Australian Open 2015 I 19 Јануари - 1 Февруари I

  • Креатор на темата Креатор на темата Red John
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои АО 2015?


  • Вкупно гласачи
    27
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Не ја дигајте толку до небеса Шарапова. Колку пати знаела на меч/брејк/топка дупла да направи или некој километарски аут да мавни. Имала поголеми муда од Надал Ноле Федерер и Мареј заедно :facepalm::tapp::pos:
и ти ако знаеш што напиша сега, кога одиш по винер на меч топка, имаш две опции или ќе погодиш или ќе промашиш, или ќе бидеш јунак или губитник, тоа не е битно, битно е дека имаш муда да одиш по винер во таква ситуација, повеќето тенисери ќе гледаат да останат во поенот, да бараат грешка на противникот, или ако ептен им се укаже шанса да нападнат, за Шарапова може да дискутираме колку сакаш, таков шампион тешко дека ке има некогаш во женскиот тенис, 15-0 од 2005 наваму имаше Шарапова против Серена и пак одигра страшно, не се предаде до самиот крај, реков да не беше во вакво серверско издание Серена титулата ќе ја гледаше на слики на инстаграм кај Шарапова
 
Серена има неверојатна статистика против Шарапова. Очигледно знае како со неа. Баш ради тоа одлучив да се наспијам денеска, веќе цела недела станувам од 9 да гледам тенис, а и утре обавезно ќе мора да се стане. :D
 
и ти ако знаеш што напиша сега, кога одиш по винер на меч топка, имаш две опции или ќе погодиш или ќе промашиш, или ќе бидеш јунак или губитник, тоа не е битно, битно е дека имаш муда да одиш по винер во таква ситуација, повеќето тенисери ќе гледаат да останат во поенот, да бараат грешка на противникот, или ако ептен им се укаже шанса да нападнат, за Шарапова може да дискутираме колку сакаш, таков шампион тешко дека ке има некогаш во женскиот тенис, 15-0 од 2005 наваму имаше Шарапова против Серена и пак одигра страшно, не се предаде до самиот крај, реков да не беше во вакво серверско издание Серена титулата ќе ја гледаше на слики на инстаграм кај Шарапова
Знаеш да разликуваш аут 3 метра од аут 3 сантиметра?
 
Знаеш да разликуваш аут 3 метра од аут 3 сантиметра?
Втор пат ти кажувам, храброста се гледа во тоа на меч топка да одиш одма по винер, да не чекаш грешка на противникот или кратка топка за напад, едноставно да ги превземеш работите во свои раце, се да зависи од тебе, нема врска храброста со тоа дали ќе погодиш или ќе мавнеш 3 метри аут, ако си го гледал мечот знаеш за што зборувам, на 5-4 и меч топка за Серена, Шарапова погоди страшен винер, и самата Серена аплаудираше на потегот, ретки се тие што играат така во клучни моменти
 
Незнам на која основа Виландер вика дека Мареј е фаворит за финалево ... али ок, Виландер.
 
Втор пат ти кажувам, храброста се гледа во тоа на меч топка да одиш одма по винер, да не чекаш грешка на противникот или кратка топка за напад, едноставно да ги превземеш работите во свои раце, се да зависи од тебе, нема врска храброста со тоа дали ќе погодиш или ќе мавнеш 3 метри аут, ако си го гледал мечот знаеш за што зборувам, на 5-4 и меч топка за Серена, Шарапова погоди страшен винер, и самата Серена аплаудираше на потегот, ретки се тие што играат така во клучни моменти
Ma Sharapova i site zheni igraat na karta lupni so seta sila po topceto pa ako vlrze vleze ke bide winner ako ne vleze jebiga. Zatoa sharapova mnogu mnogu cesto ima 25+ neiznudeni vo 2 seta.
 
Можеби врз основа на очајната игра на Новак во полуфиналето?
Не е тоа аргумент. Надал рецимо на Роланд Гарос сите мечеви до финале очајно да игра ќе биди фаворит во финалето. Башка секој меч различно се анализира, играта на Стан очигледно не му одговара на Новак, и се прилагоди да биди дефанзивен, што не значи дека нема да му одговара утре и не значи дека ќе игра дефанзивно. Плус колку често сме виделе после очај меч тенисерите да покажат сјајна партија мотивирани од тоа што едвај победиле претходното коло.
 
