да ме демантира во иднина, али Рашид мора да го мења под итно.
И да, нека не КУР го имитира толку Федерер, ама ептен боде во очи мајкуму стара. :tapp:
Този пат не се сложувам со тебе.
Не можеш да изиграеш меч като денешнија срешту Мареj само од инспирациjа поради противникот. А и двамата се познават одлично, другари са и често тренират заедно.
Мечот беше добар (нема да река феноменален), за лугето од Eurosport наjдобриот на турнирот досега.
За мен реферот на финалниот сет даде спорни решениjа во вреда на Гришо (не тврда дека загуби заради тоа).
Против Лацко не знам што требаше да е - меч като меч, тренировка. Во истото време Надал се мачеше да остане во турнирот. Срешту Багдатис сам Гришо не бе доволен од играта си, но все пак победи играч коj цел сезон може да не играе, но во Мелбарн е секогаш предизвик.
Нема как да смени генерално техниката си - веке е изграден играч. Но когато се збори за него веке е забравено старото Baby Fed. Веке е Григор Димитров.
Односно работата со Рашид - мнението ми е 50/50. Донесе голем прогрес, но не знам дали нема потреба од ново ниво. Интересно е тоа што Рашид налага на Григор да играе дефанзивно и да биде ефективен а не ефектен (типичните hot shots да се минимум), но преди денешниот меч му е рекол дека иска забава.
Односно Пол Анакон - през ноември-декември Гришо води подготовка при него 2 недели.
 
Одамна не сум гледал ваков добар меч во женска категорија како што играат Азаренка и Цибулкова,браво за двете.
 
Азаренка со извиците ко ќе удира по топчето ме потсеќа на сон џоку ко ќе го викаше името на нападот пред да нападни. :D
 
Одамна немам гледано поквалитетен женски меч. Браво за двете, а и честитки за Цибулкова, заслужено. :)
 
Нишикори рутирано, али Серена што глупости изнаправи... :pos:
Дефинитивно ке се исплати да се стави некоја паричка на Цибулкова.
 
Овој Милер ко некој лик од 80тите ми е (дел заради облекава), некако и тенисот што го игра му е таков. Малце на рутина, ама тек во третиов сет мечов стана поквалитетен и поубав за на око.
Серена некако побавно влага во мечевиве ама после кога ќе и тргне нема шанси противникот.

Вечер за Бердих-Надал мала предност на Бердих му давам, во одлична форма е - мислам дека уште нема изгубено сет. Ама веројатно нема да биде меч во 3 сета.. И ајде Марија-Бушар :cool:
 
Надал - Бердих треба да е добар меч, штета што нема да можам да останам цел да го гледам. Гледав сега хајлајтс од А.О 2012 кога играле, ептен добро се држел Бердих ама нема среќа и увек посерува кога најмногу треба да се покаже. Сега е во предност во однос на Надал, ама пак мислам дека Рафа ќе тепа на крај. Знае да изигра добро против него ама дали му се плаши, дали не му се верува дека може да победи
 
Ферер who? Распарчен беше Шпанецот од Нишикори, буквално не знаеше што го снашло. НЕНОРМАЛНО ниво на тенис прикажа вчера Нишикори, нешто што одамна го немам видено. На почетокот на вториот сет односот на винери беше 25-6 во корист на Нишикори ако добро приметив. :eek::eek::eek::eek:

Следен е Вавринка, и него ќе го снајде истото, но не толку убедливо како Ферер. Искрено, да сум фан на Ноле би се плашел од евентуалниот меч со Нишикори, затоа што мислам дека он е најнепосакуваниот противник за Ноле во моментов.

А баш би било добро да го освои турнирот, право уживање е кога го гледа човек. Немам видено некој друг тенисер со 175 cm висина да генерира толкава снага од бекендот кога му доаѓаат ниските топчиња. Да не зборам за аглите што ги прозиведува од неговиот бекенд, БОЛЕСНО што би рекле Србите.
 
На Нишикори не му давам ни 20% шанса против Новак во 3 сета овде, тоа што се случи на УС опен нема шанси да се повтори, а и Вавринка нема да биде лесен противник за Кеи, Ферер има тотално различна игра од Вавринка, солиден е швајцарецот овде, 50-50 меч според мене
 
Абе и ја викав на УС Опен дека ако земе сет Нишикори исто ко да го освоил турнирот па видовме што се деси. Новак секако ќе е фаворит во тој меч, ама нема ни малце лесно да биде. И зашто не му даваш шанса против Новак? Има и те како шанси Јапончето.

За со Вавринка, нормално нема да е лесно ко прво коло да игра, ипак 1/4 финале е, ама по мене Кеи ќе го победи Вавринка затоа што Стан ништо посебно не игра во текот на целиот турнир. Вчера 60 и кусур неизнудени грешки и еден куп глупости имаше, а тоа против Кеи ќе го кошта многу. 70-30% за Кеи според мене.
 
На Нишикори не му давам ни 20% шанса против Новак во 3 сета овде, тоа што се случи на УС опен нема шанси да се повтори, а и Вавринка нема да биде лесен противник за Кеи, Ферер има тотално различна игра од Вавринка, солиден е швајцарецот овде, 50-50 меч според мене

Зашто да не се повтори? Врхунски тенис игра (y)
 
Зашто да не се повтори? Врхунски тенис игра (y)
една ластовица не прави пролет, и еден меч не е показател за нечива форма, против Ферер да, одигра на врвно ниво, ама губеше сетови овде од Додиг и Џонсон, Вавринка е во добра форма, само еден загубен сет овде и освоен турнир пред тоа во Ченаи без загубен сет, агресивен е доста Вавринка на втор сервис на противниците, јас мислам дека мечот повеќе ке зависи од Вавринка него од Кеи, ако Вавринка одигра на 80-90% од своите можности мислам дека ке добие, пак се на се според мене е 50-50 меч
 
тешко е многу да се предвиди мечот нишикори вавринка... на ус опен имаја маратонски меч ама ќе видиме.. нормално дека нишикори е тежок ривал против ноле скоро иста игра имаат сличен бекхенд(само нијанси го дели поради начинот на ударот на нишикори) ама сепак по мое мислење ноле е победник на турнирот, ќе проработи и ретернот на ноле на врвно ниво ќе видите...;);)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom