честитки за Серена, ама да не сервираше толку добро на турниров а посебно денеска, титулата можеше само да ја сонува, само во тој сегмент беше перфектна, се друго чист просек за нејзини можности, за Шарапова што да се каже, не верувам дека некогаш ќе се роди тенисерка па и тенисер со таков победнички менталитет, Шарапова има муда поголеми од Џокович, Надал, Мареј и Федерер заедно, на меч топка на 5-4 да мавнеш таков форхенд на линија, па на втората меч топка во втор сервис на самата линија па страшен форхенд, и никогаш не падна во мечот Шарапова на ментален план, тоа е страшно нешто, имаше шанса мечот да отиде во трет сет ама како што реков Серена сервираше ненормално, мислам дека досега ја немам гледано во такво серверско издание откако пратам тенис активно, од 2005 негде, не само што погодуваше први сервиси и асеви, туку ги погодуваше кога и беше најпотребно, на 2-2 во вториот сет Шарапова имаше 0-30 на сервис на Серена, и Серена мава 3 аса и сервис винер во низа, на 3-3 пак 0-30 за русинката, Серена мава 2 аса и сервис винер, во секоја рамноправна размена Шарапова освојуваше едно 80% од поените, ама џабе е се против вакво сервирање од страна на Серена се не може, не верувам дека Серена може да повтори вакво серверско издание во некој меч понатаму