Можеби врз основа на очајната игра на Новак во полуфиналето?
Недоволно, еден меч е тоа и ништо повеќе,апсолутно ова ништо не значи и у 100 наврати е тоа потврдено, а и нивните последни дуели на слемовите, зборам Ноле вс Вавринка се со идентичен скор каде Ноле не бил брилијантен и имал голема среќа, башка, има голема разлика од она што Вавринка го негува ко тенисер, и Мареј.
Последните дуели од друга страна Ноле вс Мареј, по смената на Лендл, се рутина за Новак ( и во Америка Ноле не брилјираше па го рашљака, пред да биде изметен од Нишко ), 4 меча изиграа, сите на тврда подлога, само 1 сет изгуби Новак, оној во Америка, значи не гледам апсолутно никаква основа ја како може овој да убедуе ( а наводно е експерт ) дека Мареј е фаворит пред финалево, не викам дека 100% губи, ама да има поголеми шанси против Ноле на АО тешко, ќе сватев коин флип ситуаицја да каже, 50-50, вака само си ја потврдува субјективноста и хејтот кон Новак што евидентно го има му ебам тоа згужваната фаца.
Башка што Мареј до финалево немаше апсолутно никаква сериозна пречка после елиминациите на Надал и Федерер, едноставно немаше кој да го победи, после летањето на овие двајца, за Ноле најтешки ривали беа Кеј и Вавринка, па по нив Мареј.
 
ОК, познато е дека Виландер не го сака Новак. Но од друга страна, можат да се најдат аргументи за неговото твредње. Слабата игра на Новак, одличната партија на Мареј против Бердрих, двата порази што Новак ги има од Мареј во финалиња на ГС, и слични нешта. За мене ова, пред мечот, е 60-40 ситуација за Новак, а најмногу заради самодовербата која ја има Џокович во Мелбурн.
 
Последно уредено:
честитки за Серена, ама да не сервираше толку добро на турниров а посебно денеска, титулата можеше само да ја сонува, само во тој сегмент беше перфектна, се друго чист просек за нејзини можности, за Шарапова што да се каже, не верувам дека некогаш ќе се роди тенисерка па и тенисер со таков победнички менталитет, Шарапова има муда поголеми од Џокович, Надал, Мареј и Федерер заедно, на меч топка на 5-4 да мавнеш таков форхенд на линија, па на втората меч топка во втор сервис на самата линија па страшен форхенд, и никогаш не падна во мечот Шарапова на ментален план, тоа е страшно нешто, имаше шанса мечот да отиде во трет сет ама како што реков Серена сервираше ненормално, мислам дека досега ја немам гледано во такво серверско издание откако пратам тенис активно, од 2005 негде, не само што погодуваше први сервиси и асеви, туку ги погодуваше кога и беше најпотребно, на 2-2 во вториот сет Шарапова имаше 0-30 на сервис на Серена, и Серена мава 3 аса и сервис винер во низа, на 3-3 пак 0-30 за русинката, Серена мава 2 аса и сервис винер, во секоја рамноправна размена Шарапова освојуваше едно 80% од поените, ама џабе е се против вакво сервирање од страна на Серена се не може, не верувам дека Серена може да повтори вакво серверско издание во некој меч понатаму

Серена го има сменето стилот на игра. Самата изјавува дека ради годините, сега гледа што повеќе внимание да обрнува на својот сервис и да ги добива поените со 3 удари. Во денови кога тоа нема да иде, ќе има Серена големи проблеми.


Иначе не знам зошто толку го слушате Виландер. Пред мечот со Вавринка самиот кажа дека Џоковиќ ќе биде фаворит против секој тенисер, на секој грен слем, па дури и против Надал на Ролан Гарос. Пред 2 недели кажа дека Мареј повеќе нема никад да освои грен слем, а сега кажува дека Мареј е благ фаворит против Џоковиќ.
 
Според мене мечот ќе зависи многу од сервисот на Мареј, ако сервира како против Бердих и игра агресивно на сервис на Џокович 60-40 шансите за него, ако не Џокович е поблизу до титула овде, се на се за оние што ќе се кладат на овој меч, подобра варијанта според мене е Мареј да освои сет во мечот на 1.40коеф отколку Џокович да тепа на 1.40
 
Па се менуваат работите, нема зашо да изненадува оваа изјава. Пред мечот, ми текнува пред финалето на Вимблдон, Ѓоковиќ го доби Дел Потро после 4 саата игра со многу осцилации, а Мареј рутински го доби Јанович во другото полуфинале. А во финале знаеме што се случуваше, а притисокот беше повеќе врз Мареј после 4-5 изгубени ГС финалиња.

Од друга страна од тоа финале 4 пати по ред Новак рутински го добива Мареј. Е го добиваше и Надал лесно 4 пати по ред после РГ 2013, а кога дојде и кога најмногу требаше изгуби.
Се може да биде тоа ми е муабетот, ама по играта досеа, Мареј 51-Ѓоковиќ 49.
 
Според играта во полуфиналињата Мареј е фаворит. Ноле играше премногу дефанзивно. Сеуште не ми е јасно како успеа со таква игра да го победи и тоа како добриот Вавринка. Сто посто тврдам дека со таква дефанзивна игра Ноле губи. Е сега дали ќе биде така дефанзивен ќе видиме утре. Реално 50 - 50
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom