Ајде и јас да прокоментирам.
Прва и најбитна работа, до сите фанови на Надал, не се палете на титула, човекот мора да добие уште три меча за да го стори тоа. Противниците не се ни малку наивни, затоа да одиме меч по меч.
Е сеа околу денешниов епски меч. Јас вчера кога пишав дека Новак ја има научено лекцијата и дека ова ќе бидат лесни 3-0 за него очигледно бев во заблуда. Он не само што ја немаше научено лекцијата него уште полошо играше во однос на дуелите од минатата година. Волку во подредена улога го немам видено никогаш од 2011 година па навака. Буквално како глинен гулаб беше Ноле, само стоеше позади основната линија, а
Стан решеташе од двете крила. Ова ме потсеќа на дуелот Делпо-Надал во Шангај, буквално истата прича беше... Тогаш го критикував Надал дека е пичка, а истово сега можам да го кажам и за Ноле, се надевам нема да ми се налутат неговите фанови, бидејќи неговиот пристап кон мечот беше стварно пичкарски и крајно нерезонски за тенисер кој апсолутно доминира во Мелбурн во последните 5-6 години.
Вавринка, шта речи, до сеа немам видено некој во 5 сета така да млати по топчето, најсериозно ви кажувам. Океј, имало случаеви каде некој играч буквално во текот на три сета ќе испогоди се и сешто, ама во 5 сета да погодуваш со тој интензитет... Го пробуши Новаче на секој можен начин, и со серва и со бекенд и со форхенд и најбитното од се, КОНЕЧНО ПОКАЖА ДЕКА НЕ ЗА ЏАБЕ Е КВАЛИТЕТЕН ТЕНИСЕР И ДЕКА ИМА МУДА!!!! Муда за да го доврши она што го градел во текот на целиот меч. Многу ми е мило за Вавринка, овој човек може многу повеќе од тоа што го има направено до сега во кариерата, само штета Норман го превзема на постари години.
За Бекер, јас одма кога видов дека Бекер му е тренер искоментирав во општа дискусија дека ова е лоша одлука и сеа за сеа испаѓа дека сум бил во право. Е сеа, мислам дека е прерано да се суди за тоа дали Бекер е добра одлука за Ноле или не затоа што не може од еден турнир да се заклучи тоа. Ипак, денес не играше Бекер туку Ноле, а и лани му се деси сличен крах против Вавринка па подоцна го освои АО. Многу Новаковци велеа дека на Новак му се потребни промени во стручниот штаб, ете, човекот направи промени, оставете времето да покаже дали тоа било добра или лоша одлука. Јас ќе останам на мојот став дека тоа е лоша одлука па ќе видиме дали сум бил во право или не.
Сабајле се очекува нов спектакл од 09:00 часот, Федерер-Мареј, спектакл во кој се надевам а и сакам Федерер да победи. Пред нив играат Рафа и Гришо, едноставно фантастична тениска вечер.
