Australian Open 2013

Кој ќе го освои Australian Open годинава?

  • Novak Djokovic

    Гласови: 34 43,0%
  • Roger Federer

    Гласови: 25 31,6%
  • Andy Murray

    Гласови: 13 16,5%
  • David Ferrer

    Гласови: 1 1,3%
  • Tomas Berdych

    Гласови: 1 1,3%
  • Jo Wilfried Tsonga

    Гласови: 0 0,0%
  • Juan Martin Del Potro

    Гласови: 2 2,5%
  • Некој друг, ќе наведам кој во мислење.

    Гласови: 3 3,8%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Какви црни 5 сета лол!
Па и не е баш така наивен противник Ферер, кога против Бердих изигра 4 сета, а со него има многу добар скор во меѓусебни дуели, зошто да не изигра и против Ферер.
Што знам..

Иначе нормално како фан негов би сакал мечот да го заврши во 3 сета.
 
5 сета, па 4 сета, па следно 3 сета за победа на Новак. :) Добро темпирана форма.
 
5 сета, па 4 сета, па следно 3 сета за победа на Новак. :) Добро темпирана форма.

А финалето би го завршил во 2 сета, според логикава. :pos:

А зошто да не, после 6-1 7-5 ако ја предаде противникот, но мали се шансите за таква катастрофа во едно големо финале. :)
 
Па и не е баш така наивен противник Ферер, кога против Бердих изигра 4 сета, а со него има многу добар скор во меѓусебни дуели, зошто да не изигра и против Ферер.
Што знам..

Иначе нормално како фан негов би сакал мечот да го заврши во 3 сета.

Ти како негов фан сакаш така, а ние овде неутралниве ќе си го јајме стапот, место да гледаме интересни мечеви, се во 3 сета........ ех бе :D :pos:
 
Ферер - Новак, уф ќе биде доста добар меч. Можеби и во пет сета ќе оди.
Пишав и претходно, единствената шанса Новак да загуби пред финале беше мечот со Вавринка. Тогаш Станислас го играше мечот на кариерата а од друга страна Ноле беше летаргичен, најслабиот меч на овој турнир за него до сега. Јас му давам минорни шанси на Ферер да земе и еден сет, па вчера во четвртиот сет 4 пати го загуби сервисот Ферер а знаејќи каков ритерн има Ноле тогаш не му се пишува добро на Давид. Згора на тоа убедливо води Новак во меѓусебните дуели, редовен пациент му е Давид.
 
Ферер ќе остави душа на терен, барем тоа знам и задолжително зема еден сет. Останатото, не можам да кажам.
 
Ферер ќе остави душа на терен, барем тоа знам и задолжително зема еден сет. Останатото, не можам да кажам.

Можеби, но играта на Алмагро ми е дефинитивно подобра за гледање, повеќе го ценам отколку Ферер, не знам зошто. Алмагро отсекогаш ми бил еден од идолите, често има добра игра, но психички не е подготвен за поголеми успеси, за жал. :(
 
Јас пак спротивно од тебе. За мене Ферер е еден од најголемите фајтери кои некогаш играле тенис. Никогаш не сум го видела да се предаде и 5-0 да губи, скока по терен како тогаш да почнал мечот, а сум видела подобри тенисери од него, што го немаат тоа што го има тој.

Баш синоќа кажуваше коментаторот една статистика и излезе дека е на петто место на сите времиња по константноста во учествата на Грен Слемови. Ако добро го разбрав човекот, од денешниве тенисери, само Федерер бил пред него.
 
Kaжете што прајме со Мареј - Федерер..

Е тоа ќе биде интересно, ама ај прво нека се пласираат па ќе типуваме.

Кој виц е овој Иво Карловиќ. На Твитер пишал во стил, Федерер ги позајмил патиките од Мирка. Мизерија. Па уште Хрвативе го шибаат, викаат а како ти е тебе од дома вака кога го гледаш?:pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom