Добро сега, јесте да си исфрустриран од поразот ама немора да се пишува све и свашта... Ферер си победи, дали Надал бил повреден или не, у овој случај е најмалку важно и без иронии... ја гледав прес-конференцијата и Надал сам изјави "Знам дека после секој пораз испаѓа дека сум повреден, ама искрено така беше и денеска"... неможе после секој пораз тој да е повреден, како демек ако не сум повреден сум непобедлив!? Никој не е непобедлив, без разлика кој е и што е и во кој спорт учествува. Не викам дека денес не бил повреден,
но ако неможе нека се откаже, со сила убавина не бидува
Ајде сега ќе има повеќе време да обрати повеќе внимание на хигиената и убаво да си ги замие прстите на рацете
Така викавте и пред повредата, па се врати со три гренд слема по ред... Само трагично е што Федерер не може да стигне повеќе до финале... За Надал, не говорам... Како што Федерер ги победи, на почеток на кариерата двата тенисери бр.1 во светот, Пит и Енди, така и негосега го победуваат... Но, што би било, кога би било, нели ?
Еве една глупа споредба, со тоа кој и како направил и успеал - Нормално тука се сите трофеи и кај едниот и кај другиот, пред се Гред слем турнирите:
Роџер Федерер, 29 години: 6 Вимболдон турнири, 4 Австралија Опен, 5 УС Опен и 1 Роланд Гарос - 16 Гренд Слемови во кариерата;
Рафаел Надал, 24 години: 5 Роланд Гарос, 2 Вимболдон, 1 Австралија Опен и 1 УС Опен - 9 Гренд Слемови во кариерата.
Уште поглупа споредба на нивните трофеи, според возраста...
Рафаел Надал, до 24 години: 9 Гренд Слемови,
Роџер Федерер, до 24 години: 5 Гренд Слемови...
Затоа глупави се споредбите мегу овие двајца, и секоја расправија може да има победник... Несомнено е дека Рафа може да го стигне Роџер, на шега велејќи дека доволно е да игра само на Роланд Гарос, но знајеќи го него, тогаш веројатно нема да се задоволи „само со“ тие 16 Гренд Слема...
Знам дека кога играат тие двајца за мене е празник за очи, но дека сум исфрустриан заради неговиот пораз, се многу големи зборови и тешки зборови, особено што јас никогаш не сум ти рекол тебе така, па ќе го сфатам како навреда.. Секој има право на свое мислење и свој фаворит во спортот за кој навива, па тоа дека тој се „повредува“ толку често, јас не сум виновен... Јас, само мислам дека Рафа ќе го надмине Роџ, но за жал, дотогаш можеби и нема да постои форумот, но никогаш нема да го обвинам Роџ дека „глумел“ повреда...
Поздрав
--- надополнето ---
Tипува, а длабоко у себе знае дека Федерер е голем фаворит
Најголем.. Се подмочна малце ? :pos2:
--- надополнето ---
1 коло- Надал-Даниел...6-0;5-0 мечот го предал Даниел.
2 коло- Надал-
Свитинг(бог знае кој е овој) 3-0 во сетови..имал среќа што не го предал мечот овој аматерот.
3 коло- Надал-Томич 3-0, малце прикажал отпор Томич и се виде дека Надал не е во форма.
1/8 финале- Надал-Чилич 3-0, да беше малце попаметен Чилич и да не играше 5 сета пред овој меч, сигурно ќе му пружеше отпор на Надал, но имаше среќа Надал, не покажа некоја страшна игра.
1/4 финале- Надал-Ферер, 0-3, заморен од погорните меча...и неможеше да оди по терен.

...уште сметате дека ова беше вистинскиот Надал и дека овој Надал заслужува да игра финале или 1/2 финале покрај Мареј,
Федерер, Новак, па и
Ферер, Содерлинг, а во подобра форма од него е и Долгополов.
Малце размислете со главата, пред да напишете нешто на форумот и погледнете ја реалноста.
Не значи да си прв носител и дека ти е загарантирано местото во финале :smir:
Свитинг е најдобриот освојувач на Челинџ Турнири, само треба да пратиш поќе тенис, за да знајш кој е тој... Чисто, да ти кажам дека не е анонимец, како на пр. Даниел
И двата болдирани, се се, само не она што го наброја, но, кога не пратиш друг тенис, освен Гренд Слемови...

--- надополнето ---
Или накратко кажано бате: Федерер остаре
Имало и паметни ликови тука... Добро е